Престојниов викенд на програмата е второто коло од ПМФЛ. По неочекуваниот неуспех на Вардар и поразот на домашен терен во првото коло од Македонија ЃП, играчите на Александар Васоски ќе мора да го поправаат впечатокот во Велес кај новиот прволигаш, тимот на Борец. Овој натпревар ќе биде одигран в недела на градскиот стадион во Велес, а Вардарци ќе ги дочекаат ... Read More »
Прв тим
Среќен роденден Грнчаров!
Поранешниот капитен на ФК Вардар и член на златната генерација која се пласираше во историската групна фаза од Лигата на Европа, Бобан Грнчаров, денеска прославува свој роденден. „Вардар Фанс” му го честита роденденот на Грне и му посакува мир, здравје и среќа во оваа за него нова година од животот. Среќен роденден Грне! Read More »
Лош Вардар за лош почеток на новата сезона
Вардар започна лошо и го претпре првиот пораз во новата сезона. Денеска црвено – црните беа без никаква идеја во нападите, додека пак во одбраната делуваа преспоро, кога гостинот ќе направеше контра или полу контра. Останува четата на Васоски да извлече поука од овој дуел, бидејќи денеска изгледаше катастрофално на теренот нашиот тим. Вардар: Гачевски, Новак, Серафимов, Жуниор, Тошевски, Мицевски, ... Read More »
„Вардар Фанс” го погоди составот, како што најавивме, Најдовски го нема!
Како и што најавивме, Вардар со истите сили ќе и се спротистави на Македонија ЃП попладнево на стадионот во Аеродром. Уште вчера обелоденивме дека Најдовски е повреден и нема да игра, а неговото место ќе го завземе Адем, додека пак Ибиши добива предност пред Колевски во шпицот на нападот. Составот на Вардар за денеска го пишуваме уште еднаш, овој пат официјално: ... Read More »
Вардар бара победа и поддршка против Ѓорче
Со натпреварот на Вардар и Македонија ЃП, се затвора првото коло од новиот шампионат на Македонија во фудбал. Уште во првото коло, денес, Вардар има можност да направи предност од три бодата над Шкендија, тим кој што продолжува со лошите игри и порази, овој пат во домашниот шампионат од тимот на Академија Пандев. Денес Вардарци одат на победа и старт ... Read More »
Вардар утре без Најдовски
Стратегот на Вардар, Александар Васоски се соочува со проблеми на средината на теренот пред утрешниот натпревар против Македонија ЃП. Поради повреда на утрешниот натпревар Васоски нема да може да смета на искусниот и стандарден играч за врска, Филип Најдовски. Се очекува местото на Најдовски да го завземе младиот Али Адем кој имаше супер подготовки во Словенија и еден постигнат погодок. Веројатен ... Read More »
ФК Вардар: Се надеваме дека ќе уживате во натпреварот и во првиот меч од новата сезона во Првата лига
Вардар ги известува сите медиуми, дека доколку испраќаат свои известувачи на овој натпревар, ќе мора да ги пријават истите на следниот мејл: press@fkvardar.mk најдоцна до недела (11.08.2019) до 11:00 часот. При влегувањето на стадионот, сите медиуми ќе бидат идентификувани, и нема да им биде дозволен влез на оние кои не се акредитирале, не ги пријавиле своите претставници (новинари и фоторепортери) за натпреварот. ... Read More »
Екипата на Саса ривал во првото коло од Купот, за ФК Вардар
Овогодинешната сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува утре, нашиот Вардар го игра првото коло во недела. Денес се извлекоа и паровите од првото коло на најмасовното фудбалско натпреварување во нашата држава, Купот на Република Македонија. Црвено-црните го дознаа својот ривал. Вардар ќе се соочи со тимот од Македонска Каменица, екипата која игра во втората лига, тоа е Саса. Првите натпревари ... Read More »
Вардар ќе игра на добар терен, тренинг центарот „Петар Милошевски“ во одлична состојба!
Овој викенд започнува новиот шампионат на Македонија во фудбал. Нашиот Вардар во првото коло е домаќин на скопскиот ривал Македонија ЃП. Овој дуел поради зафатеност на Градскиот стадион ќе биде одигран на главниот терен на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток од 17 и 30 часот. Теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ е во одлична состојба, а тоа сигурно му недостасуваше ... Read More »
„Лавовите“ со Блажевски, а без Тантуровски против Вардар
Македонија Ѓорче Петров го претстави своето најголемо засилување за ова лето. Се работи за поранешниот играч на Вардар, Дејан Блажевски кој во новата сезона ќе треба драстично да го засили нападот на тимот од Ѓорче. Популарниот Шиле се чини дека ќе биде подготвен за настап против Вардар во недела. Покрај него, стратегот на „лавовите“ нема да може да смета на одличниот офанзивец Дејан Тантуровски ... Read More »