Спектакл имаше вечерва на Градски во изведба на навивачите на Вардар, ,,Комити”. Присутни беа и фудбалерите на ФК Вардар кои се вратија од Охрид и имаа што да видат на својот стадион како увертира за неделниот натпревар. Како изгледаше сево ова вечерва, погледнете ТУКА и ТУКА. Read More »
Author Archives: Д.Гогов
(ФОТО) Вечерва спектакл на „Комити“
Најверната поддршка на ФК Вардар го најави дербито со Пелистер во недела на еден ретко виден начин. Приврзаниците на „црвено-црните“ направија факлијада, а потоа со песна ги поздравија и фудбалерите на Вардар и им дадоа мотивација, кој исто така беа присутни на стадионот. Да потсетиме дека е успешна и акцијата ,,Купи билет за спас на ФК Вардар”, па по тој повод ... Read More »
Дами и господо близу сме.. продадени над 30.000 билети!!!
Многу сме близу до целосно распродавање на капацитетот на Градски… Остануваат уште неполни три дена до дербито со Пелистер, на кој сите сонуваме дека целиот стадион ќе биде распродаден и сите заедно ќе испишеме една огромна страница во историјата на клубот. Купете билети и бидете и вие дел од оваа историја. Истото можете да го сторите ТУКА. Read More »
Џиџи ја менува формацијата
Уште точно четири дена остануваат до најголемото фудбалско дерби на Македонија. Вардарци на големо се подготвуваат за првата пролетна пресметка, а новиот нивни тренер, Никола Илиевски – Џиџи со својот стручен тим ја ,,крои” и тактиката. Според она што го дознаваме, Џиџи ја менува формацијата на Вардар од 3-5-2 во 4-4-2, па така тимот се враќа со четири играчи во ... Read More »
Снегот го блокира дербито
Снегот во државава не престанува да паѓа, па токму затоа е под голем прашалник утрешниот дуел на Вардар и Пелистер како и сите останати. Арената е целосно покриена со снег. Иако сеуште нема официјални информации, постои голема веројатност дека сите дуели утре ќе бидат одложени. Можеби ова е добар податок за Вардар, ако се знае дека екипата каснеше со подготовки. ... Read More »
(ФОТО) На ,,Комитите” не им пречи ниската температура за да го најават утрешниот дерби дуел
На ,,Комитите” не им пречи што температурата е длабоко под нулата и има снег во нашиот главен град за да го најават утрешниот дерби дуел со екипата на Пелистер. Навивачите на Вардар потенцираа дека клубот ќе живее. Нивното соопштение во продолжение: Има една парола која во последно време ја потенцираме, а споменувајќи ја веќе стана дел од нашите мисли. Тоа ... Read More »
ОВА Е ФУДБАЛСКИ БРЕНД: Вардар продаде РЕКОРДЕН број на влезници!
,,Комитите” штотуку известија дека е пробиена бариерата од фантастични 20 илјади продадени билети за неделниот натпревар против Пелистер. Со оваа бројка на два дена до натпреварот, поставен е нов рекорд на продадени билети на еден домашен натпревар на една екипата од нашата земја. Ова уште еднаш докажува и покажува за каков фудбалски бренд станува збор. Но, тоа не е се. ... Read More »
Јужната трибина е целосно РАСПРОДАДЕНА
Фантастично тече акцијата на ,,Комитите” купи билет за спас на ФК Вардар. Откако беше комплетно распродадена Западната трибина од околу 5000 седишта, дојде ред целосно да се распродаде и Јужната трибина, која е со капацитет од околу 10.000 седишта. Остануваат уште точно три дена до натпреварот со Пелистер. Ако продолжи акцијата во ова темпо, речиси сигурно ќе имаме над 22.000 ... Read More »
Вардар ги ,,пали моторите” за еден час на Академијата
Конечно по долга неизвесност, денес Вардар ќе ги започне подготовките за дуелот со Пелистер во недела. За околу еден час, фудбалерите на Вардар ќе имаат тренинг на Академијата на клубот. Ќе видиме низа на искусни фудбалери, но и многу млади надежи. Инаку, пропаѓа можноста за трансфери и дефинитивно. Read More »
Вардарци утре започнуваат со тренинзи
Како што дознава ,,ВАРДАР ФАНС” од извори од клубот, утре конечно фудбалерите на ФК Вардар ќе го имаат првиот тренинг во новата година и со самото тоа ќе започне подготовката за првиот пролетен натпревар против екипата на Пелистер во недела. Утре најпрвин вардарци ќе се соберат и ќе направат корона тестови, а потоа ќе означат и старт на подготовките. Првиот тренинг ... Read More »