Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 571)

Прв Тим

Вардарци денес против Охрид, СТРИМ од натпреварот

За РК Вардар нема одмор, денеска нашите играчи ќе одиграат уште еден натпревар во ракометната лига. Во рамките на 4. коло, Вардар ќе гостува во Охрид кај истоимената екипа. Вардар овој натпревар ќе го дочека како второпласирана екипа во лигата, со трите победи во низа, сега нашите ракометари имаат три победи и еден пораз. Натпреварот против овој тим се игра ... Read More »

Совладан и вториот битолски тим, убедлива победа на Вардар

Ракометарите на Вардар ја запишаа втората победа во низа во ракометната Супер лига, попладнево нашите ракометари на домашен терен лесно и убедливо го совладаа тимот на битолски Пелистер со резултат 41:26 (21:12). Со оваа победа сега нашиот тим е на скор од две победи и еден пораз, следен противник на нашиот тим е РК Охрид. Првиот дел вардарци го одиграа ... Read More »

РК Вардар стигна до првата победа во супер-лигата, во Битола ја совладавме екипата на Еурофарм Работник

Вардарци по освоениот трофеј во СЕХА-лигата се вратија на домашните обврски. Вечерва во Битола, избраниците на Раул Гонзалес гостуваа на екипата на Еурофарм Работник, која ја совладавме со резултат 19:24. Ова беше прв триумф за Вардар во плеј-офот од супер лигата. Натпреварот со одбрана од пенал го започна Страхиња Милиќ, додека ние во првиот свој напад реализираме преку Карачиќ. Во ... Read More »

Мечот Фленсбург – Вардар е прогласен за натпревар на неделата во ЛШ

На 22-ри април од 17:30 часот се игра првиот четврфинален дуел во лигата на шампионите помеѓу екипите на Фленсбург и Вардар, а истиот според ЕХФ е прогласен за меч на неделата во ЛШ. После освојување на СЕХА-лигата нов мотив и цел за црвено-црните е пласманот на завршниот турнир во Келн. За да се случи тоа, ќе мора да ја поминеме ... Read More »

Денеска Вардар гостува во Битола кај Еурофарм Работник

rkv

РК Вардар им се враќа на натпреварите во ракометната Супер лига. По успешната недела мината во Белорусија, нашите играчи сега фокусот го насочуваат кон натпреварите во домашниот шампионат. Вечерва вардарци ќе му гостуваат на тимот на Еурофарм Работник во Битола. Екипата од Битола во плеј оф делот имаат одиграно два натпревари, на кои забележаа победа против ГРК Борец и пораз во ... Read More »

Задоволства во Вардаровиот табор од победата против Веспрем и освоениот трофеј во СЕХА-лигата

Нашиот ракометен шампион стигна до третиот трофеј во СЕХА-лигата, со што стана најтрофејната екипа во ова натпреварување. Црвено-црните се “одмаздија“ за поразот од минатата сезона во Вараждин од истиов противник и победија со резултат 26:21. Може да се каже заслужена победа за Вардар кој имаше водство во текот на целиот натпревар, додека Веспрем беше тој кој постојано бркаше негатива. По ... Read More »

(ВИДЕО) Каков погодок на Дибиров!

Тимур Дибиров уште еднаш покажа за каков ракометен генијалец станува збор. Нашето крило на натпреварот против Веспрем го постигна според нас најубавиот погодок на мечот. Според СЕХА, Дибиров е избран за играч на овој натпревар. Нашиот Дибиров во победата на Вардар постигна вкупно пет погодоци. Погледнете ја оваа мајсторија на нашиот Дибиров. Read More »

(ВИДЕО) Штербик со најубави две одбрани на мечот

На полуфиналниот натпревар против Загреб одбраната на натпреварот му припадна на Милиќ, овој пат во финалето против Веспрем одбраната на мечот му припадна повторно на наш голман, овој пат на Арпад Штербик. Нашиот Штербик на два наврати одбрани одлично против двајца играчи на противникот. Нашиот голман е еден од најзаслужните за третиот освоен трофеј, со оглед на одбраните кои ги ... Read More »

Кањелас МВП на завршниот турнир, четворица играчи на Вардар во идеалниот тим

Вардар е новиот шампион во СЕХА-лигата. Вечерва во градот Брест се одигра големото финале во ова натпреварување помеѓу екипите на Вардар и Веспрем. Црвено-црните се покажаа како далеку подобар тим од противникот, каде во текот на целиот меч имаше постојано водство. На крајот заслужена победа, изразена со резултат 26:21. По завршување на финалниот дуел беше избран и идеалниот тим на ... Read More »

ТИТУЛА ВО СЕХА! ВАРДАР Е МНОГУ МОЌЕН, ПОБЕДА ЗА ПРВ ПЕХАР СЕЗОНАВА

Вардар е нов владетел во Регионот! Нашиот тим дојде до третата титула во СЕХА – лигата, вечерва нашите играчи во еден многу возбудлив натпревар го совладаа тимот на Веспрем со резултат 26:21  (11:11) и му се одмаздија за минатогодишниот пораз во Вараждин. Ова е првиот трофеј сезонава за нашиот тим, честитки! Како и што се очекуваше, првиот дел помина во ... Read More »