Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги (page 111)

Младински лиги

Андреј Петрушевски- Титулата во Јуниор лигата ја освоивме со многу борба, таа лига ни дава шанса за напредок

Изминатиот викенд  во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра  големото финале во ракометната вардарова “Јуниор“ лигата. Кај генерација родени 2004 и 2005 година се сретнаа екипите на РК Илинден и РК Карпош од Куманово. До златото стигнаа  избраниците на Дарко и Александра Јанев кои славеа со резултат  7:14. По тој повод разговараме со Андреј Петрушевски член на ... Read More »

Вардаровите пионери заминаа за Верија, каде ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир„Врилитос 2017″ во Грција

Утрово пионерите на ракометниот клуб Вардар заминаа за Верија (Грција) каде од утре до вторник ќе бидат дел од силен меѓународен турнир  „Врилитос 2017″ во Грција. Нашите момци се наоѓаат во група со екипите на Пјала и Дикеас и двете од Грција. Инаку екипите се поделени во четири групи од по три екипи, а учество ќе земат тимови како ПСЖ, ... Read More »

Термини на одигрување натпревари за младинските екипи на РК Вардар

Претстојниов викенд младинските екипи на ракометниот клуб Вардар ќе одиграат нови натпревари. Пролетниот дел од сезоната го започнуваат пионерките на РК Вардар. Избраничките на Ристова и Пецевска гостуваат во Чаир на истоимената екипа. Црвено-црните влегуваат како првопласирани во овој дел од сезоната со пет победи од исто толку одиграни мечеви. Спротивно на нив, нашиот следен противник, Чаир нема освоено ниту ... Read More »

Марко Кизиќ: Оваа победа ќе значи уште поголем мотив за завршниот турнир кој ке се одржи во Автокоманда

Кадетите на ракометниот клуб Вардар со победа го завршија регуларниот дел од сезоната во рамките на групата 2 од кадетската лига. Избраниците на Чивлачки и Грчевски го добија решавачкиот натпревар за првото место, совладувајќи ја екипата на Металург во дербито кое се играше на Кале. Црвено-црните славе со резултат 27:23 и поради подобриот меѓусебен дуел завршија пред тимот од Автокоманда. ... Read More »

Велимир Грујовски: Во дербито со Металург дадовме максимум со соиграчите и тренерот, победата ја заслуживме

Викендов во  салата Автокомада се одигра големото дерби во пионерска конкуренција во кој нашиот РК Вардар предводен од Адријана Будимир гостуваше кај екипата на РК Металург. Домаќинот сакаше да триумфира, нивниот пионерски тим беше додатно засилен со  4 играчи од кадетскиот состав, но нашите вардарци изгинаа машки  и победија во ова дерби со 15-16. Први стрелци беа Чакалиќ и Жерновски кои ... Read More »

Блаже Трпевски: “Јуниор“ лигата ти дава можност уште од мали нозе да настапуваш на терен и стекнуваш нови правила во ракометот

Актуелна е втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига, која е голем проект на РК Вардар. Повеќе од 25 ракометни школи од цела Македонија ја имаат шансата да се докажуваат и да ги надоградувааат своите знаења преку континуираните натпревари во оваа лига. Дел од овој проект е и ракометната школа Вардар ДБ од Кавадарци, за која настапува Блаже Трпевски. Тој игра ... Read More »

Кај момците во Јуниор лигата викендов познати два шампиона кај генер 2002/03 и 2004/05, кај 2000/01 ги добивме финалистите (резултати и табели)

Викендов на програмата беа нови натпревари кај момците во ракометната Јуниор лига. Во генерација 2002/03 и 2004/05 се одиграа финалните мечеви, а кај генерација 2000/01 се одигра последното коло. Кај  момчињата од генерацијата 2000/01 со одигрување на 10 коло, заврши регуларниот дел од натпреварите. Овде следува Ф-4, во полуфиналињата ќе играат четирите најдобри тимови од оваа генерација,  Филип Вардар, Гостивар ... Read More »

Кизиќ го откажа Металург, кадетите на РК Вардар го добија дербито со својот ривал и го освоија првото место во регуларниот дел од сезоната

Вечерва во спортскиот ракометен центар Кале се одигра кадетското ракометно дерби помеѓу машките екипи на Вардар и Металург. Дуелот на најдобрите екипи во регуларнот дел од сезоната им припадна на црвено-црните кои славеа со резултат 27:23. Заслужена победа за Вардарки кои во текот на целиот меч имаа постојано водство. Веќе на стартот од натпреварот имавме предност од 2:0, а во ... Read More »

(Фотогалерија) РК Преспа првак во Јуниор лигата кај генер.2002/03, тие во финалето беа подобри од РК Шампион

Вчера во салата “Јане Сандански“ на  завршниот турнир во ракометната “Јуниор“ лига, кај момчињата во генерација родени 2002 и 2003 година се одигра големото финале. Во борбата за пехарот  се сретнаа екипите на РК Преспа од Ресен и РК Шампион во Скопје, ресенчани беа поуспешни и станаа шампиони. Извештај од овој дуел може да погледнете- тука! Read More »

(ФОТО) РК Илинден дојде до “злато“ во финалето со Карпош во Јуниор лигата кај момците генер.2004/05

Вчера во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра  големото финале во ракометната вардарова “Јуниор“ лигата. Кај генерација родени 2004 и 2005 година се сретнаа екипите на РК Илинден и РК Карпош од Куманово. До златото стигнаа  избраниците на Дарко и Александра Јанев кои славеа со резултат  7:14, извештај од мечот може да прочитате на нашиот сајт-тука. Read More »