Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги (page 113)

Младински лиги

Борбата за Супер лигата продолжува, РК Вардар 2 утре гостува во Кавадарци на Тиквеш

Во недела екипата на РК Вардар 2 ги продолжуваат натпреварите во рамките на првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски во недела од 18 часот гостуваат во Кавадарци на екипата на Тиквеш. Црвено-црните имаат три последователни победи во пролетниот дел од сезоната и утре ќе атакуваат на нов тримф, со кој ќе ја продолжат борбата за првото место кое од ... Read More »

Викендов Јуниор лигата се игра во Скопје и Прилеп, во недела Ф-4 кај две машки генерации (распоред)

dare

Полека доаѓаме до крајот на патот за некои екипи во ракометната Јуниор лига за оваа сезона. Па така во  недела во Спортскиот центар  “Јане Сандански” се играат првите финални натпревари од ракометната вардарова Јуниор лигата. Најдобрите четири екипи во генерациите 2002/2003 и 2004/05 кај момците  претпладнето играат 1/2-финалиња, а попладнето ќе играат финале и меч за 3.место. Покрај овие мечеви ... Read More »

РК Преспа најголем фаворит за одбрана на трофејот во “Јуниор“ лигата кај генер. 2002/03, додека кај помладите родени 2004/05 улогата на фаворит ја има РК Бисинов

Во сабота и недела ќе продолжат натпреварите во ракометната “Јуниор“ лига. Ќе бидат одиграни и завршните, односно полуфинални и финални натпревари во машкиот дел кај генерацијата родени 2002/03 и 2004/05 година, по што ќе ги дознаеме и првите победници во оваа натпреварувачка сезона. Таму РК Преспа која е предводена од Иван Ангелковски го брани трофејот освоен од минатата сезона кај ... Read More »

Познати противниците за Вардаровите пионери на турнирот во Грција

Во перидот од 7-11-ти април пионерите на ракометниот клуб Вардар ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во Грција. Турнирот ќе се игра во Верија на 70 км од Солун, а истиот е “Вип“ односно за него се добиваат специјални покани. Веќе се одредени групите и противнциите за Вардарци. Тие се наоѓаат во групата Б заедно со екипите на Дикеас и ... Read More »

(Фотогалерија) Нова победа за РК Вардар 2, Текстилец само полесен тренинг за црвено-црните

Екипата на РК Вардар 2 забележа нова победа во рамките на првата ракометна лига. Младиот состав предводен од Зоран Петковски за противник го имаа тимот на Текстилец, кој го совладаа убедливо со резултат 35:23 и на тој начин останаа во трка за првото место, кое од следната сезона носи во најсилната супер лига. Погледнете ја фотогалерија од мечот против Текстилец. Read More »

Филип Дамчески: Задоволен сум што имав придонес во победата, која за нас е многу важна

Продолжуваат добрите игри за екипата на РК Вардар 2 во рамките на првата ракометна лига. После победите против Струга и Партизан, избраниците на Зоран Петковски изминатиов викенд одиграа натпревар против тимот на Текстилец, кој го добија убедливо со резултат 35:23. Бодовите ниту во еден момент не беа доведени во прашање, со оглед дека Вардар уште од првата минута имаше водство ... Read More »

Кадетите на РК Вардар го победија Младинец 2015 и го потврдија пласманот на завршниот турнир

Кадетите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до нова победа во рамките на групата 2 од лигата. Нашите надежи во ова коло ја совладаа екипата на Младинец 2015. Овој натпревар се одигра во Кочани. Натпреварот со гол го отвори домашниот тим, по што следеа минути каде двете екипи играа гол за гол. Сепак Вардарци беа првите кои почнаа резултатски да се ... Read More »

(Фотогалерија) Младинците на РК Вардар високо го победија Еурофарм Работник

7

Младинците на РК Вардар убедливо го добија дербито во рамките на групата 1 од младинската лига. Избраниците на Чивлачки и Грчевски беа подобри од екипата на Еурофарм Работник, која ја совладаа убедливо со резултат од 32:22. Одличен натпревар за нашите младинци, кои имаа водство во текот на целиот меч. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар: Read More »

Трет пат сезонава совладан Текстилец, младиот состав на РК Вардар 2 продолжува со победи во првата ракометна лига

vardarfans-naslovna

Вечерва на Кале се одигра натпревар во првата ракометна лига, помеѓу екипите на Вардар 2 и Текстилец од Штип. Мечот заврши во корист на Вардарци, кои славеа со резултат 35:23. Ова беше и трет триумф против овој противник во оваа сезона. На два пати ги победуваме во рамките на лигата, додека еднаш славевме и во рамките на осминафиналната група. Натпреварот ... Read More »

Младинското ракометно дерби убедливо му припадна на Вардар, кој со двоцифрена разлика го победи Еурофарм Работник

vardarfans-naslovna

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра младинското ракометно дерби помеѓу екипите на РК Вардар и Еурофарм Работник. Далеку поуспешна беше екипата на Вардар, која славеше со двоцифрена разлика од 32:22. Првите два гола на натпреварот по еден на двете страни беа од ударите од седум метри, а за нас прецизен беше Ален Ќосевски. Следните два гола на натпреварот ... Read More »