Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 363)

РК Вардар

СТРИМ за мечевите на Вардар кој гостува кај Пролет и на Вардар Јуниор кој игра со Радовиш

vardarfans-strim

Вечерва со почеток од 19:30 часот во спортската сала „Македонско сонце“ натпревар во рамките на плеј-офот во Супер лигата ќе одиграат екипите на Пролет и Вардар. Ова ќе биде втор меѓусебен дуел на Пролет и Вардар во овој дел од разигрувањето, на првиот кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански славеа вардарци со резултат 33:26.. Ова ќе биде четврти натпревар ... Read More »

ЖРК Вардар денес игра 1/2-финале Куп, РК гостува кај Пролет 62

59674506_2117209235065335_7657571220094713856_n

Денес двете сениорски екипи, машката и женската на ракометниот клуб Вардар играат дуели. Момците на Парондо ќе одигаат натпревар од плеј-офот во кој гостуваат кај скопскиот ривал, екипата на РК Пролет 62. Натпреварот се игра денес со почеток во 19-30 часот. Веќе утре и задутре црвено-црните ќе бидат дел од завршницата на Купот на Република Македонија која се игра во ... Read More »

Гарсија Парондо е нов селектор на Египет

vardarfans-parondo

Пред почетокот на завршниот турнир во Келн, шпанскиот стручњак на клупата на Вардар, Гарсија Парондо си пронајде нова функција и тој во иднина ќе биде селектор на Египет. Парондо направи голем успех со Вардар во неговата дебитантска сезона како тренер, успевајќи со црвено-црните да се пласира на Ф4 турнирот во Келн. Интересно, поранешен селектор на оваа селекција беше и Давид ... Read More »

Кадетите на Вардар домаќини на РК Пролет, кадетките гостуваат во Кичево

00000

За доигрување кола во регуларниот дел остануваат само кадетските лиги во машка и женска ракометна конкуренција. Момците и девојките од ракометниот клуб “Вардар“ ги очекуваат нови предизвици во своите кадетски групи. Кадетите на Будимир и Станковски се домаќини на РК Пролет, кадетките на Платон и Папуџиева гостуваат во Кичево. Ова се ривалите и термините: Кадети: Вардар-РК Пролет 12/05/2019 (17-00ч) сала: Ј.Сандански-Скопје ... Read More »

Гласајте за Иван Чупиќ, во изборот за влез во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ, како најдобро десно крило

vardarfans-cupic

ЕХФ ги објави играчите кои ќе конкурираат за најдобри на своите позиции, односно кои ќе се најдат во идеалниот тим на Лигата на Шампионите, кој ќе биде објавен пред почетокот на завршниот турнир во Келн. За најдобар на позицијата десно крило, се најде и играч од редовите на Вардар, се работи за Иван Чупиќ. Хрватот игра одлична сезона во црвено-црниот ... Read More »

(ВИДЕО) 7 минути…копање со Столе Стоилов

60080913_296065217985694_5145252988180234240_n

Конкуренција.мк Ви го претставува новото шоу во кое садат дрво под мотото “Еден за сите, сите за дрво“. Прв гостин е капитенот на РК Вардар, Столе Стоилов кој го предизвика својот колега од тимот, Игор Карачиќ. Погледнете го ова интересно видео со нашиот капитен: Read More »

Вардар Јуниор гостува кај РК Радовиш во “битката“ за 3.место на табелата во плеј-аутот

vardarfans-dimov1-660x330

Вардар Јуниор игра одлично во плеј-аут сегментот па така успеа да се искачи на 3-та позиција зад најдоброрангираните пред почетокот на овој дел од натпреварувањето Охрид и Струга. Ние го минавме и тимот на РК Радовиш кај кој гостуваме во ова коло. Дуелот од 7.коло во плеј-аутот се игра утре, четврток 9.мај со почеток во 18:30 часот во СРЦ 25 Мај. ... Read More »

(ВИДЕО) Најинтересните моменти од мечот, Пик Сегед-Вардар

vardarfans-video

Пик Сегед победи на реванш мечот пред својата публика (29:25), но Вардар е тимот кој се пласира на завршниот турнир во Келн. Противникот уште по првото полувреме ја достигнаа онаа предност на Вардар од првиот меч, кога на полувреме имаше водство од 17:9, но црвено-црните се вратија во вториот дел и на крајот излегоа како победник во овој двомеч. Погледнете ... Read More »

Милосављев: Ништо не е невозможно!

vardarfans-milosavljev

Дејан Милосављев за прв пат во својата ракометна кариера ќе се најде на еден завршен турнир. Големиот адут помеѓу стативите на „црвено – црните” уште еднаш потврди дека е полн со самодоверба во себе и повторно истакна мотивирачка порака до сите ракометари и јавноста. Популарниот „Банда“ на својот Инстаграм профил објави фотографија на која пишува: „Ништо не е невозможно”. Read More »

Вардар против Барселона на 1.јуни со почеток од 18:00 часот

vardarfans-termin

Од ЕХФ ги објавија термините на одигрување на полуфиналните натпревари на завршниот турнир во Келн. Вардар и Барселона ќе играат во второто полуфинале, на 1.јуни со почеток од 18:00 часот, додека во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Веспрем и Киелце, во терминот од 15:15 часот. Во истите термини, следниот ден, ќе биде одиграно големото финале, како и борбата ... Read More »