Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 34)

Прв тим

Во сабота, ФК Вардар ќе одигра пријателски натпревар со Македонија Ѓ.П

305751457_472246258277780_4103548987101093662_n

Претстојниов викенд нема да има натпревари во ПМФЛ и ВМФЛ, поради репрезентативни настапи. Вардар во сабота (24.09) ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П, со цел да се одржи континуитет, но и да се подигнува формата и да се испробуваат тактички замисли пред продолжување на натпреварите во ВМФЛ. Натпреварот во сабота ќе се одигра на стадинот во Ѓорче, ... Read More »

Гачевски со порака до „хејтерите“: Вардар е конечно таму кај што треба, на врвот

gaca

Вардар има задача таму и да остане, порача капитенот и прв голман на „црвено-црните“, Филип Гачевски. „После долго време се вративме каде што треба да бидеме, на врвот“ – порача популарниот Гача, обраќајки им се очигледно на сите „хејтери“ кои не веруваат дека Вардар сезонава ќе се врати во ПМФЛ. Гачевски оваа сезона е најдобар голман со само два примени ... Read More »

(ВИДЕО) Десниќ и Жоглев донесоа нови три бода

307349191_472245671611172_2783831622909986281_n

Во рамките на 5.коло во ВМФЛ, ФК Вардар успеа да слави на гостувањето кај екипата на Караорман. Иако на полувреме имавме негатива од 1:0, сепак во вториот дел направивме резултатски пресврт и славевме победа (1:2). Головите беа дело на Десниќ и Жоглев, истите можете да ги погледнете на линкот, ТУКА. Read More »

Вардар стигна до нова победа со која изби на врвот, преглед на 5.коло во ВМФЛ

307018945_472245221611217_4999408827338108688_n

Се комплетираше 5.коло во ВМФЛ, во кое Вардар стигна до четвртата победа сезонава. Црвено-црните славеа со резултатски пресврт (1:2) на гостувањето кај екипата на Караорман. Иако домашниот тим на полувреме имаше водство од 1:0, Вардар со головите на Десниќ и Жоглев во вториот дел успеа да ги освои трите бода. Во ова коло до победа стигна и екипата на Пелистер, ... Read More »

Жоглев јунак на Вардар, три бода за прво место!

307124933_469392431896496_8194050432121396935_n

Голема но и значајна победа на Вардар на гостувањето во Струга кај тимот на ФК Караорман. Јунак на дуелот беше Жоглев, кој и по трети пат сезонава од исто толку натпревари постигна погодок и донесе важни три бода и прво место на табелата за Вардар. Првиот дел не беше добар за тимот од Скопје, затоа штоа имаше негатива од 1-0, ... Read More »

(ЛИНК) Караорман – Вардар

fkv

Вардар со победа попладнево во Струга ќе се искачи на првата позиција на табелата. Затоа, овој дуел е од голема важност за нашиот тим да продолжи по победничкиот пат. Дуелот во Струга започнува од 15 часот. Истиот сите љубители на фудбалот и на Вардар ќе можат да го проследат директно, ТУКА. Најавено е и присуство на ,,Комитите”. Read More »

Фортуна ќе биде противник на ФК Вардар, во 1/8 финалето од Купот

305767243_469390068563399_3500054847083483953_n

Денес во просториите на ФФМ беше извршена ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија. Вардар за противник ја доби екипата на Фортуна, а единствениот натпревар од оваа елиминациска фаза ќе го играме на домашен терен, на 05.октомври со почеток од 14:00 часот. Сите двојки од 1/8 финалето во Купот: Струга Трим Љум – Работнички Брегалница – Пелистер Вардар – ... Read More »

Доне Ристовски главен судија во Струга

306634276_469390125230060_1289204526222707067_n

Во недела, фудбалскиот клуб Вардар гостува во Струга кај екипата на Караорман, во рамките на 5.коло во ВМФЛ. ФФМ ги делегираше судиите за овој натпревар, правдата ќе ја делат Доне Ристовски (Гевгелија) како главен судија, додека негови помошници ќе бидат Тоше Ицев (Кавадарци) и Зоран Ангелов (Неготино). Натпреварот во недела ќе се одигра на градскиот стадион во Струга. Очекуваме добра ... Read More »

Гледајте го Вардар на Спортклуб!

fkv

Уште еден македонски фудбалски клуб потпиша договор со регионалниот спортски телевизиски канал „Спортклуб“. . ,,Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека е постигнат договор со регионалната спортска телевизија Спортклуб која во иднина ќе ги пренесува домашните натпревари на нашиот клуб. . Оваа соработка претставува одлична можност најтрофејниот Македонски фудбалски клуб повторно да биде достапен за сите навивачи, приврзаници и љубители на фудбалот ... Read More »

(ВИДЕО) Головите против Саса, со кои Вардар се пласираше во следната фаза од Купот

307124933_469392431896496_8194050432121396935_n

Екипата на ФК Вардар се пласираше во 1/8 финалето од Купот на Македонија, по победата против екипата на Саса. Црвено-црните стигнаа до висок триумф изразен со резултат 0:3. Стрелци на головите беа Симеон Христов, Дарио Десниќ и Владимир Жоглев. Головите од натпреварот со Саса, можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.  Read More »