Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги (page 114)

Младински лиги

Распоред за дуелите на младите ракометни машки и женски екипи на Вардар

vardarfans-kadeti

Викендов е резервиран за натпревари ви младинските лиги на женските и машките ракометни екипи на нашиот Вардар. Тие овој викенд ќе одиграат нови кола во своите првенства, за термините, нивните противници, локациите може да прочитате во продолжение. Младинците на Вардар предводени од Чивлачки и Грчевски  утре со почеток во 15-30 часот ќе ја пречекаат екипата на  РК Еврофарм Работник од ... Read More »

Вардар од Скопје подобар од Вардар од Неготино во кадетската лига

vardarfans-naslovna5-660x330

Вчера во С.О.У Св.” Кирил и Методиј” во Неготино беше одигран натпревар во рамките на кадетската лига во машка конкуренција. Играчите на Чивлачки и Грчевски се вратија од Неготино со победа, овој натпревар Вардар од Скопје го доби со 28-26 (14-9). Натпреварот со гол го отвори тимoт од Скопје. Се до средината на првиот дел се играше еден пред се ... Read More »

Нов натпревар за РК Вардар 2 против Текстилец, овој пат во рамките на пролетниот дел од првата лига

vardarfans-rk-vardar-2

Ракометарите на Вардар 2 викендов ги продолжуваат натпреварите во првата ракометна лига. Во сабота сo почеток од 17:30 во спортскиот рекреативен центар Кале гостува екипата на Текстилец од Штип. Против оваа екипа имавме можност да одиграме веќе два натпревари. Првиот беше во рамките на првата лига во есенскиот дел од сезоната, кога избраниците на Зоран Петковски издвојуваа триумф на гостувањето ... Read More »

Резултати и табели од 9.коло кај момците во Јуниор лигата, познати учесниците на Ф-4 во генер.2002/03 и 2004/05

3

Викендов се одигра 9.коло во Вардаровата ракометна Јуниор лига.  По завршувањето на 9 коло за момчињата од генерациите 2002/03 и 2004/05 завршува и регуларниот дел од натпреварите, и веќе следните натпревари ќе бидат полуфинални. Додека, во генерацијата 2000/2001 година и следното коло се играат натпревари од регуларниот дел. Наскоро ќе се играат и првите Ф4 натпревари од нашата единствена Вардар Јуниор ... Read More »

Михајло Костовски: Преку “Јуниор“ лигата се афирмира Македонскиот ракомет од најмали нозе

vardarfans-naslovna-24-660x330

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата продолжува успешно да се реализира и изведува. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 24 ракометни школи низ целава држава, ... Read More »

Никола Хаџидимовски: Успехот со кој го отворивме пролетниот дел, се должи на напорната работа и колектив на целиот тим

vardarfans-hadzidimovski

Третта последователна победа за младинците на РК Вардар Јуниор во пролетниот дел од сезоната во групата 2 од младинската лига. Изминатиов викенд, избраниците на Пепи Манасков гостуваа на екипата на Македонија Ѓ.П која ја совладаа убедливо со резултат 26:36 и на тој начин му вратија на противникот за поразот од првиот дел на сезоната. Ова  е вкупно петта победа за ... Read More »

(Фотогалерија) РК Делчево Вардар триумфираше над РК Урдаревски во Јуниор Лигата кај генер.2002/2003

23

Вчера во  салата “Јане Сандански“  се одиграа мечевите кај момците во генерација 2002/2003 во рамки на ракометната вардарова Јуниор Лига. Тимот на РК Делчево Вардар предводен од Горан Велков однесе победа во дуелот  со екипата на  РК Урдаревски Вардар со резултат 15-13. Read More »

Шампионската генерација на РК Преспа 2002/03 со нова ракометна лекција за противниците во “Јуниор“ лигата

vardarfans-naslovna3-660x330

Во последниот натпревар од денешната програма во ракометната “Јуниор“ лига, кај генерација родени 2002/03 година се сретнаа екипите на Опш.Кисела Вода 1 и Преспа од Ресен. Избраниците на Иван Ангелковски ја оправдаа фаворитската улога и уште на стартот на натпреварот најавија дека бодовите заминуваат во Ресен. Започнаа со серија од пет погодоци, за ведша да се одлепат резултатски од екипата ... Read More »

Десетта победа за екипата на РК Вардар 2 во првата лига, убедливо совладан Партизан од Гевгелија

vardarfans-rk-vardar-2

Екипата на РК Вардар 2 стигна до втората пролетна победа во рамките на првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски славеа на гостувањето во Гевгелија, против екипата на Партизан. Ова беше инаку втор триуф во дуелите со овој противник, откако во есенскиот дел славевме со резултат 44:14. На денешниот натпревар, домашниот тим добро го отвори натпреварот и по пет минути ... Read More »

Момците на РК Илинден Вардар и РК Делчево со победи во Јуниор Лигата во генер.2002/03

2

Во салата “Јане Сандански“ денес се одиграа мечевите кај момците во генерација 2002/2003 во рамки на ракометната вардарова Јуниор Лига. Во првиот меч триумфираа момците на РК Илинден Вардар кои ги водеше од клупата Будимир, во вториот меч бодовите ги однесе РК Делчево Вардар на Горан Велков. РК Илинден Вардар однесе победа со екипата на РК Бисинов Вардар од Велес со ... Read More »