Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги (page 110)

Младински лиги

Пионерите на РК Вардар несреќно и минимално на пенали поразени на турнирот во Грција

Пионерите на РК Вардар како првопласирани на   турнирот во Грција обезбедија четвртфинале.  Избраниците на Андријана Будимир во групата беа убедливи и против екипата на Дукас од Грција, која ја совладаа со резултат 16:24  и против екипа  на Пилаиа над која триумфираа со резултат 21:10. Со максимален ефект закажаа меч денес со Локомитива од Брчко- Босна и Херцеговина. Нашите момци одиграа ... Read More »

Во “инфаркт“ завршница, кадетите на РК Вардар ја победија Струга и закажаа финале со Металург

Денес во спортската сала во населбата Автокоманда се игра завршниот турнир во машката кадетска лига. Вардаровите кадети ќе играат во големото финале, откако во полуфиналето беа подобри од екипата на Струга со резултат 28:27. Натпреварот со гол го отвори Христи Биковски, додека веднаш после него погоди и Мисаилески за почетно водство од 2:0. Нашиот голман, Марко Кизиќ уште на стартот ... Read More »

(ВИДЕО) Ечи Комитска песна на улиците на Верија-Грција

Пионерите на ракометниот клуб Вардар се  дел од силен меѓународен турнир во Грција. Турнирот  се игра во Верија на 70 км од Солун во Грција. Нашите момци низ улиците на Верија-Грција пеат песни од нашата навивачка група Комити Запад. Во продолжение кратко видео од нивниот перформанс. Read More »

(Фотогалерија) Младинците на РК Вардар Јуниор во финишот го “скршија“ ГРК Борец

Вчера  во салата “Кале“ се одигра натпревар  од младинската лига. Во истиот   РК Вардар јуниор ја пречекаа екипата на ГРК Борец од градот Велес. Нашите момци предводени од Пепи Манасков со пресврт во финишот дојдоа до победа со 28-25( 12-11). Read More »

Нова лекција за Грците, пионерите на РК Вардар го “преслушаа“ и Дукас од Атина, на турнирот во Грција и обезбедија полуфинале

Утрово пионерите на РК Вардар го одиграа вториот натпревар на турнирот во Грција. Избраниците на Андријана Будимир беа убедливи и против екипата на Дукас од Грција, која ја совладаа со резултат 16:24. Противникот прв го отвори резултатот на овој меч, за почетно водство од 1:0, но Вардарци вратија со четири голови во серија. Прва предност од 1:2 ни носи Никола ... Read More »

РК Вардар 2 на убедлив начин се врати на победите во лигата, младите избраници на “Зенга“ го преслушаа Ѓорче на Кале

Попладнево во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра натпревар во првата ракометна лига помеѓу екипите на Вардар 2 и Македонија Ѓорче Петров. Поуспешни беа црвено-црните кои славеа со резултат 33:26. Одлично го започнавме натпреварот каде во првите девет минути имавме предност од 5:0. После отварање на резултатот следеа два последователни голови на крилото Чакалиќ, потоа на Амзоски и Мишевски. Првиот ... Read More »

Момците на Будимир, пионерите на Вардар со висока победа го стартуваа турнирот во Грција, утре играт нов меч за кој ви носиме линк

Од вчера до 11-ти април пионерите на ракометниот клуб Вардар ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во Грција. Турнирот ќе се игра во Верија на 70 км од Солун, а истиот е “Вип“ односно за него се добиваат специјални покани. Денес тие го одиграа првиот меч на овој силен турнир и дојдоа до триумф. Во првиот меч денес противник ни беше ... Read More »

(ФОТО) Кадетите со последни подготовки пред утрешниот Ф-4, дали со “злато“ ќе му го честитаат роденденот на тренерот Чивлачки?

Денес во салата “Кале“ кадетите на Вардар го имаа последниот собир пред  утрешниот настап во Автокоманда каде ќе се борат за шампионската титула во кадетската машка лига на Ракометната федерација на Македонија. Противник на Вардар во полуфиналето е Струга, а натпреварот се игра во 12,45 часот. Во 18-00 часот ќе се игра малото финале за бронзениот медал, а во 19.45 е ... Read More »

Младинците на РК Вардар Јуниор во драматичен финиш со пресврт победија против ГРК Борец

Денес во салата “Кале“ се одигра меч од младинската лига во кој младинците на РК Вардар јуниор ја пречекаа екипата на ГРК Борец од градот Велес. Нашите момци предводени од Пепи Манасков со пресврт во финишот дојдоа до победа со 28-25, со која дојдоа до нови бодови, на полувреме водеа нашите момци со 12-11. Први со гол мечот го отворија ... Read More »

Победа и нерешен резултат за Вардаровата генерација “2008′, во денешното коло од детската фудбалска лига

Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички продолжија натпреварите во рамките на детската лига. Настап имаше Вардаровата генерација родени “2008“ година, кои забележаа една победа и нерешен резултат. Вардар (1) без никакви проблеми убедливо го доби натпреварот со екипата на Смиљковци. Конечниот резултат гласеше 18:0. Пред да го отвориме резултатот имавме два обиди, но голманот на Смиљковци ги одбрани ударите. ... Read More »