Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Author Archives: М.Т - Лико (page 991)

Author Archives: М.Т - Лико

(ФОТО) Митјиланд одржа тренинг во Јане Сандански

f

Ракометарките на Митјиланд актуелните шампионки на Данска во текот на вчерашниот ден  тренираа во нашиот спортски храм С.Ц. “Јане Сандански“. Во оваа сала данските ракометарки  првпат досега ќе гостуваат. Мечот денеска (недела) е закажан  со почеток во 15 часот и 15 минути. Тимот на дански Митјиланд вчера попладне го почувствува паркетот и ги видоа условите за одигрување на денешниот трет дуел во ... Read More »

(ФОТО) Жрк Вардар Јуниор со супериорен старт 4-та победа од 4 одиграни меча, последна “жртва„ Ѓорче

y

Избраничките на Симе Симовски имаат супериорен старт во “Скопско Супер лигата“ тие во четвртиот дуел ја забалежаа четвртата победа со што го заземаа лидерското место на табелата. Младите девојки без особени проблеми како домаќини однесоа  победа со екипата на ЖРК Ѓорче со резултат 34-17, а дуелот на полувреме беше 15-6. Ракометарките на Ѓорче отворија со 0-1, но брзо покажавме дека ... Read More »

ТВ Пренос од денешниот меч Вардар јуниор-РК Работнички 18часот

aq

Во рамките на 8-коло во најсилната македонска ракометна лига-Супер лигата денеска во  С.р.ц “Кале“ нашите млади ракометари од тимот на Вардар Јуниор  ја пречекуваат екипата која годинава има квалитетен тим, нов спонзор и амбиции во македонскиот ракомет тимот на РК Работнички. Судии на натпреварот се делегирани од РФМ : Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, а делегат Ацо Николовски. Ова градско ... Read More »

ВИДЕО СТРИМ! Металург- Вардар 13-30 часот

27

Дуелот од 13.коло во првата македонска фудбалска лига помеѓу домаќинот последнопласираниот тим во лигата ФК Металург и лидерот на македонската лига Вардар ќе може да го проследите низ директен пренос преку видео стрим. Црвено-црните по 12 кола имаат 30 бода, а домаќинот  “фенерџијата“ Металург има само 5 освеоени прволигашки бодови. Мечот се игра на стадионот “Борис Трајковски“ во скопската населба ... Read More »

Мустафи Фатон главен арбитaр на мечот Металург-Вардар

vardarfans-01

 Фатон Мустафи од Тетово е делегиран за главен арбитар на правдата на денешниот дуел на Вардар и “фенерџијата“ Металург. Овој дуел ќе се одигра денес со почеток во 13 часот и 30 минути на  стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. Фудбалската федерација за помошници ги делегираше Небојша Ѓорѓиевски од Брвеница и Дарко Јовчевски од Тетово, а четврти судија на мечот ќе биде ... Read More »

Победничката серија на ФК Вардар продолжува, во недела гостуваме кај “фенерџијата“ Металург во Маџари

rr

Избраниците на Гоце Седлоски се вратија на победничките патеки повторно по ремито со Шкендија на домашен терен во средата нагости во Охрид однесоа минимална победа со екипата на ФК Младост Ц.Д од 0-1. Стрелец на единствениот гол од пенал во 36 минута беше бразилскиот интернационалец Филипе. Веќе во недела мора да продолжи серијата на гостински победи лидерот Вардар гостува кај ... Read More »

РК Работнички следен предизвик за младите ракометари на Вардар Јуниор

vardarfans poraz na vardar junior

Младите ракометари на Вардар од екипата на суперлигашот Јуниор во недела на домашен терен во С.р.ц “Кале“ ја пречекуваат екипата која годинава има квалитетен тим, нов спонзор и амбиции во македонскиот ракомет тимот на РК Работнички. Ова градско дерби е закажано со почеток во 18-00 часот. Нашите ривали се на второто место од табелата во Супер лигата, тие имаат еден ... Read More »

Падна и Младост Ц.Д, Вардар победи на гостувањето со 0-1

19

Вардар денес повторно однесе победа во домашната лига, на гостувањето во Охрид кај екипата на Младост Царев двор победи со минимални 0-1. Гоце Седлоски се одлучи за следните 11-сетмина да го почнат мечот во Охрид: 28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 11. Асани, 16. Глигоров, 17. Стојков, 19. Хамбарџумјан, 22. Ивановски, 70. Фелипе. Вардар од почетокот резервирано ... Read More »

ВИДЕО СТРИМ! Младост Ц.Д- Вардар 13-30ч

3

Во 13-30 часот на  стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одигра дуелот од 12 коло во првата македонска лига помеѓу домаќинот ФК Младост од Царев Двор и нашиот ФК Вардар. Од овој меч ќе може да следите директен пренос преку видео стрим. Вардар како лидер влегува во ова соочување со желба да ја продолжи победничката серија на гостински терен. На овој ... Read More »

Во продажба се билети за Сеха-мечевите со Мешков и Борац, по цена 50 денари

vardrafans-rk-16

Вардарци оваа недела имаат два домашни дуели во СЕХА Газпром лигата. За истите во кои ќе се сретнеме со Мешков и  Борац се  пуштени билети во продажба. Првиот дуел се игра денес, а вториот во сабота во нашиот спортски ракометен храм “Јане Сандански “. Натпреварот меѓу Вардар и Мешков, од СЕХА Газпром лигата ќе се игра на 28 октомври, во 17:45 ... Read More »