Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 560)

Прв Тим

И Шишкарев останува „црвено – црн“

vardarfans-siskarev

Управата на Вардар не запира, по Карачиќ, Абутовиќ и Борозан, следен кој ќе го продолжи договорот со шампионот на Македонија ќе биде десното крило од Русија Данил Шишкарев. Шишкарев во Вардар дојде во 2014 година од Русија, леворакиот играч во таборот на шампионот на Македонија треба да остане и во наредните две или три години. Покрај овие досегашни нови договори, досега ... Read More »

Гласајте за Дибиров, Душебаев, Абутовиќ и Гонзалес, во изборот за најдобар тим во лигата на шампиони

vardarfans-izbor

Тројца ракометари на Вардар се најдоа во изборите за најдобри на своите позиции, во лигата на шампионите за оваа натпреварувачка сезона. ЕХФ е во потрага за најдобриот тим оваа сезона во најголемото ракометно натпреварување, а фановите ќе имаат можност со своите гласови да го изберат идеалниот тим. На позицијата лево крило е номиниран Тимур Дибиров, кој е наш втор најефикасен ... Read More »

Познати саатниците на одигрување натпревари на завршниот турнир од ракометниот куп, ТВ Телма ќе врши директни преноси

vardarfans-termini

Претстојниов викенд ќе се одигра завршниот ракометен турнир од купот на Македонија во машка конкуренција. Денес црвено-црните го играат финалниот натпревар во четвртфиналната група од купот против екипата на Радовиш. Вчера Вардар немаше поголеми проблеми и забележа рутинска победа против Борец. Ракометната федерација на Македонија со посредство на ТВ Телма, како телевија која ќе го пренесува завршниот турнир ги објавија ... Read More »

Вардар го совлада Борец и утре преку Радовиш, ќе бара “виза“ за учество на завршниот турнир во купот

vardarfans-rk-vardar

Екипата на РК Вардар продолжува со победите на домашната сцена. Избраниците на Раул Гонзалес денес во спортскиот центар Јане Сандански одиграа натпревар во рамките на четврфиналната група од купот на Македонија. Поради настапите во лигата на шампиони, црвено-црните најдоцна ги играат натпреварите во овој дел од националниот куп. Тие денес немаа проблеми, совладувајќи ја екипата на Борец, со убедливи 48:28. ... Read More »

Абутовиќ уште три години “црвено – црн”

Ilija-Abutovic-vardarfans

Специјалистот за одбрана во редовите на Вардар, Илија Абутовиќ го продолжи договорот со шампионот на Македонија на уште три сезони. Значи Абутовиќ дел од Вардар ќе остане најмалку до 2020 година. Абутовиќ во Вардар дојде уште во 2011 година. Уште од првата сезона Илија покажа дека е фантастичен играч кој игра на многу високо ниво во одбраната. Нападот е негова послаба страна, ... Read More »

РК Вардар денес игра со “фенерџијата“ ГРК Борец

jj2

До крајот на плеј-офф сегментот во машката ракометна Супер лига остануваат уште три кола, по крајот на 7.коло РК Вардар е лидер на табелата со 18 бода колку и Металург кој е зад нас. Следен натпревар кој ги очекува момците на Раул Гонзалес е натпреварот со велешани  екипата на ГРК Борец. Тој дуел е на програмата денес, понеделник 15-ти мај. ... Read More »

(ВИДЕО) Борозан се најде во идеалниот тим на мајските квалификации за пласман на ЕП во 2018 во Хрватска

vardarfans-borozan

Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан е избран во идеалниот тим на мајските квалификации, за пласман на европското првенство кое во 2018 година ќе се одигра во Хрватска. Црна Гора во тој период одигра два натпревари против селекцијата на Словачка, забележувајќи една победа и нерешен резултат. На тие два натпревари Борозан постигна 18 голови. Воедно тој е втор најдобар стрелец, ... Read More »

Душебаев и Македа се одмараат со правење на скара

vardarfans

После победите против Металург и Работник, екипата на РК Вардар денес имаше слободен ден. Токму играчите на црвено-црните, Хорхе Македа и Алекс Душебаев го искористија овој сончев ден за одмор, но и правење скара. „Ден за скара! Денес, ние сме готвачите!, напиша на својата страна, Душебаев кој е во друштво со Македа. Покрај на теренот, сега можете да ги видите и ... Read More »

Вардар чекори кон титулата, лесно совладан тимот на Еурофарм Работник

36

Ракометарите на Вардар продолжуваат да чекорат шампионски во Супер лигата. Попладнево “црвено – црните”  лесно и убедливо со резултат 37-19 (19-9) го совлада тимот на Еурофарм Работник. Со оваа победа, сега Вардар е на само три чекори до одбрана на шампионската титула. Тимот на Работник на овој меч се држеше само во почетните 15-сетина минути, потоа Вардар додаде во “втора брзина”, па ... Read More »

Карачиќ: Одигравме многу добро, како со Фленсбург во ЛШ

vardarfans-karacik

Вардар беше убедлив во дербито со екипата на Металург, совладувајќи го со резултат 38:25. После ова коло двете екипи имаат еднаков број на освоени бодови, но во таков случај на крајот црвено-црните ќе бидат шампиони на Македонија. Игор Карачиќ беше втор најдобар стрелец со 7 постигнати голови во триумфот, против тимот од Автокоманда. -Одигравме многу добро како и со Флензбург ... Read More »