Денес на програмата е 4.коло во ВМФЛ. Со почеток од 16:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Вардар ќе биде домаќин на ФК Борец. Стрим од натпреварот можете да проследите на линкот, ТУКА. Се надеваме на добра игра и победа за Вардар. Read More »
Прв тим
Маркоски утре дебитира за Вардар
Едно од најголемите засилувања ова лето, а можеби и најголемото, Кире Маркоски утре ќе го има своето деби во ,,црвено – црниот” дрес. Крилниот фудбалер веќе е пријавен како нов играч на Вардар, па така утре сигурно ќе конкурира за настап. Можеби нема да добие шанса од првата минута, но сигурно ќе го почувствува новиот тим и амбиентот во кој ... Read More »
Салихи за прв пат ќе му дели правда на Вардар
Познати се арбитрите за новото коло во Втората македонска фудбалска лига. На дуелот во Скопје на кој се среќаваат Вардар и Борец од Велес главен судија ќе биде Пларент Салихи од Тетово. За прв пат Салихи ќе му ја дели правдата на тимот од Скопје. Дуелот на Вардар и Борец ќе биде одигран во сабота со почеток од 16.00 часот во скопската ... Read More »
Во сабота, ФК Вардар е домаќин на Борец
Во сабота (10.09), во рамките на 4.коло во ВМФЛ, екипата на ФК Вардар е домаќин на ФК Борец 1919. Натреварот во сабота ќе започне од 16:00 часот на стадинот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари. После три одиграни кола, црвено-црните се наоѓаат на 4.место со 7 освоени бодови, додека Борец е закован на дното на табелата без освоен бод. Read More »
Стигна и потврда: Жоглев е ,,црвено – црн”
Најавеното сега е и официјализирано. Владимир Жоглев е ,,црвено – црн”, откако извесен период тренираше со нашиот тим. Се работи за висок 24-годишен шпиц играч, кој минатата сезона беше дел од ФК Тетекс. Покрај за овој тим има настапувано и за екипите на ГФК Осогово, Победа, Борец, Беса и Скопје. Тој ќе биде задолжен да ја поправи реализацијата на Вардар во новата сезона. Вардарци во последниот ден од преодниот ... Read More »
Големо засилување за Вардар: Потпиша Кире Маркоски!
Во последниот ден од фудбалскиот преоден рок во Македонија, најтрофејниот успеа да обезбеди потпис на уште едно супер добро и проверено фудбалско име. Се работи за крилниот напаѓач Кире Маркоски. Вардар оваа сезона нема никакви изговори. Навивачите чекаат прво место и враќање онаму каде што и припаѓа ,,црвено – црниот” тим, во Првата фудбалска лига на Македонија и на меѓународна сцена. ... Read More »
Жоглев го засилува нападот на Вардар
ФК Вардар и дефинитивно договори нов нагаѓач. Владимир Жоглев ќе биде ,,црвено – црн”, откако извесен период тренираше со нашиот тим. Се работи за висок 24-годишен шпиц играч, кој минатата сезона беше дел од ФК Тетекс. Покрај за овој тим има настапувано и за екипите на ГФК Осогово, Победа, Борец, Беса и Скопје. Тој ќе биде задолжен да ја поправи реализацијата на Вардар во новата сезона. Покрај Жоглев, ... Read More »
Вардар одигра лош натпревар и освои само бод
Тимот на Вардар во еден свој лош натпревар, одигра само 1:1 во Радовиш. По првиот дел Вардар заслужено водеше, бидејќи беше подобар ривал на теренот во Радовиш. И домашниот тим беше солиден и имаше свој шанси за гол, но сите удари завршија покрај голот на Гачевски. Голот на Вардар дојде кон крајот на првиот дел. Најдобриот играч во првиот дел ... Read More »
Десниќ се враќа во тимот на Вардар
Добри вести за ФК Вардар. По двата жолти картони во воведното коло во Чегране и суспензијата, Дарко Десниќ стрелецот на голот токму во првото коло, се враќа во тимот и најверјатно ќе го завземе стартното место на позицијата крилен играч. Десниќ е од исклучителна важност за тимот на Грнчаров, па сигурно дека оваа информација е добредојдена во таборот на Вардар. ... Read More »
Познати судиите за натпреварот на Вардар во Радовиш, Доне Ристовски главен делител на правдата
Утре со почеток од 16:00 часот на градскиот стадион во Радовиш, натпревар од 3.коло во ВМФЛ ќе одиграат екипите на Детонит Плачковица и Вардар. Тоа се екипите кои после две одиграни кола освоија максимални 6 бодови. Главен судија на натпреварот ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија, додека за помошници се назначени Тоше Ицев ( Кавадарци) и Зоран Ангелов (Неготино). Read More »