Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 867)

Author Archives: Звонко Ивановски

Станковски: Во преден план ни е лигата на шампиони – Дамњановиќ: Будуќност е добра подготовка за Ф4 во Будимпешта

Екипата на ЖРК Вардар ќе игра во големото финале на регионалната лига, откако попладнево ја совладаа екипата на Подравка. Овие два дена спортскиот центар Јане Сандански е домаќин на завршниот турнир во ова натпреварување, а црвено-црните немаа поголеми проблеми на патот до финалето. Подравка само во одреден период од мечот пружи отпор, кој не беше доволен на крајот да се ... Read More »

Камила Херем и Вардар се разделуваат на крајот од сезоната, по барање на Норвешката репрезентативка

Камила Херем по само една сезона помината во Вардар, го напушта Скопје и се враќа во својата татковина. По нејзина желба договорот е првично прекинат, откако Норвешката репрезентивка требаше да остане уште најмалку една сезона во црвено-црниот дрес. Таа дојде од екипата на Холстебро и до овој момент постигнаа 33 голови за Вардар во лигата на шампионите. -На барање на ... Read More »

(Фотогалерија) Пет голови во мрежата на Албион, од Вардар (1) генерација “2005′

Екипата на Вардар (1) од генерација “2005“ викендов одигра натпревар во детската лига против екипата на Албион. Нашите млади надежи немаа поголеми проблеми на овој натпревар и славеа убедливо со резултат 5:0 и останаа на врвот со максимален број на освоени бодови во детската лига. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар. Read More »

Натпреварите на ЖРК Вардар на Ф4 во регионалната лига со директни преноси на МТВ-1

Претстојниве два дена спортскиот центар Јане Сандански ќе биде домаќин на завршниот турнир во женската регионална лига. Четири екипи ќе се борат за првото место, меѓу кои е и нашиот ракометен шампион. Во првото полуфинале кое започнува од 15:30 часот силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Подравка, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Будуќност и Крим, меч кој ... Read More »

Александро Прелоговски: Со триумфот против Шкупи, речиси и да ја загарантиравме титулата во регионалната лига

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ убедливо го добија дербито со екипата на Шкупи. Овој натпревар се играше на теренот на академијата, во рамките на регионалната-скопска лига и заврши со триумф на црвено-црните од 6:0. Ова беше вкупно 15 победа од исто толку одиграни мечеви за избраниците на Томче Трајановски, кои сигурно чекорат кон освојување на шампионската титула. После одигрување ... Read More »

Пет генерации на ФК Вардар следниве два дена ќе ги играат првите полуфинални мечеви во Купот

Пет генерации на фудбалскиот клуб Вардар во среда и четврток ќе ги одиграат првите полуфинални натпревари од купот на Македонија. Генерацијата родени “2002“ година утре со почеток од 15 часот гостуваат на екипата на ФК Талент од Битола. Противник кој не е многу познат за нашиот состав, кој ќе се обиде уште на првиот меч да извлече поволен резултат, за ... Read More »

(ВИДЕО) Како Вардар го победи Фленсбург на теренот на противникот

Одличен натпревар одигра нашиот ракоемтен шампион на гостувањето во “Фленс“ арената, совладувајќи ја екипата на Фленсбург (24:26) на првиот четвртфинален меч од лигата на шампионите. Избраниците на Гонзалес во целост ја запраа екипата на Фленсбург и нивната брза игра која ги краси тимовите од најсилната бундеслига. Арпад Штербик беше маестрален на голот со 17 одбрани, додека во нападот најаефикасни беа ... Read More »

Вардар не беше сам во “Фленс“ арената, околу стотина навивачи ги бодреа црвено-црните

Вардар го доби првиот натпревар во рамките на четврфиналето од лигата на шампиони, против екипата на Фленсбург. На теренот во Германија, црвено-црните излегоа како победници и славеа со резултат 24:26, што им дава голема шанса да го елиминираат бундеслигашот и да се пласираат на завршниот турнир во Келн. На гостувањето во Фленсбург, Вардар не беше сам и имаше поддршка од ... Read More »

Продолжуваат признанијата за Штербик, кој заедно со Милиќ се најдоа во изборот за најдобри одбрани на Ф4 во СЕХА-лигата

Екипата на РК Вардар го освои третиот трофеј во СЕХА-лигата, откако на завршниот турнир кој се играше во градот Брест го освои првото место. Во големото финале се сретнавме со екипата на Веспрем, која ја совладавме со резултат 26:21. Претходно во полуфиналето бевме подобри од тимот на ППД Загреб. На овој завршен турнир нашите двајца голмани Арпад Штербик и Страхиња ... Read More »

ПЕКОЛ ЗА ФЛЕНСБУРГ, КАРТИ ВЕЌЕ РЕЧИСИ И ДА НЕМА ЗА МЕЧОТ ВО ЧЕТВРТОК

Уште три дена до реванш натпреварот од четврфиналето на лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Фленсбург. Црвено-црните со два гола предност ќе го започнат реваншот во Јане Сандански. Билетите речиси да се распродадени и остануваат уште многу малку во продажба. Места засега има само на оние трибини, кои се лоцирани позади двата гола. Интересот за овој дуел се ... Read More »