Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 824)

Author Archives: Звонко Ивановски

Познати сите противници на РК Вардар, на светското клупско првенство, “Супер Глоуб“ во Доха

vardarfans-rk-vardar

Од 25-28-ми август, Доха ќе биде домаќин на неофицијалното светско клупско пренство “Супер Глоуб„, на кое ќе настапи и актуелниот Европски шампион, екипата на РК Вардар. Светската ракометна федерација го објави конечниот список на сите учесници, кои ќе се борат за трофејот од ова натпреварување. Своето учесто го откажаа шампионот на Азија и Африка, а на нивно место ќе настапат, ... Read More »

Најдобриот играч на Малме, Маркус Розенберг би можел да настапи на реваншот во Струмица

vardarfans-rosenberg

Најдобриот играч и напаѓач на Малме, Маркус Розенберг би можел да се врати на теренот, за реванш натпреварот против Вардар, кој на 18-ти јули ќе се одигра во Струмица. Поранешниот репрезентативец на Шведска и играч на неколку екипи како Ајакс, Расин до Сантандер, Халмштад, Вердер и ВБА се повреди на први јули, на дуелот меѓу Малме и Ескилстуна и на стартот ... Read More »

Одбраната на Европската титула, РК Вардар ќе ја започне на гостински терен против Висла Плок

vardar-visla-21-03-2015-1323-660x330

Новата сезона во ракометната лига на шампиони за Европскиот шампион, екипата на РК Вардар ќе стартува на гостински терен во дуел со екипата на Висла Плок. Со овој противник ќе ја започнеме и завршиме најсилната група А. Веќе е одреден распоредот на одигрување натпревари за црвено-црните и патот по кој ќе чекорат избраниците на Раул Гонзалес, во првата фаза од ... Read More »

Кокшаров ќе продолжи да ја извршува функцијата на спортски директор во РК Вардар

vardarfans-koksarov

И покрај селекторското место во репрезентацијата на Русија, Едуард Кокшаров ќе продолжи да работи како спортски директор на ракометниот клуб Вардар. Од вчера, Едуард е назначен за нов селектор на машката репрезентација, откако откази доби Дмитри Торгованов, кој не успеа да ја однесе Русија на Европското првенство, кое следната година ќе се одигра во Хрватска. -Нема пречка за да продолжам ... Read More »

Гачевски: Ова е најдобриот резултат на Вардар во еден прв натпревар од ЛШ – Балотели: Жалам за пропуштените шанси во првиот дел, но дадов се од себе да се запишам во листата на стрелци

vardarfans-izjavi

Црвено-црните имаат активен резултат од првиот натпревар против Малме, во рамките на 2-квалификациско коло од лигата на шампионите. Овој резултат му дава голема надеж на нашиот фудбалски шампион, дека може на реваншот во Струмица да се излезе како победникот во двомечот против Малме. На првиот дуел, одличен на голот беше, Гачевски кој одбрани неколку тешки удари на противникот и не ... Read More »

Грнчаров: Ќе се обидеме да постигнеме гол и да поминеме понатаму

vardarfans-grncarov

Вардар има добар резултат од првиот натпревар одигран во Малме, кој заврши со нерешен резултат од 1:1. Црвено-црните во поголем дел од натреварот беа рамноправен противник на Малме. Покрај погодокот на Николов, имавме уште две убави можности да го загрозиме домашниот гол, но Балотели не успеа да ја затресе мрежата. Не чека реванш во Струмица, кој е закажан за 18-ти ... Read More »

На овој ден пред две години, Вардар одигра без голови против Апоел во ЛШ

vardarfans-vc1-660x330

На овој ден пред две години, нашиот фудбалски шампион гостуваше во Никозија, на екипата на Апоел во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Тој дуел заврши со нерешен резултат, односно без голови 0:0. Вардарци имаа одличен резултат на тој прв натпревар на гостински терен и имаа големи шанси да ја поминат првата пречка во најголемото натпреварување. Сепак ... Read More »

Вардарки, против Будуќност и Краснодар на второто издание на турнирот “Трофеј Вардар„

vardarfans-zrk-vardar

Во периодот од 23-26-ти август, женската екипа на Вардар ќе биде домаќин на турнирот “Трофеј Вардар„ кој ќе го има своето второ издание. На турнирот ќе настапат вкупно шест екипи, кои ќе бидат поделени во две групи од по три тима. Вардарки ќе бидат во група со екипите на Будуќност и Краснодар. Во другата група се наоѓаат ЦСМ Букурешт, Оденсе ... Read More »

Николов: Среќен сум што го постигнав мојот прв гол во лигата на шампионите

vardarfans-nikolov

Вардар успеа да остане непоразен на првиот натпревар во Шведска, против екипата на Малме и да одигра со нерешен резултат 1:1. Црвено-црните први дојдоа до водство, со погодокот на Бобан Николов во 63 минута, а 12 минути подоцна, Малме го израмни резултатот на 1:1, што на крај се покажа и како конечен на овој прв меч. Резултатот е поволен за ... Read More »

Спортскиот директор на РК Вардар, Едуард Кокшаров ќе биде нов селектор на машката Руска репрезентација

vardarfans-koksarov

Спортскиот директор на ракометниот клуб Вардар, Едуард Кокшаров ќе биде нов селектор на машката руска репрезентација. После неуспехот во квалификациите и необезбедениот пласман на ЕП во Хрватска, федерацијата на Русија реши да ја прекине соработката со Торгованов и довербата да му ја даде токму на Кокшаров. Инаку Кокшаров има долга играчка кариера, настапувајќи за екипите на Краснодар, Целје со која ... Read More »