Се е подготвено во Битола за стартот на натпреварот на домаќинот ФК Пелистер и нашиот Вардар. Ова е натпревар од 1/4-финалето од Купот на Република Македонија, победникот во истиот обезбедува полуфинале во најмасовното натпреварување. Сите љубители на фудбалот и на ,,црвено – црните” бои, директно од Битола дуелот можат да го проследат ТУКА. Read More »
Прв тим
Среќен роденден Давид Велковски
Среќен роденден на Давид Велковски, му посакува редакцијата на Вардар фанс. Играчот на ФК Вардар денес го прославува својот 21.роденден, на денот кога црвено-црните играат во Битола кај прволигашот Пелистер дуел за пласман во 1/2-финалето, најубав подарок за нашиот играч би било пласман во топ-4 тимовите од најмасовното натпреварување. Среќен роденден Давид!!! Read More »
Среќен роденден Кристијан Костовски
Денес свој роденден прославува играчот на фудбалскиот црвено-црни тим, Кристијан Костовски. Редакцијата на Вардар фанс му посакува среќен родеден и пласман во 1/2-финалето од Купот како награда од соиграчите за неговиот родеден на денешниот дуел во Битола. Среќен роденден Кристијан Read More »
Вардар заминува за Битола ден порано
Фудбалерите на Вардар утре во Битола го играат дуелот од 1/4 финалето на Купот на Македонија. Со цел што подобро да се подготват на условите за игра и се останато, целиот стручен штаб на Вардар и фудбалерите попладнево ќе тргнат на пат за Битола, каде утре од 13 часот ќе го одиграат натпреварот. Вардар е во серија од три победи ... Read More »
Канатларовски со повик до Николов
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски заедно со стручниот штаб во младата селекција испратија покана до 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003 кои ќе бидат во комбинација за настап на два контролни натпревари против Косово на 16. и 18. декември во Скопје. На списокот има еден играч од редовите на ФК Вардар. Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван ... Read More »
Василевски Александар ќе му дели правда на Вардар
Утре се игра последното есенско коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Кадино и се надева на третата победа во низа. За утрешниот дуел во Скопје делегиран е младиот и талентиран судија од главниот град, Василевски Александар. Ќе му помагаат Ѓошевски Влатко и Абдули Бесар, исто така од Скопје. Утрешниот дуел започнува со почеток од ... Read More »
Блажевски ќе го ,,прескокне” дуелот со Кадино
Капитенот на ФК Вардар, Дејан Блажевски нема да може да му помогне на својот тим на саботниот натпревар на домашен терен против екипата на Кадино. Причината поради која Блажевски нема да игра во сабота е тоа дека на натпреварот во Боговиње доби петти жолт картон оваа сезона, што значи дека ќе мора да паузира еден натпревар. Можеби оваа пауза за ... Read More »
Среќен роденден Александар Бајевски
Денес роденден прославува Александар Бајевски, спортскиот директор на ФК Вардар. Популарниот Бајо е вардарово дете и поранешен капитен на тимот. ,,Вардар Фанс” му го честита роденденот на Бајо и му посакува многу здравје, среќа, но и успешни работни денови минати како спортски директор на нашиот Вардар. Среќен роденден Бајо! Read More »
Вардар се враќа од Боговиње со многу важни три бода
Вардар се враќа од Боговиње со многу важни три бода, откако попладнево го совлада тимот на Беса 1976 со резултат 0:1. Голот вреден три бода го постигна Петковски по одлична асистенција на Блажевски. Што да се напише за првото полувреме денес во Боговиње. Единствен начин да се дојдеше до шанса беше прекин и уфрлање внатре во шеснаесетникот. Вардарци имаа две шанси токму од прекин, ... Read More »
(ЛИНК) Беса – Вардар
Се е подготвено во Боговиње за стартот на натпреварот на домаќинот Беса 1976 и нашиот Вардар. Сите љубители на фудбалот и на ,,црвено – црните” бои, директно од Боговиње дуелот можат да го проследат ТУКА. Read More »