До завршувањето на овогодинешната групна фаза во машкиот сегмент од ЕХФ лигата на шампионите има уште две кола, 13.коло овој викенд и наредниот викенд кога се игра последното 14.коло. Во моментов има поголем број на коомбинации околу евентуалните парови во 1/8-финалето, сепак европската куќа на ракометот објави фотографија од сите можни, евентуални сценарија за 1/8-финалните двомечи во Л.Ш. На фотографијата од ... Read More »
РК Вардар
Најава за успешен викенд
Ракометарките на Вардар најавија уште еден успешен црвено – црн викенд. Вчера ЖРК Вардар успешно го започна и овој викенд, избраничките на Инди и Камара триумфално минаа и низ Шведска, за четврта победа во низа, и прво место во групата (бар до утре). Со овој натпревар девојките ставија крај на оваа групна фаза, сега на ред е 1/4 финалето за ... Read More »
РК Вардар јуниор одигра тест-дуел со РК Металург
Избраниците на Пепи Манасков, младите црвено-црни ракометари од екипата на Вардар јуниор одиграа тест-меч против неколкукратниот македонски шампион РК Металург. Дуелот се одигра во салата во населбата Автокоманда, од овој дуел како победник излезе домаќинот со резултат 23-18. Металурзите првиот дел го добија со 9-8, а победата ја издвојуваа во вториот дел. Овој тест-меч беше проверка за Вардар Јуниор на две недели ... Read More »
Вардар денес во 13часот преку Белград ќе отпатува за Сегед, Карачиќ останува во Скопје
Четата на шпанскиот предводник од клупата Раул Гонзалес по вчерашниот попладневен тренинг (види фото) денес одработи и лесен утрински тренинг последен пред заминувањето за Унгарија. Црвено-црните ги чека тежок, а воедно и многу значајниот меч против Пик Сегед. Мечот со унгарците е дуел од 13-тото коло од машкиот сегмент во Лигата на шампионите. Нашите момци денес во 13-00 часот ќе полетаат ... Read More »
(ФОТО) Вардарци со последните подготовки пред дуелот со Пик Сегед
Ракометарите на нашиот шампион вчера го одработија последниот попладневен тренинг во Скопје пред денес да заминат за Унгарија каде ги очекува тежок натпревар со силниот тим на Пик Сегед. Овој меч е дуел од претпоследното 13-то коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Мечот од елитната европска лига ќе се игра во недела, со почеток во 17-30 часот. Победа на овој дуел ... Read More »
Кадетите на Рк Вардар добија “огромно“ засилување – Бобан Стојановски: Доаѓањето во Вардар значи чекор понапред во мојата кариера
Кадетите на ракометниот клуб Вардар добија големо засилување, пред стартот на вториот дел од сезоната во лигата. Нов член на црвено-црните е Бобан Стојановски кој потпиша договор со нашиот клуб. Тој дојде од екипата на Рк Илинден, со која се натпреварувеше во “Јуниор“ лигата. На турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“, ова надежно момче ја доби наградата за најдобар лев бек. ... Read More »
Пријателски меч денес помеѓу РК Вардар Јуниор и РК Металург
Денеска е закажан тест-дуел на РК Вардар Jуниор во салата Автокоманда против тимот на Металург. Натпреварот помеѓу младите црвено-црни и избраниците на хрватскиот стручњак е закажан за 18-00 часот. Шефот на стучниот штаб Пепи Манасков ќе се потруди да види до каде е формата на тимот. Веќе на 12-ти март продолжуваат натпреварите од ВИП Супер лигата за нашиот млад вардаров тим. ... Read More »
33.939 Илјади евра во касата на РК Вардар
РК Вардар од ЕХФ ќе добие 33.939 илјади евра. Оваа сума ќе му биде дадена на нашиот шампион по повод настапите на вкупно (13) играчи на ЕП во Полска. РК Вардар на ова првенство имаше највеќе играчи кои настапија за својте репрезентации. Најголем удел од оваа сума секако дека имаа триото од РК Вардар Македа, Штербик и Душебаев, кој играа ... Read More »
Распоред за мечевите во ракометната “Јуниор лига“ за овој викенд
Викендов повторно на програмата по еднонеделна пауза поради пренатрупаноста на С.Ц Јане Сандански во кој се одиграа три европски меча минатиот викенд, повторно ќе може да се проследат возбудувањата од вардаровата ракометна “Јуниор лига“. Овој викенд е резервиран за најмладите надежи, кои ќе ги одиграат својте дуели во рамките од 4 коло. . Мечевите ќе се играат како досега во ... Read More »
Судиска двојка од Норвешка ќе го суди мечот ПИК Сегед-Вардар
Дуелот на вардаровите ракометари во рамки на 13 коло во групата-Б од ЕХФ Лигата на шампионите против екипата на ПИК Сегед е избран од страна на ЕХФ за меч на колото. Овој дуел во претпоследното коло од групната фаза е закажана за во недела на 28 февруари со почеток во 17-30 часот. Европската ракометна федерација ја одреди судиската двојка која ... Read More »