Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 (page 108)

У-18

ГОЛЕМО ФИНАЛЕ ВО КУПОТ, ЗА КАДЕТИТЕ НА ФК ВАРДАР

vardarfans finale

Кадетите на Фк Вардар се пласираа во големото финале на националниот куп. Во една трилер завршница, иако забележаа пораз сепак ќе играат во финалето на купот. На теренот на Железара, Металург забележа победа со резултат 3:2, но недоволна да се елиминираат црвено-црните. На првиот меч одигран на домашен терен, избраниците на Љупчо Марковски забележаа минимална победа од 1:0, па поради ... Read More »

Младинските категории на Фк Вардар, во борба за финале во купот

Сите категории на Фк Вардар, освен помладите пионери, утре ќе ги одиграат реванш натпреварите од полуфиналето на купот на Македонија и ќе бркаат финале. -Помладите пионери својот натпревар од групата со екипата на Шкендија ќе го одигра на 4-ти мај. Оваа генерација е речиси со една нога во финалето на купот, откако претходно ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П. со резултат ... Read More »

Филип Трајчевски: Секој дуел ни е битен, без разлика на противникот

vardrafans kadeti

Утре на теренот на Железара со почеток од 14 часот, ќе се одигра реваншот од 1/2 во националниот куп, помеѓу фудбалските кадетски екипи на Металург и Вардар. Црвено-црните влегуваат со предност од првиот дуел одигран на домашен терен, кога забележаа минимална победа од 1:0. -Првиот натпревар на домашен терен го победивме со резултат 1:0. Сега на гостински терен одиме со ... Read More »

Две победи, еден нерешен резултат и еден пораз за младинските категории на Фк Вардар, против Македонија Ѓ.П.

10710680_531846050280096_338975502609500463_n

Викендов се одигра 13 коло во првенството на младинските лиги. Противник на нашите категории беше екипата на Македонија Ѓ.П. -Помладите пионери први ја започнаа серијата натпревари против овој противник, каде забележаа убедлива победа од 5:0. Марко Ѓоргиевски повторно беше во центар на вниманието псотигнувајќи два погодоци. Кренарт Дардиша, Горјан Трајковски и Стефан Миљковиќ по еднаш ја затресоа противничката мрежа. Ова ... Read More »

Александар Најдоски: Сите изигравме со цела сила

11139899_1122610271098317_374559648_n

Нова убедлива победа за кадетите на Фк Вардар во рамките на 13 коло од националното првенство. Денес на гостински терен во Ѓорче, црвено-црните забележаа убедлива победа од 0:10 против екипата на Македонија Ѓ.П. Со овој триумф Вардар е се поблиску до освојување на шампионската титула во оваа категорија. Хет трик постигнаа Виктор Димков и Есмин Личина. Јаси Беќири стрелаше два ... Read More »

Кадетите на Фк Вардар ги понижија своите врсници од Ѓорче.

1011262_536265993171435_558333832116530927_n

Кадетите на Фк Вардар се вистински “бум“ во младинските лиги. Оваа генерација предводена од тренерот Љупчо Марковски не знае сеуште за пораз во оваа натпреварувачка сезона. Фактот што на последните два пролетни натпревари постигна дури неверојатни 19 гола во противничките мрежи покажува колку овој тим игра без респект и до последна секунда со противниците. Без оглед колку е резултатот и ... Read More »

Александар Ѓоргиоски: Секој натпревар за нас е од големо значење

11126_1211606415520913_6581218197257195213_n

Во недела со почеток од 10 часот на теренот во Ѓорче, свој натпревар ќе одиграат кадетските екипи на Македонија Ѓ.П и Вардар. Црвено-црните се фаворите на овој натпревар и се очекува да ја продолжат победничката серија и борбата за титулата. -Се спремаме максимално, атмосферата во екипата е на високо ниво. Во недела гостуваме на екипата на Ѓорче. Екипа која ја ... Read More »

Младинските категории на Фк Вардар, против Македонија Ѓ.П. во 13-коло

1184814_653686234642545_362052712_n

Викендов кој следи продолжуваат настапите за младинските категории на Фк Вардар. Противник на сите генерации е екипата на Македонија Ѓ.П. Минатата недела не се играше поради репрезентативни настапи на играчите. -Помладите пионери први ќе го одиграат својот натревар, во сабота со почеток од 10:00 на теренот на Локомотива. Оваа генерација ќе се обиде да се врати на победничките патеки, откако ... Read More »

Димков и Беќири со првиот тим на Фк Вардар во Ниш

11079752_619419098189457_741374201_n

Во сабота Вардаровата експедиција ќе отпатува за Србија-Ниш каде во недела ќе одиграат пријателски натпревар против екипата на Раднички. За овој дуел тренерот Сергеј Андреев ќе може да смета на двајца играчи кои настапуваат за кадетите на Вардар. Се работи за Виктор Димков и Јасир Беќири кои се во ТОП 3 најдобри стрелци на својата екипа. Своите одлични игри кои ... Read More »

(ВИДЕА) Од дуелите на младите категории на ФК Вардар со ФК Пелистер

zemo

Овој викенд покрај првиот тим на ФК Вардар на мегдан со тимот на Битолски ФК Пелистер излегоа и младите категории успехот е релативен еден пораз две нерешени и една победа на кадетите која беше убедлива од 9:0 (7:0), видеа од сите 4 дуели на младите Вардарови фудбалски надежи со врсниците од Битола . Младинци:  Вардар и Пелистер ги поделија бодовите ... Read More »