Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > Author Archives: Д.Гогов (page 108)

Author Archives: Д.Гогов

(Ново ретро видео од Скопје) Вардар – Порто, 27.минутно уживање!!

297-zlatnata-vardarova-generacija-ja-osvoi-shampionskata-titula

Ретро видео. ФК Вардар ја претставуваше тогашната држава во Купот на Европските шампиони и играше против Порто од Португалија. 3:0 за тимот на тренерот Томислав Ивиќ заврши овој дуел на Градски, за кој играа покрај другите Млинарчик, Жоао Пинто, Руи Барош, Маѓер.. тоа е тим кој неколку месеци претходно во финалето на ЛШ го победи Баерн Минхен. За Вардар пак, кој ... Read More »

Скубе: Самсоненко нема да биде во клубот наредната сезона

vardarfans-skube

Средниот бек на РК Вардар, Сташ Скубе, во интервју за „Балкан Хендбол“ рече дека Сергеј Самсоненко нема да биде во клубот од наредната сезона и дека наскоро ќе реши дали ќе остане и наредната сезона во Скопје. „Јас сум оптимист и искрено се надевам дека работите ќе тргнат на подобро. Сакаме чесно до крајот да ја доиграме сезонава, па ќе видиме како ќе се ... Read More »

„СЕДИ ДОМА КАМПАЊА”: Вардарци пречекани од 100.000 навивачи (ВИДЕО)

vardar-fans-navivaci-plostad

100.000 ,,Црвено-црни” на ,,Плоштадот Македонија” славеа втора европска титула на Ракометниот клуб Вардар. ,,Вардар Фанс” вели, одвојте близу два часа и погледнете го овој незаборавен спектакл. Видео од незаборавниот пречек на ракометарите на РК Вардар: Read More »

(ВИДЕО) Капитенот на Вардар се одржува во форма

91048691_1790794024391589_7121520999035568128_n

Најдобриот голман во ПМФЛ и чувар на мрежата на Вардар, Филип Гачевски се држи до препораките на својот тренер Васоски, па така објави уште еден видео клип каде што е во вежбалница и вредно работи во овие тешки денови за фудбалерите. Видеото на нашиот голман каде што вежба можете да го погледнете ТУКА. Инаку, покрај него и Владица Брдаровски објавува видео ... Read More »

„СЕДИ ДОМА КАМПАЊА” Како Вардар ја надигра Слога и дојде до Куп титулата пред преполниот Градски

saas

Во финалето во таа 1999 година Вардарци го совладаа градскиот ривал Слога Југомагнат со 2:0. Победата на овој натпревар ја најави голот на Ванчо Трајчов во 68. минута, а потоа Артим Шаќири ја запечати победата во финишот од натпреварот. Во тоа време, нашиот стручен штаб го предводеше рекордерот според одиграните натпревари за првиот тим на Вардар, Кочо Димитровски. Негови соработници ... Read More »

Среќен роденден Најдоски!!

unnamed

Роден на 26 март 1964 година во славното Крушево, Илија Најдоски со право се вбројува како  еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата на ФК Вардар. Ненадминлив по својата борбеност во играта во одбраната, Најдоски вардаровите бои ги бранеше во периодот од 1984 до 1988 година. Поранешниот македонски репрезентативец, има одиграно вкупно 134 средби, од кои 75 првенствени во „црвено-црниот“ ... Read More »

Вардар – ПИК Сегед во јуни!!

vardarfans-rk

ЕХФ одреди нови датуми за 1/8 финалниот натпревар на Европскиот првак Вардар и екипата на ПИК Сегед. Па така првиот дуел во Скопје ќе се одигра на 3 или 4 јуни, додека пак реваншот во  сабота/ недела (6-7 јуни). Доколку биде се како што треба, Вардар за овој двомеч ќе го има целиот ростер вклучувајќи ги Ристовски и Дисингер. До 15 ... Read More »

(ВИДЕО) Прибак со гол во последните секунди, „Комити” на терен, Вујо ги спасува!!

fsd

Се враќаме малку наназад, во 2012 година и незаборавниот натпревар на „Кале” помеѓу ривалите Вардар и Металург. Се играше СЕХА натпревар, Прибак погоди од супер позиција за голема победа, делириум во преполната сала и на крајот Вујовиќ ги „спасува Комитите” кои започнаа славје на теренот – незаборавно. Видео од последните мигови од дуелот на „Кале”: Read More »

ФК Вардар до крајот на април треба да ги достави своите документи за финансиското работење

fkv-vardarfans-vardar-fener-gradski-crveno-crni

Фудбалската федерација на Македонија денеска објави дека клубовите ќе може да ги достават своите документи за финансиското работење до крајот на април, а не како што беше првично до крајот на овој месец. Значи, доколку сака ФК Вардар да игра оваа година во евро-куповите, ќе треба да ги комплетира документите за финансиското работење до крајот на април. Во соопштението на ФФМ ... Read More »

Снег, дожд, а Брдаровски тренира!!

90553158_206033417334950_2486258255852994560_n

Тренерот на ФК Вардар, Александар Васоски сигурно е дека сака вакви фудбалери да има во редовите на својот тим. Снег, дожд, студено време, вирус – тоа не му пречи на Владица Брдаровски да одржи тренинг сам и да биде во топ форма во овие денови кога екипата е „распуштена” и не се знае кога ќе продолжи со тренинзи и натпревари. Големо ... Read More »