Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 870)

Author Archives: Звонко Ивановски

(ФОТО) Црвено-црните го имаа последниот тренинг во “Фленс“ арената, каде утре ќе се игра мечот со Фленсбург

Вардарци вечерва во “ФЛЕНС“ Арената  го одржаа последниот тренинг пред утрешниот прв четврфинален меч против екипата на Фленсбург. Позитивна атмосфера владее кај нашите играчи, кои со нетрпение го очекуваат утрешниот дуел. Подготвени се за предизвикот кој им следува и свесни се за тежината на овие два натпревари со Фленсбург. Вардар за прв пат ќе се обиде да стигне до завршниот ... Read More »

Дали ЕХФ предвреме го однесе Фленсбург на Ф4 ? Дали мора да има германска екипа во Келн

Утре се игра првиот натпревар од четврфиналето на лигата на шампиони, каде Вардар ќе гостува на екипата на Фленсбуг. Влогот е голем за двете екипи, а значи пласман на завршниот турнир во Келн. Како се ближат часовите пред започнување на овој натпревар, така се вжештува и атмосферата за овој двомеч. Но она што сакаме да го кажеме преку нашиот текст ... Read More »

Втора победа за кадетите на РК Вардар, радост и за пионерите кои го совладаа Метковиќ

Втора победа за кадетите на РК Вардар на турнирот во Босна и Херцеговина. После воведниот триумф против Маглај, избраниците на Чивлачки и Грчевски со нова победа, овој пат во дуелот со екипата на Јерузалем. Прв триумф  на турнирот и за пионерите, кои беа подобри од екипата на Метковиќ. Натпреварот на кадетите со гол го отвори противникот, а во следниот напад ... Read More »

Кадетите започнаа со победа, додека пионерите минимално загубија од Маглај, на воведните мечеви на турнирот во БИХ

Кадетите на РК Вардар со победа го отворија турнирот “Ракометот во срцето“ кој се игра во Босна и Херцеговина. Тие за противник во првото коло од групната фаза ја имаа екипата на Маглај, која ја совладаа со резултат 26:21. Со истиов противник одиграа и пионерите во својата возрасна генерација, кои за жал го загубија воведниот меч. Натпреварот на кадетите со ... Read More »

Шкупи е следен противник за Вардаровите генерации “2002“ и “2003“ во регионалната-скопска лига

Во сабота своите натпревари од 15 првенствено коло во регионалната-скопска лига ќе ги одиграат генерациите на Вардар родени 2002 и 2003 година, а противник ќе ни биде екипата на Шкупи. Првично овие мечеви требаше да се одиграат во недела на стадионот на Шкупи, но поради натпреварот на првите тимови на Шкупи и Вардар, овие мечеви ќе се одиграат во сабота ... Read More »

Распоред на натпревари за младинските екипи на РК Вардар во рамките на лигата и купот

Неколку екипи на ракометниот клуб Вардар викендов ќе имаат настапи во рамките на првенството и купот. Екипата на РК Вардар 2 која се натпреварува во првата лига, во сабота ќе го одигра натпреварот од четвртфиналето на купот во својата група. Противник за избраниците на Зоран Петковски ќе биде екипата на Радовиш, која е организатор на турнирот во оваа група бидејќи ... Read More »

“Сестринското” четвртфинале во купот му припадна на подобриот и повозрасен Вардар

Сестринското четврфинале во купот на Македонија му припадна на подобриот и повозрасен Вардар. Денес во С.Ц. Јане Сандански двете екипи одиграа натпревар во купот на Македонија, по што тимот на Вардар се пласираше на завршниот турнир во ова натпреварување. Иако настапија без Радичевиќ, Пенезиќ, Лекиќ, Човиќ, Суслина и Лакрабер, избраничките на Дибирова немаа поголеми проблеми на овој натпревар. На полувремето ... Read More »

Среќен роденден Џонатан Боарето

Денес својот 28-ми роденден го прославува играчот на ФК Вардар, Џонатан Боарето. Ова е негова прва сезона во црвено-црниот дрес, откако дојде од екипата на Трабалхадоре. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа, успеси и повеќе голови во дресот на Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН БОАРЕТО ! Read More »

Вардарци заминаа во освојување на Фленсбург, првата битка ќе започне во сабота

Екипата на РК Вардар замина за Германија, каде во сабота го игра првиот четвртфинален меч во ЛШ против екипата на Фленсбург. Вардарци се можеби пред најголемиот предизвик оваа сезона, тоа се токму двата натпревари против силниот бундеслигаш. Претходните три сезони за “влакно“ ни бегаше завршниот турнир, кога со минимална разлика ги губевме двомечевите со противниците. Сега се надеваме на поинаква ... Read More »

Во недела, кадетско и младинско фудбалско дерби помеѓу Работнички и Вардар

Во недела своето 18 првенствено коло ќе го одиграат кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар. Тие ќе гостуваат на Работнички, а натпреварите ќе се одиграат во недела на теренот на Алумина. Овој викенд нема да има настапи за пионерските екипи, поради репрезентативни обврски. Можеби најважниот натпревар за Вардаровите кадети е дуелот со Работнички во недела, кој започнува од 10 ... Read More »