Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 52)

Прв тим

Вардар – Полисија Житомир нема да се игра

fkv

Иако беше предвиден утре дуел на Вардар и Полисија Житомир од Украина, сепак овој дуел е одложен и нема да се одигра, а причините се јасни, дека тимот на Вардар поради лошите временски услови во Турција остана во Скопје неколку денови повеќе од предвиденото. Останува да видиме дали во текот на викендов Вардар ќе договори нов тест дуел, или пак ќе ... Read More »

Проблем за Вардар кој и денес остана да тренира во Скопје!

fkv

Се јави неочекуван проблем во ФК Вардар. Иако тимот веќе требаше да биде во Анталија и да се подготвува, сепак играчите на Вардар и стручниот штаб сеуште се во Скопје, па така денес беа приморани да одржат тренинг во својата база во Хиподром. Причината поради која вардарци сеуште не отпатуваа на зимски подготовки е таа дека неочекувано, но во Анталија ... Read More »

Среќен роденден Илиќ Филип

ilic-660x330-660x330

Денес својот 25-ти роденден го прославува голманот на ФК Вардар, се работи за Филип Илиќ. Младиот голман од јануари 2018 година е дел од најтрофејниот клуб во Македонија. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ФИЛИП Read More »

Андреј Ричков се враќа во Вардар

dss

Младиот десен бек, Андреј Ричков се враќа во ФК Вардар и ќе потпише договор со ,,црвено – црните”. Ричков е дете на Вардар. Има освоено низа на титули со младите категории на тимот, а има и официјални настапи за првиот тим на ,,црвено – црните”. Ричков изминатава полусезона ја мина во екипата на Саса Каменица и остави солиден впечаток. Официјалниот потпис на ... Read More »

Утринскиот лет на вардарци е одложен поради лоши временски услови, се очекува вечерва да заминат за Анталија

266125607_4608115642616747_6392309306111889118_n

Фудбалскиот клуб Вардар утрово требаше да одлета за Анталија, каде ќе се одвиваат главниот дел од подготовките. Сепак, утринскиот лет на црвено-црните е одложен поради лоши временски услови во Истанбул, па најверојатно со вечерниот лет вардарци ќе заминат за Анталија. На овие подготовки со екипата заминуваат и неколку млади играчи. Тоа се Марио Ричков, Нијаз Јусуфи, и секако Лука Стојковски ... Read More »

Локомотива од Скопје стана филијала на ФК Вардар

272320296_4773321036096206_3045153368117344264_n

Како дел од стратегијата за развој на младинските категории нашиот клуб постигна договор за соработка со фудбалскиот клуб Локомотива од Скопје. Со овој договор ФК Вардар ги презема терените на ФК Локомотива кои што ќе се користат за тренинг на младинските категории на нашиот клуб, а клубот од Карпош ќе продолжи да функционира како клуб за развој со поддршка од ... Read More »

Познати три контролни натпревари за ФК Вардар на подготовките во Анталија

265240623_4608163849278593_7137860326446841962_n

Фудбалскиот клуб Вардар тренира на Хиподром, пред заминувањето за Анталија, каде ќе бидат одработени главниот дел од подготовките во пресрет на стартот од пролетниот дел од сезоната. Веќе се познати три контролни натпревари за црвено-црните во Анталија. На 28.јануари ќе играме со екипата на ФК Полиса од Украина. На 1.февруари не очекува натпревар со екипата на Ростов Дон од Русија, ... Read More »

(ФОТО) Вардарци со напорна работа на ,,зимски” тренинг

272299205_4765429406885369_672929749442862885_n

Утрово фудбалерите одржаа ,,зимски” тренинг, но тоа не ги спречи да го дадат својот максимум во еден од последните тренинзи за првиот дел од подготовките пред заминувањето за Анталија во понеделник. Вардар досега се засили со повратниците Филип Гачевски и Дарко Мицевски, Ване Јованов и младиот Иван Мицевски кој се врати од позајмица. Планирани се уште најмалку две нови имиња, ... Read More »

Вардар против Беласица на 12-ти на главен ,,тест”

fkv

Фудбалерите на Вардар предводени од Никола Глигоров ги ,,запалија моторите” и веќе неколку дена тренираат во својата база и се подготвуваат за главните подготовки, односно заминувањето за Анталија кое е предвидено во понеделник. Сеуште не се познати четирите противници на Вардар во Анталија, но позната е генералната проба пред стартот на пролетната полуетапа. Вардарци на 12-ти идниот месец во Скопје ... Read More »

Ване Јованов е ново засилување за ФК Вардар

271928614_4740667572694886_2387035913739021174_n

Фудбалскиот клуб Вардар продолжува со засилувања во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Ване Јованов е нов играч на ФК Вардар. Тој доаѓа од екипата на Академија Пандев, настапува на позицијата десен бек и ги има поминато сите младински категории во репрезентацијата на Македонија. После Филип Гачевски и Дарко Мицевски, Ване Јованов е третото офиијално засилување за најтрофејниот македонски клуб. Read More »