Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 886)

Author Archives: Звонко Ивановски

Нова голеада на ФК Вардар генер. “2005“, денес убедливо совладани екипите на Металург и Сарај

Денесна терените на ФФМ продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. Натпревари со двете екипи одигра Вардаровата генерација “2005“ која забележа победи. Вардар (1) прв излезе на теренот и тоа на дуел со екипата на Металург. На овој меч доминиравме и освоивме нови бодови. Рано го отворивме резултатот, откако со удар од белата погодуваме за 1:0. Претходно во противничкиот простор еден ... Read More »

(Фотогалерија) Младинците на РК Вардар високо го победија Еурофарм Работник

7

Младинците на РК Вардар убедливо го добија дербито во рамките на групата 1 од младинската лига. Избраниците на Чивлачки и Грчевски беа подобри од екипата на Еурофарм Работник, која ја совладаа убедливо со резултат од 32:22. Одличен натпревар за нашите младинци, кои имаа водство во текот на целиот меч. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар: Read More »

Станковски: Се надевам дека ќе играме подобро на следниот меч – Мавсар: Среќна сум што победивме

vardarfans-izjavi

Овие два дена, екипата на ЖРК Вардар е дел од вториот турнир во регионалната лига, кој се игра во градот Копривница. Црвено-црните со триумф го отворија истиот и тоа во дуелот со домашната екипа на Подравка. Едно полувреме ни беше потребно да ги доведеме работите на место и да славиме убедливо, со резултат 30:19. Цели 30 минути, Подравка пружаше силен ... Read More »

Едно полувреме му беше потребно на ЖРК Вардар да го “скрши“ отпорот на Подравка, црвено-црните тргнаа со убедлив триумф на вториот турнир од регионалната лига

vardarfans-pobeda

Екипата на ЖРК Вардар со победа го отвори вториот турнир во регионалната лига, кој овој викенд се игра во Подравка. Токму оваа екипа беше наш противник на првиот натпревар. На Вардарки им беше потребно едно полувреме да го скршат отпорот на противникот и да забележат убедлива победа. По првите 30 минути се играше доста израмнето и ниту една од екипите ... Read More »

Трет пат сезонава совладан Текстилец, младиот состав на РК Вардар 2 продолжува со победи во првата ракометна лига

vardarfans-naslovna

Вечерва на Кале се одигра натпревар во првата ракометна лига, помеѓу екипите на Вардар 2 и Текстилец од Штип. Мечот заврши во корист на Вардарци, кои славеа со резултат 35:23. Ова беше и трет триумф против овој противник во оваа сезона. На два пати ги победуваме во рамките на лигата, додека еднаш славевме и во рамките на осминафиналната група. Натпреварот ... Read More »

Младинското ракометно дерби убедливо му припадна на Вардар, кој со двоцифрена разлика го победи Еурофарм Работник

vardarfans-naslovna

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра младинското ракометно дерби помеѓу екипите на РК Вардар и Еурофарм Работник. Далеку поуспешна беше екипата на Вардар, која славеше со двоцифрена разлика од 32:22. Првите два гола на натпреварот по еден на двете страни беа од ударите од седум метри, а за нас прецизен беше Ален Ќосевски. Следните два гола на натпреварот ... Read More »

Пионерите се вратија на победите во лигата, убедливо совладан Милано на домашен терен

vardarfans-naslovna-2

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се вратија на победите во лигата, откако денес во рамките на 14 првенствено коло беа подобри од екипата на Милано. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 3:0. Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Тимески, Ѓорѓиески, Димов, Калчиноски, Адем, Наумчески, Дарлишта, Битиќи, Реџепи, Каркалашев-Трајковски, Благојевиќ. Брзо го отворивме резултатот на овој меч и поведовме со 1:0 ... Read More »

Помладите пионери на ФК Вардар го победија Милано, Мартин Спировски донесе три бода

vardarfans-naslovna

Денес на теренот на академијата се одигра третото полетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Натпревар имаа помладите пионери кои за противник го имаа тимот на Милано. Нашите надежи славеа со резултат 1:0, со единствениот гол на Мартин Спировски. Тренерот Сашо Јаневс стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Ѓурковски, Бојковски, Мирчевски Манасиевски, Хасановиќ, Димоски, Спировски, Астарџиев, Николов, Илиевски.  Првиот обид ... Read More »

(Видео) Како е претставен РК Вардар пред одигрување на Ф4 во СЕХА-лигата

vardarfans-seha-liga

Во периодот од 7-9-ти април ќе се одигра завршниот турнир во СЕХА-лигата. Вардар го заврши регуларниот дел на првото место и во полуфиналето за противник го доби тимот на ППД Загреб. Во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на Веспрем и Брест Мешков. Градот Брест за прв пат оваа сезона ќе биде домаќин на еден Ф4 во ова натпреварување. Вардар ... Read More »

ЖРК Вардар го гради тимот за следната сезона

vardarfans-zrk-vardar

Нашиот женски ракометен шампион продолжува да го гради тимот за следната сезона. Клубот до овој момент ги продолжи договорите со седум ракометарки. Први кои ја продолжија верноста со екипата беа Лазовиќ, Хмирова и Кликовац. Низата ја продолжи Лекиќ која потпиша нов двегодишен договор, а нејзините стапки ги следеше и нашиот најдобар играч, Андреа Пенезиќ која е најдобар стрелец на Вардар. ... Read More »