Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 7)

У-16

Добро коло за ФК Вардар во Супер лигата, три победи и еден пораз во соочувањето со Шкупи

307951618_10221988236157181_6650927919454752982_n

Три победи и еден пораз за ФК Вардар на натпреварите од 18.коло во Супер Лигата. Единствено бевме поразени само со помладите пионери, додека на останатите натпревари успеавме да стигме до триумф. Во ова коло не се одиграа сите натпревари, односно некои беа одложени. Погледнете ги резултатите од одиграните натпревари во ова коло: Помлада пионерска Супер лига Македонија Ѓ.П – Охрид  ... Read More »

Танчев со два гола донесе победа за пионерите

FB_IMG_1682865670639

Пионерските екипи на Вардар гостуваа кај Шкупи, на овие дуели имавме половичен ефект. Помладите пионери на ова гостување беа совладани со минимални 1-0. Првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0. Ние бевме во игра за бод се до 80.минита кога противникот ги постави конечноте 1-0. Вардар: Ѓорѓиески Јован, Ивановски Алексеј, Смиљков Филип, Крстевски Марко, Стојанчевски Ненад, Каруловски Кристијан, Крстевски Антонијо, ... Read More »

Вардар против Шкупи, во рамките на 18.коло во Супер лигата

1682670511544

Во недела (30.04) ќе се одиграат сите четири натпревари на Вардар и Шкупи, во рамките на 18.коло во младинската Супер Лига. Кадетите и младинците се домаќини на Шкупи, на игралиштето „Јован Мандаровски“ во Пржино, во термините од 12:00 и 14:00 часот. Со пионерските екипи гостуваме на овој противник, на теренот во Бутел со почеток од 10:00 и 12:00 часот. Read More »

Лошо коло за младите екипи на ФК Вардар во 17.коло на Супер Лигата, преглед на резултатите во сите четири лиги

0a

Вардар доживеа четири порази од екипата на Македонија Ѓ.П, на натпреварите од 17.коло во младинската фудбалска Супер лига. Во продолжение можете да ги погледнете комплетните резултати од одиграното 17.коло во сите четири млади лиги: Помлада пионерска Супер лига Охрид – Брегалница  3:2 Кул – Победа  2:0 Милано – Пелистер  1:1 Шкендија – Академија Пандев  5:1 Работнички – Шкупи  1:0 Вардар ... Read More »

Високи порази за пионерските екипи на ФК Вардар против Македонија Ѓ.П

342204238_554796453310588_2393204285940953234_n

Пионерските екипи доживеаа високи порази, на денешните натпревари од 17.првенствено коло. Двата натпревари против Македонија Ѓ.П ги загубивме со идентичен резултат од 0:4. Помладите пионери го загубија натпреварот, а со тоа и шансите да се вмешаат за освојување на шампионската титула. Екипата на Македонија Ѓ.П на полувреме имаше предност од 1:0, за во вториот дел да постигне уште три нови ... Read More »

Пораз и на вториот контролен натпревар од Азербејџан, Спасовски и Атанасовски беа стартери за Македонија У16, играше и Шаботиќ

330264947_247173291050199_3188416101507537442_n

Победа и на вториот контролен натпревар за Азербејџан, кој со резултат 2:1 беше подобар од Македонија У16. Избраниците на Дашмир Беари имаа предност од 1:0, но противникот со два гола во последните четири минути од натпреварот успеа да направи резултатски пресврт и на крајот да слави минимален триумф. Во старните 11 беа Милош Спасовски и Лука Атанасовски, додека во вториот ... Read More »

Продолжува младинската Супер лига, со натпревари против екипата на Македонија Ѓ.П

341835482_179314528368879_2421809968799023604_n

После еднонеделната пауза поради велигденските празници, продолжуваат натпреварите од 17.коло во Супер Лигата. Сите натпревари со екипата на Македонија Ѓ.П ќе ги одиграме на теренот на противникот. Во сабота (22.04) со кадетите и младинците сме гости на Македонија Ѓ.П, натпревари кои се закажани во термините од 14:00 и 16:00 часот на стадионот во Ѓорче Петров. Во недел (23.04) ќе бидеме ... Read More »

Атанасовски и Шаботиќ одиграа 90.минути во минималниот пораз на Македонија У16 од Азербејџан

336914610_743826610788783_1996547215569328615_n

Македонија У16 со минимален пораз (0:1) на првиот контролен натпревар против соодветната репрезентација на Азербејџан кој се одигра во Скопје. Нашите играчи, Лука Атанасовски и Емир Шаботиќ одиграа 90.минути на овој прв натпревар, додека шанса за настап на вториот пријателски натпревар на двете репрезентации, ќе очекуваат Златко Радески и Милош Спасовски. Вториот натпревар ќе се одигра утре со почеток од ... Read More »