Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 (page 105)

У-18

Кадетите иако поведоа, сепак на крај само ремизираа против Дрита

vardrafans remi

Вчера кадетите на Фк Вардар го одиграа 20 коло во првенството, на гостински терен протиов екипата на Дрита. Мечот заврши само нерешено 2:2, со што црвено-црните малку ја закомпликуваа ситуацијата околу конечниот Шампион во кадетската лига. Стрелци на головите за нашиот тим беа Ердон Даци и капитенот Есмин Личина. Избраниците на Љупчо Марковски успеаа први да поведат на овој меч ... Read More »

ВИДЕА-Од победи за сите младински категории на ФК Вардар со Хоризонт Турново

vardarfans 19

Во рамките на 19тото коло во сите четири младински категории нашите надежи се сретнаа со својте  врсници од Хиворизонт Турново. Во сите мечеви убедливи беа победите за нашите момци сите четири дуели ги добивме со огромна предност . Вкупната гол разлика на сите четири дуели изнесува 22 гола позитива, нашите момци дадоа 23 гола а примија само еден погодок . ... Read More »

Во среда и четврток се игра 20 коло, во првенството на младинските категории

11081839_805538002872010_1615484329_n

Остануваат уште три кола до крајот на сезоната во првенството на младинските категории. Во среда и четврток ќе се одигра 20 првенствено коло. Противник на сите Вардарови генерации е екипата на Дрита од Тетово. -Ова коло е посебно важно за помладите пионери кои се во тесна борба за титулата со екипата на Шкупи и Шкендија. Нема друга опција освен победа ... Read More »

Кадетите на чекор до титулата, плус пет бода во однос на Шкендија

Кадетите на Фк Вардар се на само еден чекор до освојување на титулата во првенството. Вчера избраниците на Љупчо Марковски ја оправдаа фаворитската улога, остварувајќи висок триумф против екипата на Турново (8:0). Она што е многу поинтересно е тоа што нивниот најголем конкурент за трофејот, екипата на Шкендија направи кикс доживувајќи пораз во дуелот со Работнички. Овој неуспех на тимот ... Read More »

Ердон Даци: Верувам дека можеме да се закитиме со двојната титула

Уште една победа и нови три бода за кадетската екипа на Фк Вардар, во 19 коло од првенството. Денес убедливо беше совладана екипата на Турново со високи 8:0. Три голови на овој меч постигна Даци, по два гола Маркоски и Беќири и еден Личина. -Со оглед дека за шест дена одигравме три тешки натпревари, бевме многу исцрпени. Само три дена ... Read More »

Значајна победа за кадетите на ФК Вардар во борбата за титулата

vardarfans 19

После освојување на купот на Македонија, кадетите продолжија со настапите во првенството и борбата за титулата. Денес забележаа нова убедлива победа на домашен терен, против екипата на Турново. Конечниот резултат беше 8:0. Ердон Даци постигна хет-трик. Покрај него во листата на стрелци се запишаа и Дејан Маркоски(2), Јаир Беќири(2), и Есмин Личина. Оваа генерација ја оправда фаворитската улога на овој ... Read More »

Екипата на Турново е следниот предизвик за младинските категории на Фк Вардар

10513485_780266848660460_7585684000509323965_n-660x330

Викендов ќе се одигра 19 коло во рамките на националното првенство кај младинските категории. Противник на сите наши екипи, е тимот на Турново. -Помладите пионери по освојување на купот на Македонија, ги очекува нов предизвик во лигата. Во недела гостуваат во Струмица на екипата на Турново. Со оглед дека се во голема борба за титулата, трите бода од овој меч ... Read More »

Христијан Чукалески: Овој освоен куп ќе остане во нашите сеќавања во текот на целиот живот

Избраниците на Љупчо Марковски се новите победници на националниот куп, откако во финалето успеаа да ја победат екипата на Работнички. Во еден тежок и борбен натпревар од двете страни, Вардарци имаа повеќе сили и квалитет за победа. Единствениот погодок за триумф, беше дело на Есмин Личина. Мислам дека беше едно одлично финале. Имаше многу трчање од двете екипи и желба ... Read More »

Филип Јошевски: Овој трофеј е само увертира за она што следува, а тоа е она главното – титулата кадетски првак на Р. Македонија

Кадетите на Фк Вардар се освојувачи на купот на Македонија, за сезона 2014/2015. Во големото финале, кое се играше на теренот на ФФМ, нашите млади надежи беа подобри од екипата на Работнички. Конечниот резултат беше 1:0, со погодокот на Есмин Личина. Конечно и првата титула! Денеска на теренот на Фудбалската Федерација на Македонија го одигравме финалниот натпревар во Купот на ... Read More »

Трофејот од купот е црвено-црн, кадетите не дозволија изненадување и најавија двојна круна

vardarfans

Најдобрата Вардарова генерација оваа сезона, кадетите на Фк Вардар попладнево на теренот на ФФМ во големото финале против екипата на Работнички успеаа да забележат победа од 1:0 и да го освојат националниот куп. Во еден тврд и тежок натпревар, нашите момци беа поквалитетна екипа, па на крајот сосема заслужено славеаа. Мечот започна со претпазлива игра на двете страни. Секако влогот ... Read More »