Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 781)

Author Archives: Звонко Ивановски

Помладите пионери на Вардар Јуниор поразени од повозрасната екипа на Аеродром

vardarfans-5

Денес во спортската сала во населбата Автокоманда се одигра натпревар во пионерската лига, помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Аеродром. Помладите избраници на Зоран Петковски, ракометари родени 2004/05 година немаа сили да се спротивстават на повозрасната екипа на Аеродром (2002 година). Вардар на првиот гол чекаше до 11 минутакога резултатот на семафорот гласеше 11:1. Нашите голмани немаа одбрана во првото ... Read More »

Против Загреб за продолжување на победничката серија и задржување на првото место во групата

vardarfans-rk-vardar

Загреб е денешниот противник на Вардар во рамките на третото коло од лигата на шампионите. По две одиграни кола, Вардар има исто толку победи, додека шампионот на Хрватска се уште чека на првиот триумф, откако еднаш ремизираше и беше поразен во минатото коло и тоа на домашен терен од тимот на Пик Сегед. Во првото коло ги подели бодовите со ... Read More »

Фотогалерија од двата натпревари на Вардаровата генер. “2010“ во второто коло на детската лига

9

Генерацијата на ФК Вардар родени “2010“ година забележаа победа и нерешен резултат, во второто коло на детската лига. Вардар (1) ремизираше (1:1) со екипата на Форца, додека Вардар (2) го победи Њу Старс (6:3). Погледнете ја фотогалеријата од двата натпревари на најмладите Вардарци. Read More »

Сите Вардарови генерации се пласираа во 1/4 на турнирот “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад

40

Четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар денес ги стартуваа натпреварите на турнирот “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад. Вардаровата генерација родени “2006“ година под водство на Сашо Јанев во текот на денешниот ден одиграа три натпревари, на кои забележаа две победи и еден пораз. На првиот натпревар утрово за противник ја имавме екипата на Петрика, која ја совладавме со резултат од ... Read More »

Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2009“ во денешното коло од детската лига

vardarfans-pobeda-so-nju-stars

Денес на терените на ФК Работнички, генерацијата на Вардар родени “2009“ година го одиграа второто коло во детската лига. Избраниците на Златко Таневски забележаа половичен успех од една победа и пораз. Вардар (2) иако водеше со резулат 2:0, сепак со пресврт во второто полувреме екипата на Куманово 2012 успеа да забележи триумф. Младите Вардарци имаа поголем дел од играта во ... Read More »

Кадетките на РК Вардар подобри од Бек Подгорица, на првиот контролен натпревар на овие две екипи

vardarfans-naslovna

Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански пријателски натпревар одиграа кадетките на Вардар и Бек Подгорица од Црна Гора. Поуспешни беа Вардарки кои славеа со резултат 29:22. Се играа три дела, од кои два дела беа во времетраење од 20 минути, додека третиот дел се играше 10 минути. Во текот на целиот прв дел избраничките на Драгана Пецевска имаа ... Read More »

Четири генерации на ФК Вардар дел од турнирот “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад

21272421_1287537131350499_3210747158783472790_n

Четири Вардарови генерации претстојниве два дена ќе бидат дел од детскиот фудбалски турнир во Нови Сад, во чест на прославениот голман, Илија Пантелиќ. На овој турнир учество ќе земат повеќе од 90 екипи Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Србија. Промотори на манифестацијата се Драган Џајиќ, Мирзад Физлагиќ и Зорн Симовиќ. Свченото отварање на турнирот ќе биде ... Read More »

Победа и нерешен резултат за најмладите Вардарци родени “2010“ година, во второто коло од детската лига

vardarfans-naslovna-2

Победа и нерешен резултат за најмладата Вардарова генерација, дечиња родени “2010“ година во второто коло од детската лига. Денес на терените на ФК Работнички избраниците на Зоран Петковски одиграа два натпревари. На првиот се сретнаа екипите на Вардар (1) и Форца. Во еден интересен натпревар со многу шанси на двете страни, на крајот двете екипи ги поделија бодовите, играјќи со ... Read More »

Фелипе: Мило ми е што мојот гол го споредуваат со големи светски играчи како што е Марадона

vardarfans-izjava-felipe

Вардар не успеа да освои бодови на гостувањето во Трондхајм, откако го загуби и вториот натпревар во групната фаза против екипата на Розенборг. Сепак ќе се сеќаваме на првиот гол во овој дел од натпреварувањето, како прв во историјата на клубот, а него го постигна бразилецот Фелипе. Тој за официјалната страна на клубот изјави дека Вардар бил рамноправен противник и ... Read More »

Циндриќ, Чупиќ и Карачиќ на списокот на повикани ракометари, за подготвителните натпревари на Хрватска против Словенија

21317556_10156164741965348_2275612322122108864_n

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација на Хрватска повика тројца ракометари од Вардар, за подготвителните натпревари против Словенија, кои ќе се одиграат на 26-ти ноември во Љубљана и 28-ноември во Загреб, во рамките на ЕХФ неделата. На списокот од 21 ракометар се најдоа Лука Циндриќ, Иван Чупиќ и Игор Карачиќ. По подолго време во составот на Хрватска ќе се врати десното ... Read More »