Фудбалскиот клуб Вардар денес ќе го одигра вториот контролен натпревар, на подготовките во Словенија. Противник за црвено-црните ќе биде екипата на Горица од Хрватска. Натпреварот почнува во 17:30 часот на стадионот во Велика Горица (Хрватска). Првиот контролен меч на вардарци, против Дравиња, беше прекинат при наше водство од 1:0, поради обини врнежи од дожд. Read More »
Прв тим
Седлоски е нов спортски директор на ФК Вардар, од утре се приклучува на тимот во Словенија
Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски се враќа во клубот, како спортски директор, место кое беше испразнето по заминувањето на Дарко Панчев. Седлоски како тренер на Вардар успеа да освои две домашни титули со клубот и да го внесе тимот во последната елиминациска пречка, пред пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што и се случи, пред две години, ... Read More »
(ФОТО) По повод денешниот 72-ри роденден на ФК Вардар, ви го донесуваме оригиналниот документ за основање од 1947
Тој 22 јули 1947 во повоена Македонија се роди “Вечниот “ љубимецот на многу генерации Скопјани на Македонија ФК Вардар. Ви го донесуваме оргиналниот документ – Решението од тогашното Оделение за Внатрешни работи за основање на ФК Вардар. Решението како официјален документ е донесено неколку дена подоцна додека се минат стандардните процедури за тоа време поточно на 28/07/1947 во Скопје. Тој ден Вардар ... Read More »
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ФК ВАРДАР, НАШИОТ МИЛЕНИК ДЕНЕС СЛАВИ 72Г. ПОСТОЕЊЕ
На денешен ден (22.јули) далечната 1947 се роди нешто што е предодредено да трае вечно денес се роди ФК Вардар пред 72години. Вардар е љубов на генерации и генерации скопјани, македонци кои се поистоветуваа со светите црвено – црни бои. ФК Вардар е најтрофејниот македонски фудбалски клуб, почетоците на клубот во рамките на Спортското друштво “Вардар” се од 22 јули 1947 ... Read More »
Дождот ја прекина доминацијата на Вардар
Вардар вчера го играше првиот пријателски натпревар на подготовките во Словенија, но истиот не заврши. Мечот со Дравиња кој се играше во Словенске Коњице беше прекинат во 60. минута. Силниот пороен дожд не дозволи мечот да има крај. До тогаш Вардарци имаа водство од 1:0. Вардар ја имаше целосната доминација на овој дуел, очекувано. Во 3. минута Колевски не реализираше ... Read More »
Вардар утре против Дравиња од 18 часот
ФК Вардар утре ќе го одигра првиот тест натпревар на летните подготовки во Словенија. Противник на Вардарци ќе им биде тимот на Дравиња кој доаѓа од Словенске Коњице. Овој натпревар е предвидено да започне со почеток од 18.00 часот. Екипата на Дравиња доаѓа од Словенија и во овој момент настапува во третата по ранг лига во земјата. Овој тим е составен ... Read More »
Вардар со „млади сили“ ќе напаѓа во Словенија!
Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар е на подготовки во Словенија каде напорно работи за наредната сезона. Александар Васоски, тренерот на „црвено-црните“, на овие летни подготовки има комплетно млад напаѓачки тим, нешто што одамна му се нема случено на овој Вардар. Прва опција во шпицот на нападот се чини ќе биде Џемал Ибиши, играч кој постигна погодок против Работнички и дополнително се наметна ... Read More »
Грнчаров: Кај и да излезете ја брукате државата
По срамниот пораз на Шкендија и елиминацијата уште во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, со свој статус се обрати и Бобан Грнчаров, играч со кој Вардар го направи историскиот успех во македонскиот фудбал со играњето во групна фаза на едно големо натпреварување. Екс капитенот на ФК Вардар на својот Фејсбук профил напиша: Read More »
ФОТО: Вардар започна со тренинзи во Словенија
Вчера попладне вардарци го одржаа и првиот тренинг во Рогашка Слатина. На стартот стручниот штаб ги има на располагање сите фудбалери на тренинзите. Од утре (среда) екипата ќе тренира два пати на ден. Првиот пријателски натпревар ќе биде одигран во четврток, кога противник на екипата на Вардар ќе биде словенечкиот тим Дравиња Фотографии од вчерашниот тренинг на ФК Вардар: Read More »
Натпреварите од ПМФЛ со директни преноси на Арена Спорт и МТВ
Во новата натпреварувачка сезона, натпреварите од ПМФЛ ќе бидат пренесувани на каналите на Арена Спорт и МТВ. Вака е договорено на состанокот во Белград, меѓу претседателот на ФФМ и претставниците на Арена Спорт. По разговорите во седиштето на ТВ Арена Спорт, раководството на регионалниот спортски канал, ТВ Арена Спорт, достави понуда до Фудбалската федерација на Македонија за телевизиските права за ... Read More »