Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 376)

Прв Тим

Денес вардарци во дуел против Стеауа за победнички крај на годината

vardarfans-rk-vardar

Вечерва со почеток од 17:15 часот по македонско време, нашиот ракометен шампион гостува во Букурешт на екипата на Стеауа. во рамките на 13.коло од СЕХА-лигата. Ова е всушност и последен меч за црвено-црните во оваа календарска година која полека изминува. И на овој дуел, тренерот Гарсија Парондо ќе има проблеми околу составување на екипата. Во составот ќе ги нема подолго ... Read More »

РК Вардар вечерва заминува за Букурешт, каде утре го игра дуелот против Стеауа

vardarfans-rk-vardar

Ракометарите на Вардар вечерва заминуваат за Букурешт, каде утре ќе го одиграат последниот натпревар за оваа календарска годнина. Во рамките на 13.коло од СЕХА-лигата гостуваме на екипата на Стеауа од Романија, која веќе еднаш ја совладавме, на домашен терен кога славевме со резултат 27:21. Вардаровата експедиција во 19:00 часот има авионски лет за Букурешт, каде се очекува вечерва да пристигнат ... Read More »

(ВИДЕО) 2 јуни 2013 година, РК Вардар ја прекина доминацијата на Металург и стана шампион во преполното Кале

vardar-metalurg-11-520x313

На 2-ри јуни 2013 година екипата на РК Вардар успеа да ја прекине тригодишната доминација на Металург во Македонскиот ракомет и на тој начин да стане шампион. Тоа беа сезони кога клубот од Автокоманда беше далеку финансиски помоќен од нашиот Вардар и кога голем дел од играчите на црвено-црните преминуваа во спротивниот табор. Имаше такви многумина, кои им се познати ... Read More »

Дејан Милосављев се најде на списокот на Србија, за претстојното СП во Германија и Данска

vardarfans-milosavljev-2

Првиот месец во новата година ќе биде одбележан со Светското ракометно првенство кое ќе се одигра во Германија и Данска. На овој мундијал ќе настапи и Македонија, како и играчите кои се дел од Вардар. Голманот на Вардар, Дејан Милосављев се најде на поширокиот список на српската ракометна селекција за претстојното СП. Добрите настапи на голот на Вардар му донесоа ... Read More »

Игор Карачиќ стигна до бројката од 300 голови во СЕХА-лигата

vardarfans-karacic

Игор Карачиќ кој ја игра својата седма сезона во редовите на Вардар направи “јубилеј„ во СЕХА-лигата. Тој на мечот со Татран постигна шест голови и ја надмина бројката од 300 голови во ова натпреварување. Интересно пред три месеци на исто така дуел против Татран, средниот бек на Вардар го одигра 100 меч во СЕХА-лигата за црвено-црните. Пред 20 дена, Карачиќ ... Read More »

Стеауа-Вардар со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 2

41868384_10157386042500348_7051929742722727936_n

Во понеделник, црвено-црните ќе го одиграат последниот натпревар за оваа календарска година. Во рамките на 13.коло од СЕХА-лигата, вардарци ќе гостуваат во Букурешт на екипата на Стеауа. Противникот се наоѓа на 6.место на табелата со 15 освоени бодови, додека Вардар е на првата позиција со 30 бодови. Директен пренос од мечот можете да проследите на МРТ и Арена Спорт 2 ... Read More »

Од 2020 година, ЛШ ќе брои само 16 екипи, ќе биде формирана и Европска Лига

vardarfans-rk-vardar-660x330

Од сезоната 2020/21 ќе има значителни промени во ракометната Лига на Шампиони. На денешниот состанот на Европската ракометна федерација во Париз е решено од 2020 година во машката Лига на Шампиони да се натпреваруваат само 16 екипи, кои би биле поделени во две групи од по 8 екипи. Двете првопласирани екипи од групите би обезбедиле директен пласман во четвртфиналето, а ... Read More »

Кристопанс принудно опериран, го пропушта дуелот со Стеауа

48268975_10157628657630348_3698695371388616704_n

За екипата на РК Вардар нема мир оваа сезона. После Горбок, Фереира и Борозан, во низата на оперирани играчи се придружи и Даинис Кристопанс. Летонецот во редовите на Вардар предвреме го напушти дуелот со екипата на Татран Прешов, но не беше во очекување дека се работи за нешто сериозно. Сепак Кристопанс се здобил со руптура на тестисите поради, што морало ... Read More »

Кои се можните противници на Вардар во елиминациската рунда од ЛШ, има неколку варијанти, кои ќе бидат разрешени по конечниот пласман во групата

vardarfans-naslovna

Екипата на РК Вардар пред продолжување на натпреварите во Лигата на Шампионите, од месец февруари следната година, се наоѓа на второто место во најсилната група А. Со оглед на бројните промени во составот пред почетокот на сезоната и тоа што се наоѓаме во групата на “смртта“ ова е добар пласман на црвено-црните после одиграни 10 натпревари. Останува да одиграме уште ... Read More »

Милосављев и Кизиќ во ТОП-5 најдобри голмани во СЕХА-лигата, според процентот на одбранети удари

gol

После 12 одиграни кола во СЕХА-лигата, екипата на Вардар се наоѓа на првото место на табелата. Актуелниот освојувач на лигата има скор од десет победи и два порази, а последниот триумф беше во дуелот со екипата на Татран Прешов. До крајот на годината ни останува да го одиграме уште дуелот со екипата на Стеауа на гостински терен. Двајца наши голмани ... Read More »