Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 326)

Прв Тим

Вардар последен пат загубил од Пик Сегед пред 15 години, црвено-црните ги добија последните пет од шестте меѓусебни дуели

vardarfans-rk-vardar

Полека се ближи четвртфиналниот двомеч во Лигата на Шампионите за екипата на Вардар, која за противник го има Шампионот на Унарија, се работи за тимот на Пик Сегед. Што се однесува до меѓусебните дуели на овие две екипи, досега имаат одиграно вкупно осум натпревари. Црвено-црните имаат позитивен билан од пет победи, само еден пораз, додека во два наврати мечевите завршувале ... Read More »

И Вардар и Пик Сегед победуваат во пресрет на нивниот прв дуел од 1/4 финалето во ЛШ

vardarfans

Екипите на Вардар и Пик Сегед се наоѓаат во победничка серија, во пресрет на нивниот прв четвртфинален меч од Лигата на Шампионите. Вардар успеа за два дена да сврзе две победи, во рамките на плеј-офот од Супер лигата. Најпрво ја совладавме екипата на Пролет (33:26), за вчера по голема борба да го добиеме и дуелот со екипата на Еурофарм (28:30), ... Read More »

Познати деновите и термините во кои двете екипи на РК Вардар ќе ги одиграат своите мечеви во купот

vardarfans-kup

Престојниов период своите натпревари од осминафиналето во купот, односно мечевите во четвртфиналната група ќе ги одиграат двете ракометни екипи на Вардар. Младиот состав на Вардар Јуниор се наоѓа во група со екипите на Астраион, Охрид и Еурофарм Работник. Домаќин на групата е екипата од Битола, Еурофарм Работник. Вардар Јуниор за противник го има тимот на Астраион, меч кој ќе се ... Read More »

Познати судиите за натпреварот Вардар – Пик Сегед

20150106_1850_handball_autsui_7282-660x330

Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула од Словачка се делегирани да го судат дуелот во Скопје во рамките на 1/4 финалето од Л.Ш, на кој се среќаваат нашиот РК Вардар и унгарскиот тим на Пик Сегед. ЕХФ делегат на дуелот во Скопје ќе биде Томо Водопивец од Словенија. Се надеваме на фер и коректно судење на оваа искусна судиска двојка, која на ... Read More »

Ќе биде како во “кошница“ , Вардар пушти дополнителни 500 билети за мечот со Сегед

Пред црвено-црниот ракометен колектив е најважниот домашен дуел во оваа сезана, па поради огромниот интерес за првиот четвртфинален натпревар со Пик Сегед, управата на Вардар реши да пушти во продажба дополнителни 500 билети. Билети се за секторот за стоење во салата „Јане Сандански“ и ќе се продаваат по цена од 200 денари. СЦ „Јане Сандански“ ќе биде целосно распродаден и ... Read More »

Вардар се враќаше од девет гола негатива па успеа да ја освои Битола и да го победи Еурофарм

55849415_10157928589950348_5138199273195700224_n

Вардарци се враќаа од „мртвите“ откако имаа голема негатива на денешното гостување кај екипата на Еурофарм, сепак на крајот славеа со резултат 28:30. Сигурно најлошо прво полувреме за Вардар во последниве неколку сезони. По првите 30 минути екипата на Еурофарм имаше неверојатна предност од осум гола позитива (18:10), а најголем виновник за стекнатото високо водство беше голманот Благојче Трајковски кој ... Read More »

Што се случува со Вардар, негатива од осум на полувреме во Битола

Ракометарите на Вардар го “преспаа” првото полувреме во Битола и имаат огромна негатива од минус осум од Еурофарм Работник, 18:10. Вардарци ама баш ништо не одиграа во овој прв дел. По се изгледа мислеа дека лесно ќе го добијат овој дуел, против тимот кој оваа сезона важи за нивни најголем конкурен за титулата. Во првото полувреме фантастичен на голот на ... Read More »

Борозан не игра против Сегед

vardarfans-borozan

Вуко Борозан и дефинитивно нема да биде во комбинација за дуелите со Пик Сегед, а веројатно и до крајот на  сезоната. Како што дознава ,,Вардар Фанс”, Борозан не испочитувал неколку одлуки на клубот, па токму затоа и ,,пукнала тиквата” на релација играч-управа. Ова неиграње на Борозан доаѓа во незгоден момент, ако се земе во предвид дека ниту Дисингер нема да  ... Read More »

Димчевски и Калајџиески со деби од соништата, погодија на првиот меч за РК Вардар, сите шест кадети со улога во победата

rk

Вчера, ракометниот клуб Вардар со победа го започна плеј-офот во Супер лигата, откако на домашен терен ја совлада екипата на Пролет. Иако во составот недостасуваа голем број на играчи лесно падна  Пролет, кој даде отпор само во првите 30 минути од мечот. Мечот заврши со победа за нас со резултат 33:26. Парондо покрај “староседелците“ вчера даде шанса и на шест млади ... Read More »

Линк за мечот помеѓу Еурофарм и Вардар

vardarfans-strim

Вечерва со почеток од 18:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ вардарци гостуваат на екипата на Еурофарм, во рамките на 2.коло заостанато коло од плеј-офот во супер лигата. Вчера црвено-црните со преполовен состав ја победија екипата на Пролет, додека денес пред себе имаат еден посериозен противник, кој конкурира за второто место на табелата. Натпреварот од Битола можете да го проследите ... Read More »