Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 871)

Author Archives: Звонко Ивановски

Според ЕХФ, Вардар моментално е трет најдобар состав во ЛШ

Пред одигрување на четвртфиналните натпревари, експертите на ЕХФ ја направија последната анализа и рангирање на екипите, пред одигрување на последните натпревари кои водат на завршниот турнир во Келн. Во оваа завршна анализа, екипата на Вардар напредуваше за една позиција погоре, односно претходно од четвртото место, сега црвено-црните се гледаат како трет најдобар состав во лигата на шампионите. Тоа значи дека ... Read More »

Утрово пионерите и кадетите заминаа за Босна, познати составите на двете екипи

Утрово пионерите и кадетите на РК Вардар заминаа за Босна и Херцеговина, каде од утре до недела ќе бидат дел од турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2017“.  Веќе се познати групите и термините на одигрување натпревари во групната фаза за двете екипи, како и составите кои ќе не претставуваат на овој турнир. Пионерите во петок ќе одиграат два натпревари, против ... Read More »

РК Вардар Јуниор немоќен во дуелот со Тинекс Пролет

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра натпревар од плеј аутот во супер лигата, помеѓу екипите на Вардар и Тинекс Пролет. Поуспешен беше противникот, кој славеше убедливо со резултат 20:29. Тинекс Пролет имаше добар старт на натпреварот, кога поведе со 1:5, по што Вардарци беа принудени цело прво полувреме да “бркаат“ негатива. Сепак не му дозволивме на противникот предвреме ... Read More »

На денешен ден пред две години, по голема борба Киелце го елиминираше Вардар во 1/4 на ЛШ

На денешен датум пред две години екипата на РК Вардар го играше реваш натпреварот од четврфиналето на лигата на шампиони, против екипата на Киелце. По голема борба во текот на сите 60 минути, тимот од Полска успеа да излезе како победник и да се пласира на завршниот турнир. На тој меч, Киелце славеше со резултат 33:31, откако влезе со предност ... Read More »

Вардар ја надигра Шкендија, но Тетовскиот тим ќе игра во финалето на купот

Денес на стадионот во Тетово се одигра реванш натпреварот од полуфиналето на купот, помеѓу екипите на  Шкендија и Вардар. Иако денес бевме далеку подобра екипа на теренот и победивме со 0:1, сепак противникот се пласираше во финалето на купот. Тренерот Седлоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Демири. Грнчаров, Новак Брдаровски, Глигоров, Велковски, Фелипе, Џигаури, Блжевски, Барсегјан. Вардарци имаа можност рано ... Read More »

Сите натпревари од новото коло во детската фудбалска лига ќе се одиграат во недела

4

Во недела ќе продолжат натпреварите во детската фудбалска лига, во рамките на деветтото пролетно коло. Поради одработување на училишни часови во сабота, сите натпревари ќе се одиграат во недела. На терените на ФФМ активни ќе бидат генерациите родени 2004, 2005 и 2006 година, додека на терените на ФК Работнички, натпреварите ќе ги одиграат генерациите родени 2007 и 2008 година. Во ... Read More »

Дејан Стоименов: Победата ни внесе радост и мотивација за другите натпревари кои ни претстојат

Убедлива победа за кадетите на фудбалскиот клуб Вардар, во рамките на 17 првенствено коло. Избраниците на Влатко Колев ја оправдаа фаворитската улога на дуелот со екипата на Гостивар и на домашен терен славеа со убедлив резултат од 7:0. Разликата во квалитет беше очигледна на страната на Вардарци кои константно притискаа на половината на противникот, што на крај резултираше со многу ... Read More »

Денес РК Вардар ќе одржи прес-конференција пред натпреварот во четврфиналето против Фленсбург

Во сабота екипата на РК Вардар го игра првиот четвртфинален натпревар во лигата на шампионите. Црвено-црните ќе гостуваат во Германија на екипата на Фленсбург. Ова ќе биде реприза на четвртфиналето од пред три сезони, кога истиве екипи го одлучуваат патникот на завршниот турнир. Тогаш среќата беше на страна на бундеслигашот, кој за само еден гол обезбеди учество на завршниот турнир ... Read More »

Убедлива победа за младинците на РК Вардар на гостувањето во Охрид

Младинците на РК Вардар со победа се враќаат од гостувањето во Охрид, каде ја совладаа екипата на Охрид 2013. Конечниот резултат на овој меч гласеше 30:42 Одлично започна мечот за нашиот состав кој по пет минути игра имаше водство од 0:4. Во следниот период домашниот тим успеа да ги консолидира своите редови и да намали на само два гола негатива ... Read More »

На пет кола до крајот, пионерските екипи без шанси за првото место, додека кадетите и младинците се во отворена битка за титулата

4

Одиграно е 17. коло во првенството на младинските фудбалски категории, каде Вардар за противник го имаше тимот на Гостивар. Беа забележани две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Пионерските екипи своите мечеви ги одиграа во четвртокот, на теренот на противникот. Помладите пионери го загбија дуелот со врсниците од Гостивар со резултат 3:1. По овој неуспех, оваа генерација ги загуби ... Read More »