Friday ,09 May 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 154)

Прв тим

Гачевски му одговори на Фелипе

Хуан Фелипе бргу заборави каде ја градеше својата кариера и каде ги постигна најголемите успеси, односно играњето во групите на Лигата на Европа. Откако и официјално бразилецот потпиша за Шкендија, рече дека неговиот нов тим е најдобар во Македонија и дека имаат фантастични навивачи, нешто што не го говореше додека беше дел од нашиот тим. По ова, капитенот на Вардар, ... Read More »

Среќен роденден Јован Попзлатанов

fkv-popzlatanov-vardarfans

Денеска својот 23-ти роденден го прославува играчот на ФК Вардар, Јован Попзлатанов кој во редовите на Вардар дојде од екипата на Пелистер. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар на офанзивниот играч. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЈОВАН! Read More »

Синани: Не знам што мисли Вардар во овој момент, како ќе игра без Манев во одбраната

39569973_1834647316630274_559478258341511168_n

ФК Вардар дефинитивно во новата сезона ќе влезе драстично ослабен. Еден од најдобрите дефанзивци во нашата лига, Коста Манев, иако беше пред потпис на нов договор со Вардар, сепак, играчот од одбраната во новата сезона нема да ги брани боите на „црвено – црните”. По шок информацијата дека Манев нема да биде дел од Вардар во иднина, „Вардар Фанс” побара одговор ... Read More »

Васоски: Идната сезона ќе имаме млада екипа, со неколку искусни поединци и се надевам дека тоа ќе ни донесе добри резултати

vasoski

Шефот на стручниот штаб Александар Васоски е задоволен како течат подготовките на неговата екипа. Како што изјави Васоски, тимот во овој момент има 30-тина играчи, а наскоро ќе биде познато и кои ќе патуваат во Словенија каде Вардар ќе одигра неколку контролни дуели како подготовка за новата сезона која започнува во август. „Петти ден како се подготвуваме, и можам да истакнам задоволство ... Read More »

Фелипе и кажа да на Шкендија

vardarfans-izjava-felipe

Хуан Фелипе кариерата ќе ја продолжи во редовите на лутиот ривал на Вардар, во тетовска Шкендија. Вчера околу 14-15 часот, Фелипе и кажал да на Шкендија, со што и официјално ги затвори сите дилеми каде ќе настапува бразилецот следната сезона и дали ќе ја прифати понудата од Тетово. Секако дека оваа информација нема да им се допадне на навивачите на ... Read More »

Жуниор се враќа во Скопје!

19782-zhunior-reis-rodrigez-oficijalno-nov-igrach-na-vardar

Бразилскиот интернационалец во дресот на Вардар, Реис Родригес Жуниор, се враќа во Скопје од родниот Бразил. Жуниор иако имаше најави да потпише за Партизан, сепак, по се изгледа ќе остане во нашиот тим и во новата сезона. Жуниор се очекува прво да разговара со управата на Вардар, а потоа и да се врати на тренинг со соиграчите пред заминувањето за ... Read More »

Манев не го остава Вардар, потпишува нов договор!!!

18479-kosta-manev-nov-igrach-na-vardar

Еден од најдобрите дефанзивци во првата македонска фудбалска лига, Коста Манев, по одличната сезона во дресот на Вардар иако имаше неколку квалитетни понуди од странство, посебно од тимот на Вележ кој беше многу загреан да го донесе во својте редови, сепак се одлучи да остане во Скопје и во редовите на Вардар. Стоперот во овие моменти е во родниот град Радовиш, ... Read More »

Играчи од младинската школа на клубот, на собир со првиот тим на ФК Вардар

fkv

Фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден започна со подготовки за новата натпреварувачка сезона. На првиот собир, шефот на стручниот штаб сметаше и на играчи од младинската школа на Вардар. Со оглед дека клубот има забрана за трансфери во наредните две години, како и поради заминувањето на неколку интернационалци, факт е дека празнината мора да биде потполнета со играчи ... Read More »

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ФК Вардар означи старт на подготовките за новата сезона, Васоски ги собра вардарци

Фудбалскиот клуб Вардар попладнево на спортскиот комплекс во населбата „Хиподром“ означи старт на подготовките за новата сезона. Шефот на стручниот штаб, Александар Васоски заедно со неговите помошници, Златко Таневски и Раденко Бојовиќ ја имаа првата прозивка, на која беа присутни голем дел од играчите, кои настапуваа во црвено-црниот дрес во сезоната која измина. На собирот ги немаше Вилијам Лира, Кларенс ... Read More »

Новата сезона во ПМФЛ ќе стартува на 11.август

vardarfans-pmfl

Новата сезона во првата македонската фудбалска лига ќе стартува на 11. август, додека првата рунда од националниот куп ќе се одигра десет дена подоцна. Вака беше одлучено, на седница, на управниот одбор на ФФМ. Есенскиот дел од сезоната би требало да финишира во средината на месец декември, додека зимската пауза ќе трае се до крајот на месец февруари 2020 година. ... Read More »