Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 798)

РК Вардар

Прес-конференција на РК Вардар за првиот натпревар во сеха-лигата

Ракометниот клуб Вардар денес со почеток од 12 часот ќе одржи прес-конференција во својата сала на С.Ц. Јане Сандански. Повод е почетокот на новата сезона во сеха-лигата и првиот дуел против екипата на Брест Мешков. Овој дуел е закажан да се одигра во вторник во 20:30 часот. Ова ќе биде сигурно една од најсилната сезона во ова натпреварување, со голем ... Read More »

Во вторник деби пред скопската публика на Кањелас,Фериера и Борозан во првиот официјален меч сезонава

Вторник е денот кога ракометниот машки црвено-црн колектив со натпреварот од СЕХА Газпром лигата со Мешков Брест  ќе ја започне новата сезона 2016/2017.  Првиот официјален меч на избраниците на Раул Гоналес ќе се одигра на 30.08.2016 година,  истиот е закажан  со почеток во 20часот и 30минути. Дуелот ќе го играме на домашен терен  во Спорскиот центар  „Јане Сандански”-Скопје. На овој ... Read More »

ЖРК Вардар СЦЈС ги заврши подготовките во Маврово

Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС ги заврши осумдневните подготовки во Маврово и од вчера се наоѓа во Скопје, каде во следниве два дена девојките ќе бидат поштедени од тренинзи. Подготовките поминаа одлично, а најаважно е што нема повреди на играчи. Во утринскиот дел се работеше на физичка подготовка, во теретана или пак трчање, додека попладне се тренираше во сала. Екипата ... Read More »

Прва победа за Вардар Јуниор на контролните натпревари

Прва победа на третиот контролен натпревар за екипата на РК Вардар Јуниор. После поразот од Еурофарм Работник и нерешениот резултат против Борец, избраниците на Стојан Петрушевски славеа во дуелот со екипата на Радовиш. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 31:26. Првото полувреме помина доста израмнето на двете страни, што говори и самиот резултат од 14:14 по првото полувреме. Ниедна од ... Read More »

Кањелас и Чупиќ во ТОП-10 најдобри трансфери ова лето

Во традиционалниот избор на ЕХФ за најдобри трансфери пред почетокот на секоја натпреварувачка сезона, се најдоа и двајца ракометари на Вардар. Доаѓањето на Кањелас и Чупиќ во црвено-црниот дрес е сместено во ТОП-10 најдобри трансфери. Особено високо котира преминувањето на Кањелас од Кил во Вардар, кој е на третото место. Погледнете ги сите ТОП-20 најдобри трансфери ова лето. 1. Уве ... Read More »

РК Вардар јуниор утре игра пријателски меч со РК Радовиш

Младите вардарци предводени од Стојан Петрушевски екипата на РК  Вардар јуниор утре,  четврток ќе го одиграат третиот контролен меч сезонава. Исто како и првите два така и овој ќе се игра во  Спортско рекреативниот центар  “Кале“. Досега одигравме две “контролки“, во првата се сретнавме со Еурофарм Работник кој  е нов суперлигаш, овој дуел заврши во корист на битолчани, 28:33. Во втората одигра нерешено ... Read More »

Започна регуларната продажба на сезонски билети за натпреварите на ФК, РК и ЖРК Вардар

vardarfans pas kartica

Од вчера започна продажбата на сезонски карти за мечевите на ракометните и фудбалскиот клуб на Вардар во новата натпреварувачка сезона. Со таканаречената Вардар Пас картица ќе можете да ги проследите сите натпревари оваа сезона на нашите три екипи. Во однос на настапите на РК и ЖРК Вардар во лигата на шампионите, новата Вардар Пас картица се однесува на мечевите од ... Read More »

Видео прилог од тренингот на Вардар јуниор, разговор со Петрушевски и момците

Тече првиот дел од подготовките за екипата на РК Вардар Јуниор, кој се одвива во спортскиот рекреативен центар Кале. На 26 август се заминува во Маврово, каде Вардарци ќе останат осум дена. Екипата на магазинот “Вардар ТВ“ присуствуваше на еден од нивните тренинзи во “Кале“ и сними прилог. Тренерот на екипата Стојан Петрушевски го искажа својот став за подготовките, покрај ... Read More »

Новите засилувања Борозан и Кањелас најдобри стрелци во подготвителниот период

Четири победи и еден пораз на досегашните контролни натпревари за нашиот ракометен шампион, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Ги добивме двата дуела против екипата на Горење, за време на подготовките во Крањска Гора. Првиот минимално (26:27) и вториот многу поубедливо (27:38) во корист на црвено-црните. Изминатиов период учествувавме на турнирот “Белгазпромбанка“ во организација на Брест Мешков. Тука го освоивме второто ... Read More »

Кристијан Димитријески: “Јуниор лигата“ ја сметам за најдобар проект на РК Вардар, бидејќи преку неа станавме играчи кои размислуваат за професионален ракомет

“Јуниор лигата“ ја сметам за најдобар проект до сега на Вардар, затоа што преку неа станавме играчи кои размислуваме за професионален ракомет, изјави Кристијан Димитријески за нашиот сајт. Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ... Read More »