Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв тим (page 102)

Прв тим

Преглед 16коло! ЖРК Вардар и ривалите од врвот со победи овој викенд

y-660x330

Викендов низ земјава во пет сали се одигра 16.коло во женската ракометна Супер лига. Водечките пет екипи на табелата имаа дуели со тимовите од втората половина на истата и во сите успеаа фаворитите да победат. Од водекото трио Металург дома го совлада засилениот Спартак, кумановки имаа лесна задача во гости кај “фенерџијата“ Овче Поле. ЖРК Вардар издоминира во средбата на ... Read More »

(Фотогалерија) ЦЕМС “лесен залак“ за разиграниот ЖРК Вардар

24

Викендов,  ЖРК Вардар го одигра првиот домашен дуел во Супер Лигата, ни гостуваше ЦЕМС во  СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Девојките на Симовски и Царчев триумфираа на доминантен начин со резултат 34-14.  Победникот беше познат и по 30.минути ракомет кога водевме со плус десет, 18-8. Голманките на Вардар, на оваа средба имаа најдобри бројки,  Јована Трајкоска  имаше 7 одбрани ( 46% успешност, 7/15) и Грујовска Симона имаше ... Read More »

ЦЕМС потопен од вардарки, Трајкоска и Грујовска со по 7 одбрани најистакнати во оваа суперлигашка средба

f

Денес, ЖРК Вардар го одигра првиот домашен дуел во Супер Лигата, тие беа домаќини на екипата на ЦЕМС во дуел кој се одигра во големата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Девојките на Симовски и Царчев триумфираа на доминантен начин со резултат 34-14. Отворивме одлично, наметнавме ритам на почетокот со два гола на капитенот Диневска Бојана и Мирјана Петковска, ... Read More »

Преглед женска Супер лига! Вардар остана во топ-3 по гостинската победа в Гевгелија во 15.коло

zrk

Викендов се одигра 15.коло во женската Супер лига, односно првото пролетно од сезоната 2018/2019 година. Тритте водечки екипи дојдоа до победа. Металург дојде до гостинска победа со десет гола предност во Битола кај Пелистер, а пак Куманово го совлада на домашен терен тимот на Стружанка екипа на која и се одлепивме на плус три по ова коло. Девојките на Симе ... Read More »

Среќен роденден Андреа

hh6

Денес свој роденден прославува бекот на црвено-црните, Андреа Седлоска. Таа и остатокот од тимот играат сезона во која одлично котираат во Супер лигата и младинската конкуренција. Честитки за роденденот до вардаровата ракометарка. Среќен роденден Андреа!!! Read More »

Среќен роденден Симовски, честитки и за признанието “Оскар“ за најдобар селектор

hh2

Тренерот на женскиот клуб Вардар, познатиот ракометен стучњак Симе Симовски денес го прославува својот 48-ми роденден. Редакцијата на Вардар Фанс му го честита истиот и му посакува многу успех и здравје. Покрај  роденденот, му упатуваме честитка и за наградата “Оскар“ која ја доби на манифестацијата “Асовите бираат асови“. Тренерот на вардарки и македонски селектор доби признание за “Најдобар селектор на ... Read More »

ЖРК Вардар победи со пресврт во вториот дел против Гевгелија, третта победа по ред на црвено-црните со овој ривал за 10 дена, Трајковска одлична

q

Денес во салата “26 Април“ во Гевгелија, тимот на ЖРК Вардар гостуваше кај истоимениот женски тим на дуел од првото пролетно коло во Супер лигата. Избраничките на Симовски, Ристова и Царчев успеаа да победат третти пат за десет дена  кај истиот ривал. Домашната, екипа ја совладавме минатата среда во младинската лига, додека во саботата и во 1/4-финалето од Купот на Македонија. ... Read More »

Среќен роденден Мирјана Петковска

mimi

 Денес свој роденден слави десното крило на првиот тим на  ЖРК Вардар, таленираната Мирјана Петковска.  Станува збор за играч со експлозивна контра, прецизна при изведување на казнените удари, и одличен стрелец. Мими е втор стрелец во тимот во суперигашката конкуренција, исто така оваа пролет со дури 29.гола на само 4 меча е втор стрелец и во младинската лига. Редакцијата на Вардар ... Read More »

Започнува Супер лигата, Вардар по третти пат гостин на Гевгелија

t1-660x330

Викендов по зимската пауза започнуваат дуелите во женската Супер лига, црвено-црниот женски сениорски тим во само десет дена по третти пат гостува во салата “26 Април “ во Гевгелија. Повторно играме против истоимениот тим, екипа која ја совладавме минатата среда во младинската лига, додека во саботата и во 1/4-финалето од Купот на Македонија. ЖРК Вардар пролета ја започнуваат во топ-3 сегменот ... Read More »

Преглед Куп! Вардар си обезбеди 1/2-финале, покрај нас на Ф4 се Металург и Куманово, последниот “патник“ ќе се знае дополнително

На пет терени во земјава, викендов се одиграа  натпреварите од четвртфиналето во женска конкуренција во Купот на Македонија. Очекувано фаворитите, топ-3 тимовите од лигата остварија лесни и двоцифрени победи над своите ривали. Веќе се познати три патници  на завршниот турнир, каде пласман го обезбедија: Вардар, Металург и Куманово. Четвртиот патник  ќе биде познат по одигрувањето на дополнителниот дуел  помеѓу Пелистер и Стружанка. ... Read More »