Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 866)

Author Archives: Звонко Ивановски

Станковски: Се надевам дека со Будуќност ќе играме и во финалето на ЛШ – Радичевиќ: Среќни сме што победивме и што пехарот останува кај нас

Првиот трофеј во витрините на ЖРК Вардар во оваа натпреварувачка сезона. Нашиот ракометен шампион изминативе два дена беше домаќин на завршниот турнир во регионалната лига и истата успеа да ја освои. Вчера во полуфиналето ја победивме екипата на Подравка, за денес во големото финале силите да ги одмериме со тимот на Будуќност. Црвено-црните заслужено стигнаа до трофејот, со оглед дека ... Read More »

ПРВ ТРОФЕЈ ОВАА СЕЗОНА, ЖРК ВАРДАР Е ОСВОЈУВАЧ НА РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

Вардарки ја освоија регионалната лига, откако вечерва во големото финале беа подобри од екипата на Будуќност. Во едно неизвесно финале, црвено-црните славеа со резултат 27:25 и на тој начин го освоија првиот трофеј оваа сезона. Јованка Радичевиќ го отвори резултатот на овој натпревар, за веднаш после неа да погоди и Лекиќ, за водство од 2:0. Првиот гол екипата на Будуќност ... Read More »

Вардаровите пионери го добија дербито со Работнички и се најдоа на чекор до пласман на завршниот турнир

Попладнево во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра дербито во машката пионерска ракометна лига од групата 1, помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Избраниците на Андријана Будимир стигнаа до победата и се најдоа чекор поблиску до пласман на завршниот турнир. Гостинската екипа подобро го отвори овој натпревар и во три наврати имаше предност од два гола разлика. Беше 0:2, 1:3 ... Read More »

(ВИДЕО) Дибиров и Душебаев во избор за најубави голови на Ф4 во СЕХА-лигата

Екипата на РК Вардар триумфираше во шесттата сезона на СЕХА-лигата, совладувајќи ја екипата на Веспрем во големото финале. Ова беше трет трофеј за црвено-црните во ова натпреварување, со што станаа најтрофејната екипа во оваа лига. Тимот на СЕХА продолжува да врши избор на најдобрите моменти на завршниот турнир, кој оваа година се играше во градот Брест. После изборот за најдобри ... Read More »

Вардаровата генер. “2002“ заврши голема работа во Битола, совладувајќи ја убедливо екипата на Талент, на првиот меч од 1/2 на купот

Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2002“ година убедливо го доби првиот полуфинален натпревар од купот на Македонија. Попладнево избраниците на Петар Ѓорѓиевски гостуваа во Битола на екипата на Талент, во рамките на полуфиналето од купот на Македонија. Црвено-црните завршпија голем дел од работата уште на овој меч, славејќи триумф со резултат 0:3 Уште по првото полувреме имавме водство од ... Read More »

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ФК Вардар генер. “2003“ убедливо го доби првиот полуфинален меч од купот против Милано

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003 година денес го одигра првиот натпревар од полуфиналето во купот на Македонија. На теренот на академија, нашите млади надежи ги победија врсниците од Милано со резултат 3:0. На тој начин со значајна предност ќе го започнеме реваншот во Куманово за седум дена. Стрелци на головите беа Мирков, Мешкоски и Ѓорѓоски. Погледнете ја нашата фотогалерија ... Read More »

Пионерите на ФК Вардар со една “нога“ се во финалето од купот на Македонија, црвено-црните со 3:0 ја совладаа Победа од Прилеп

Пионерите на ФК Вардар со предност 3:0 од ќе го започнат реваншот од полуфиналето во купот на Македонија. Деенс на теренот на академијата, избраниците на Сашо Тодоровски го добија првиот полуфинален меч против Победа од Прилеп. Тенерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Ѓорѓиески, Стојчески, Антовски, Радевски,  Пешевски, Дарлишта,  Адем, Бериша, Реџепи, Благојевиќ. Динамично започна натпреварот, а својата прва шанса ... Read More »

“Нокаут“ за Милано, Вардаровата генер. “2003“ со значајна предност на првиот полуфинален меч од купот

Денес на теренот на академијата се одигра првиот полуфинален натпревар од Kупoт на Македонија, кај генерацијата родени “2003“ година. Во него екипата на Вардар успеа да слави во дуелот со Милано со резултат 3:0 и со значјна предност ќе го дочека реваншот за седум дена во Куманово. Тренерот Трајановски го започна мечот во следниот состав: Стојковски, Ѓорѓоски, Трпезановски Сељанац, Абдула, ... Read More »

Димитар Павловски: “Јуниор“ лигата е значаен проект на РК Вардар, со цел да се откријат и усовршат младите надежни ракометни ѕвезди

Полека наближува крајот на втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига, каде останува да се одигра завршниот турнир во две возрасни генерации во женскиот дел на ова натпреварување. Од порано се познати победниците во сите возрасни генерации во машкиот дел, како и сите останати пласирани екипи кои беа дел од завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Кај генерацијата родени 2002/03 првото ... Read More »

Вардарки во борба за првиот трофеј сезонава, денес во финалето на ВРХЛ се среќаваме со Будуќност

Денес со почеток од 18 часот се игра финалето во регионалната лига. Во него ќе се сретнат екипите на ЖРК Вардар и Будуќност. Ова е епилогот од вчерашните одиграни полуфинални мечеви, во кои црвено-црните беа подобри од Подравка (29:16), додека Будуќност го победи Крим (31:23). На претходните три турнири во регионалната лига, одигравме два натпревари со денешниот противник. По една ... Read More »