Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови (page 280)

Останати спортови

Кошарка! Вардар прогласен за најдобра машка екипа во младинска конкуренција, тренерот Кочов исто така со награда во изборот за најдобрите за 2016

Македонската кошаркарска федерација ја продолжи традицијата на доделување на признанија на најдобрите поединци и екипи во македонската кошарка. Годинава манифестацијата „Избор на најдобрите во македонската кошарка за 2016“ се одржа во „Сквер 21“ во присуство на многу спортисти, спортски работници,легенди, медиуми и гости на куќата на кошарката. МКФ додели награди во 14 категории, за изборот на најдобрите во македонската кошарка ... Read More »

АТЛЕТИКА! ПРИЗНАНИЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВЧЕРА ДОБИЈА ЛЕГЕНДАРНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА АК ВАРДАР- МИЛОШ БУЦЕВСКИ И СИМЕОН ЃЕОРЃИЕВ

                Во присуство на претставниците од Агенцијата за спорт и млади, Македонскиот олимписки комитет, Градот Скопје и Атлетската федерација на Македонија, вчера на 17 јануари 2017 година, во ресторан “Маракана”, беа прогласени најуспешните атлетичари и атлетичарки во сите категории, како и најуспешните тренери во изминатата 2016 година.                 Со одлука на Извршниот одбор на ... Read More »

БОРЕЊЕ! Нашите ВАРДАРЦИ најдобри во Бундес лигата, ама недоволно квалитетни за “македонските експерти„?

Екипата на Вајнгартен (SVG Weingarten) е првопласирана екипа во германската боречка Бундес лига, натпреварување со голем квалитет во овој спорт. Во овој тим има двајца борачи на вардаровиот клуб кој поради немањето на домашно сериозно натпреварување добија шанса и ја искористија во овој клуб само да го потврдат она што се знаеше дека квалитетот е на нивна страна. Нашите момци, ... Read More »

(Фото) Одбојкарите на Вардар продолжуваат со работа

Одбојкарите на Вардар ги продолжуваат напорните тренинзи во сала. Одбојкарите на Вардар пред неколку денови започнаа со тренинзи. Од ден во ден интензитетот на тренинзите на одбојкарите е се поголем. Младите одбојкари на Вардар, на овие фотографии вежбаат под будното око на фитнес инструкторот Игор. Во продолжение неколку фотографии од тренинзите. Read More »

КУГЛАЊЕ! Уште една недела до дербито со Макпетрол, вардарци работат под “полна пареа“

620-660x330

Една недела до дербито со Макпетрол, вардарци работат напорно и постојано во овој зимски период подготвувајќи се за стартот на лигата. Тренинзите минуваат добро, тимот и атмосферата се на највисоко можно ниво. На ростерот приклучени се и четири “новајлии“. Сениорите Влаќевски Ламбе и Ѓорѓ Поп Крстев, интересно е што на тимот му пристапуваат двајца млади нови кугларски надежи кои ќе бидат иднината ... Read More »

Ново продолжение (4)! Историјата на АК “Вардар” во 70-сетите, пишува: проф. Мирослав Бошковиќ

Сотир Гавриловски (лево) и авторот на статијата, 1970 година

Ви носиме дел од големата историја на С.Д. Вардар, поточно со неговиот атлетски клуб. На почетокот голема благодарност до авторот кој е  долгогодишен атлетски работник и член на АК Вардар. Станува збор за проф. Мирослав Бошковиќ, кој својте пензионерски денови ги подреди на тоа да создава “мемоари“ за Вардар кој ќе беше жално ако не се запишани и објавени. Очекувајте  продолжение со наредните ... Read More »

Историја: Во 1948 година бил формиран и боксерски клуб

Боксерскиот клуб на Вардар бил формиран во 1948 година. Веќе во првата година на своето постоење преку тогашните боксери: Леов, Николовски, Нешов, Неделковски, Стојановски, се видело дека квалитетот е присутен, па во натпреварите на Републичката лига било освоено II место. Едно време екипата се натпреварувала и во II сојузна лига. Најголемите успеси од клубот се врзани со: Панче Левов, Круме ... Read More »

И одбојкарите започнаа со тренинзи (Фото)

odbojka-mladi-vardarfans

Младите одбојкари на Вардар вчера означија старт на подготовките во новата година. Иако температурите се многу ниски, како што велат и на Фејсбук страната на ОК Вардар тие се спремни за нови тренинзи и успеси и во новата година. Вчера дел од одбојкарите на Вардар тренираа во затворен простор, односно во вежбалница. Во продолжение две фотографии од тренингот. Read More »

КУГЛАЊЕ! Четири нови имиња во Вардар, од нив двајца млади играчи кој ќе играат во јуниорска конкуренција

kuglacccccccccc

Кугларска Федерација на Македонија информира дека за македонските кугларски колективи зимскиот (мини) преоден рок ќе биде времетраење од една недела. Поточно  во периодот од 09.01.2017г до 16.01.2017г. Вардар веќе најавува четири нови имиња во својот состав за овој преоден рок. . Сите четири имаат пристапено во кугларскиот тим Вардар, се очекува неделава да се формализира и официјализира нивната регистрација според ... Read More »

КОШАРКА! Вардарки ги “запалија моторите“, стартувани зимските подготовки

kosarka-vardarfans-660x330

Во понеделникот покрај двата ракометни црвено-црни клуба, фудбалскиот и кугларскиот за кои ве известивме и женскиот кошаркарски тим “Вардар“ ги започна зимските подготовки. Тие во понеделникот на 9-ти јануари го имаа првиот собир во 2017 година со кој официјално тргнаа во подготовките за пролетните возбудувања во женската македонска конкуренција. Тимот својот прв тренинг го одржа во нивниот дом, малата сала ... Read More »