Вардар се радува на втората победа во ПМФЛ. Попладнево на тешкото гостување во Тетово кај Ренова, Вардар победи со голот на Џемал Ибиши во вториот дел кој донесе големи три бода пред паузата која претстои во нашиот шампионат. Очекувано, првиот дел мина со тврда игра на двете страни, со по една до две шанси за гол. Во првиот дел одбраната ... Read More »
Прв тим
Вардар во Тетово по три бода
Вардар денеска патува во Тетово кај тимот на Ренова на дуел од рамките на 4.коло од ПМФЛ. Пред Вардарци стои традиционално тешко гостување, а дополнителен мотив за противникот е тоа што го отворија шампионатот одлично и имаат седум бодови по три одиграни натпревари. Вардар овој натпревар го дочекува во пријатна атмосфера, со две победи во низа, оние против Работнички и ... Read More »
Ренова – Вардар со пренос на МТВ
Попладнево на програмата е последниот натпревар од четврттото коло од ПМФЛ. Секогаш незгодниот тим на Ренова, пред своите гледачи ќе го пречека тимот на Вардар од Скопје. Ренова влезе одлично во новата сезона, па по три одиграни рунди има скор од две победи и еден нерешен резултат, наспроти Вардар, кој засега собра четири од можните девет бодови. Супер интересниот натпревар ... Read More »
Ецкоски судија утре во Тетово
Ецкоски Марјан од Охрид ќе биде главен судија на неделниот натпревар во Тетово на кој се среќаваат домаќинот Ренова и тимот на Вардар од Скопје. Помошници на Ецкоски ќе му бидат Маркоски Слаѓан и Таравари Ебрар од Гостивар, додека пак четврти судија ќе биде Петковски Мартин од Куманово. Поради епитетот дерби, ќе има и судии зад головите, а тоа ќе бидат Качевски Јован и Тефику Ндерим. Дуелот на ... Read More »
Вардар и Шкендија ќе се сретнат во 1/8-финалето од Купот
Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одржа ждрепката преку која се добија осминафиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија. Денес се извлекоа паровите во втората рунда. Уште во оваа рана фаза од најмасовното клупско фудбалско напревањување ќе се сретнеме со тимот на Шкендија. Момците на Васоски Александар ќе имаат голем предизвик. Во оваа фаза од натпреварувањето, се играат два ... Read More »
Ниту еден Вардарец на списокот на Ангеловски
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварите со Израел и Летонија. Интересно, по подолго време, ниту еден играч од редовите на Вардар не се најде на списокот на повикани фудбалери. ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ ЗА ДУЕЛИТЕ СО ИЗРАЕЛ И ЛЕТОНИЈА: ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски. ОДБРАНА: Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, ... Read More »
Вардар лесно ја мина Саса и обезбеди пласман во следната рунда од Купот на Македонија
ФК Вардар лесно ја мина првага пречка во Купот на Република Македонија. Денес на гостувањето кај Саса триумфиравме со 0-5 и обезбедивме 1/8-финале. На овој меч Александар Васоски, им даде шанса на многу млади фудбалери кои ја оправдаа довербата и запишаа сигурна победа со доминантна игра. Резултатот беше отворен рано, во 3. минута кога погоди Ибиши. Раното водство допринесе за ... Read More »
Васоски ќе им даде шанса на играчите со помала минутажа утре во Каменица
Вардар утре го игра 1/16 финалниот натпревар во рамките од Купот на Македонија, a противник е тимот на Каменица Саса кој се натпреварува во втората фудбалска по ранг лига во Македонија. Вардар е апсолутен фаворит на утрешниот натпревар во Каменица и се освен победа со повеќе голови разлика ќе биде поразителен резултат за нашиот тим. Пред утрешниот натпревар, еден од стоперите на Вардар, ... Read More »
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Го „скршивме мразот“, црвено-црните го победија Работнички за прв сезонски триумф
Фудбалскиот клуб Вардар стигна до првиот триумф сезонава, откако во градското дерби успеа да го победи тимот на Работнички. Отпорот на противникот беше скршен во второто полувреме, кога гостинската мрежа ја погодија Колевски во 56 и Аврамовски во 90 минута од мечот. Погледнете ја нашата фотогалерија од овој дерби дуел, 82 фотографии од Вардар Фанс. Read More »
КОНЕЧНО!!! Вардар триумфално се врати на Градски, победа со 2-0 над Работнички
Вардар денес го пречека ФК Работнички во Градското дерби, дуелот беше дел од 3.коло од сезоната 2019/2020. Повторно бевме домаќини на Градскиот Стадион по речиси една година, оваа средба го „скршивме малерот“ погодивме по 235.минути и конечно на голема радост на сите играчи и симпатизери на Вардар победивме со 2-0. Васоски мечот го започна со овие 11 момци: Гачевски, Новак, ... Read More »