После убедливата победа против Фленсбург, двајца наши играчи се најдоа во најдобриот тим, на реванш мечевите од четвртфиналето на ЛШ. Лука Циндриќ одигра одлично на двомечот против Фленсбург, а на вториот натпревар во Скопје постигна вкупно седум голови и беше најдобар стрелец, додека Шишкарев го пратеше со пет погодоци. Токму нив, ЕХФ ги смести во идеалниот тим, каде се уште ... Read More »
Author Archives: Звонко Ивановски
Четворица играчи од Вардар повикани во составот на репрезентацијата до 19 години, за контролните дуели против Бугарија
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 9 и 11-ти мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Бугарија. Овие мечеви ќе се одиграаат на тренинг центарот “Петар Милошевски“. За овие дуели, селекторот Вујадин Станојковиќ повика четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за Филип Антовски кој настапува за пионерите, како и Филип Стојчевски, Тодор Тодороски и ... Read More »
(ВИДЕО) Како Вардар го “растури“ Фленсбург
Нашиот ракометен шампион испиша историја за себе и воопшто за Македонскиот ракомет, успевајќи да се пласира на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во лигата на шампиони. Црвено-црните славеа и на реваншот во Јане Сандански, откако на првиот натпревар имаа предност од два гола. Сепак избраниците на Гонзалес беа решени да не калкулираат и на возвратниот меч тргнаа со желба ... Read More »
Баруфет: Иако е дебитант на Ф4 турнирот, Вардар е многу искусен и квалитетен тим
Познати се полуфиналните двојки на завршниот турнир во најголемото ракометно натпреварување. Барселона е противник за Вардар и последна пречка до големото финале на ЛШ, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Веспрем и ПСЖ. Голманската легенда на Барселона и Шпанскиот ракомет, Давид Баруфет кој работи како спортски директор на каталонците, ја искоментира денешната ждрепка и со каква екипа ќе се соочат ... Read More »
Ракометари од Вардар, кои се повикани за своите репрезентации за претстојните квалификациски мечеви, за пласман на ЕП 2018
Претстојниве пет дена се одредени за настап на ракометните репрезентции, во рамките на квалификациите за европското првенство кое во 2018 година ќе се одигра во Хрватска. Од екипата на Вардар, за своите селекции се повикани вкупно 12 ракометари. Деби на клупата на Македонија,ќе има Вардааровиот тренер Раул Гонзалес. Нашата селекција ја очекуваат натпревари против Исланд. Првиот се игра во четврток ... Read More »
Данил Шишкарев ќе биде нов капитен на Руската репреентација
Данил Шишкарев ќе биде нов капитен на Руската ракометна репрезентација. На собирот како подготовка за квалификацискиот натпревар против Шведска, селекторот на Русија, Димитриј Торгованов го назначи Шишкарев за нов капитен на оваа селекција, каде претхофно истата улога ја имаше уште еден играч на Вардар, се работи за Тимур Дибиров, кој сакал да одмори и по договор со тренерот не е ... Read More »
Во среда и четврток младинскитге фудбалски генерации на Вардар ги играат реванш натпреварите од полуфиналето на купот
Претстојниве три дена се играат реванш натпреварите од полуфиналето на Купот на Република Македонија кај младинските фудбалски категории. Вкупно пет вардарови фудбалски млади екипи ќе одиграат реванш натпревари во најмасовното натпреварување. Во четврток со почеток од 14 часот Вардаровата генерација “2003“ гостува во Куманово, на екипата на Милано. По првиот дуел одигран на академијата, избраниите на Томче Трајановски славеа со ... Read More »
Александар Царчев е назначен за тренер на голманите во репрезентацијата на Македонија
По назначувањето на Раул Гонзалес за селектор на машката ракометна репрезентација, шпанскиот стручњак го коплетира струшниот штаб кој ќе му помага во водење на репрезентацијата. За тренер на голманите е избран Александар Царчев, кој е поранешен голман на РК Вардар, а тоа продолжува како тренер најпрво во машкиот, а потоа и во женскиот колектив на црвено-црните, каде моментално работи како ... Read More »
Никола Кизиќ: Како одминува сезоната, се повеќе созреваме како екипа и играме подобро на секоја нареден натпревар
Екипата на РК Вардар Јуниор уште еднаш оваа сезона го победи Металург и следната сезона ќе остане да се натпреварува во најсилната супер лига. Тимот од Автокоманда имаше предност во најголем дел од мечот и контрола на резултатот, но во последните пет минути од првиот дел, црвено-црните го свртија резултатот и на одмор заминаа со предност. Сите дилеми околу победникот ... Read More »
Марио Илиевски: Мечот против Работнички, беше еден од најдобрите за мене и мојата екипа оваа сезона
Дербито во генерацијата на помлади пионери убедливо му припадна на Вардар кој го доби натпреварот со Работнички. Иако противникот е во борба за титулата, тоа не претставуваше проблем за нашите млади надежи, кои целосно го надиграа гостинскиот тим и на крајот сосема заслужено стигнаа до победата. Свој ден имаше напаѓачот Марио Илиевски кој постигна дури три гола, додека еден беше ... Read More »