Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 936)

Author Archives: Звонко Ивановски

“Јуниор лига: Поделба на бодовите помеѓу РК Будимир и РК Карпош, во женскиот дел кај генер. 2000/01

19

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале продолжија натпреварите од шесттото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Требаше да се одиграат два натпревари во женскиот дел кај генерација родени 2000/01 година, но поради недопатувањето на РК Урдаревски беше одигран само еден меч во оваа конкуренција. Во истиот се сретнаа екипите на РК Карпош и РК Будимир, кои во еден интересен натпревар одиграа ... Read More »

Јуниор лига: (Фотогалерија) Женските екипи на РК Будимир и РК Карпош одиграа со нерешен резултат

20

На натпреварот во женска конкуренција кај генерација родени 2000/01 година екипите на РК Карпош од Куманово и РК Будимир од Скопје ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 10:10. И по првото полувреме резултатот беше израмнет 5:5. Извештај од натпреварот можете да погледнете ТУКА. Ви пренесуваме и фотогалерија од овој интересен натпревар Read More »

Лео Андрески: Проект како “Јуниор“ лигата е за почит, бидејќи им овозможува на многу деца да го остварат својот сон и да заиграат за ФК Вардар

vardarfans-naslovna

Пред нас е есенскиот дел во лигата на сите младински категории. За прв пат оваа сезона, генерациите родени “2002“ и “2003“ година добија шанса да се натпреваруваат во посебна регионална скопска лига. Овие генерации на фудбалскиот клуб Вардар со успех го завршија есенскиот дел од натпреварувачката сезона. Избраниците на Томче Трајановски станаа есенски шампиони, откако забележаа десет победи од исто ... Read More »

Последен натпревар на РК Вардар за годинава, четврто меѓусебно соочување за оваа сезона против екипата на Брест Мешков

vardarfans-rk-vardar

Денес со почеток од 15:30 часот нашиот машки ракометен шампион ќе го одигра последниот натпревар за оваа година против екипата на Брест Мешков, во рамките на регионалната СЕХА-лига. Со овој противник го започнавме ова натпреварување, кога на домашен терен во спортскиот центар Јане Сандански одигравме со нерешен резултат (34:34) кое беше наше единствено реми во ова натпреварување и во меѓусебните ... Read More »

Камила Херем ќе се бори за Европското злато, Лакрабер и Лејно ќе играат за третото место

vardarfans-herem-vo-finale

Вечерва се одиграа полуфиналните мечеви на Европското ракометно првенство во Шведска, по што се познати репрезентациите кои ќе се борат за златниот медал. Во големото финале ќе се сретнат Холандија и Норвешка. За нас поинтересен беше дуелот на Франција и Норвешка, на кој имаше три ракометарки на Вардар. Александра Лакрабер и Нора Морк ја имаа главната улога во првото полувреме ... Read More »

Нерешен резултат за Вардаровите пионери на вториот натпревар на “Локомотива куп“

vardarfans-pioneri

После првата победа против екипата на УБ (20:11), пионерите на ракометниот клуб Вардар го одиграа и вториот натпревар на силниот меѓународен турнир “Локомотива Куп 2016“ кој се игра во Брчко-Босна и Херцеговина. Вечерва избраниците на Андријана Будимир ремизираа со екипата на Каштел Сплит. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 14:14. Одлично го отворивме овој натпревар каде во првите пет минути ... Read More »

Вардарки едни против други во полуфиналето на ЕП, Херем на едната и Лакрабер и Лејно на другата страна вечерва ќе се борат за големото финале

vardarfans-ep

Вечерва ќе се одиграат полуфиналните натпревари на европското ракометно првенство во Шведска. Во нив се среќаваат Холандија-Данска и Франција против Норвешка. За нас многу поинтересен е вториот меч, во кој на теренот ќе излезат три Вардарови ракометарки и ќе се борат за големото финале. Камила Херем од едната страна, против Лакрабер и Лејно на другата страна ќе играат едни пртив ... Read More »

Теодора Златановска: “Јуниор“ лигата ни покажува колку сме научиле и ни овозможува од натпревар во натпревар се повеќе да напредуваме како играчи

vardarfans-rk-karpos-kumanovo

Се поголемо е црвено-црното семејство, во Ракометната академија на Вардар,  на почетокот на новата сезона во “Јуниор“лигата се приклучи и нова школа. Станува збор за  „РК Карпош-Вардар од Куманово.  Тимот на РК Карпош ќе им понуди можност на најмладите кумановчани да се вклучат во ракометната еуфорија што владее последниве неколку децении. Дел од оваа ракометна школа е Теодора Златановска, која ... Read More »

Шампионската генерација “2007“ продолжува со добрите игри и во новата сезона, Вардар (1) стана есенски шампион со дури 103 постигнати голови

vardarfans-gener-2007

Шампионската генерација на Вардар од минатата сезона, дечиња родени “2007“ година продолжуваат со добрите игри и во новата натпреварувачка сезона. Екипите вообичаено се поделени во две, кои одиграа вкупно 23 натпревари во своите групи. Вардар (1) кој го сочинуваат играчи кои станаа шампиони во минатата сезона се промовираа како есенски шампион и во оваа натпреварувачка сезона, а новиот тренер Зоран ... Read More »

Со победа завршен есенскиот дел во првата ракометна лига, Вардар 2 ја победи Риниа и се зацврсти на второто место, со само еден бод помалку од лидерот Младост

vardarfans-rk-vardar-2

Вчера на Кале се одигра последното есенско коло во првата ракометна лига. Екипата на РК Вардар 2 стигна до својата осма победа, откако беше подобра од екипата на Риниа М. Ова беше дерби на колото, со оглед дека двете екипи во пресрет на овој натпревар имаа по 22 освоени бодови. Вардарци во првите 15 минути од натпреварот беа во постојана ... Read More »