Утре со почеток во 13 часот, нашиот црвено – црн миленик, го пречекува стариот ”должник” екипата на Брегалница од Штип. Во минататo знаеме ФК Брегалница на каков начин ги пречека нашите фудбалери, и навивачите во Штип (со затворени врати), тензии и тн… Па затоа утре одиме со посебен мотив кон овој противник, да ги наполниме до врв. Сите на стадион ... Read More »
ФК Вардар
Нови победи во 6 коло на детската лига, за Вардаровите генер. “2005“ и “2007“
Денес продолжи да се игра детската лига и тоа шестото коло. Повторно со своите настапи активни беа Вардаровите генерации, родени “2005“ и “2007“ година. Фк Вардар генер. “2005“ се натпреваруваше со своите две екипи, кои забележаа победи во ова коло. Фк Вардар(1) за противник го имаше Фк Скупи. Без поголеми проблеми избраниците на Зоран Петковски однесоа уште еден триумф во ... Read More »
Најава: Вардар – Брегалница
Утре на програмата е 14-сетото коло во ПМФЛ. Лидерот на табелата, црвено – црниот тим на ФК Вардар ја пречекува екипата на Брегалница од Штип. ФК Вардар пред ова коло влегува како лидер на табелата во ПМФЛ, со освоени 33 бодови, додека пак Брегалница досега има освоено 13 бода, и се наоѓа на 7-мата позиција на табелта. Овие два тима ... Read More »
Николов по тринеделна пауза се враќа на терените
Нашиот стандарден млад играч, Бобан Николов по половина месец пауза поради повреда, овој викенд се враќа, и му се наметнува на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски. Николов ги пропушти средбите со Шкупи, Шкендија, Младост ЦД и Металург. Исто така Николов е на списокот на селекторот Милевски за Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, за претстојниот меч со селекцијата на Франција. Read More »
Пачовски и Мијушковиќ ”незаменливи”
Нашите играчи, голманот Томе Пачовски и дефанзивецот Немања Мијушковиќ оваа сезона се незаменливи во таборот на црвено – црните. Овие двајца играчи досега ги имаат одиграно сите 13 средби, и не само тоа, туку немаат пропуштено нит минута од теренот (1170 минути на теренот). Пачовски е незаменлив помеѓу стативите во ФК Вардар, а Мијушковиќ е незаменлив (нов) штопер во редовите ... Read More »
Далибор Ѓорѓевски од Куманово ќе биде главен арбитар во недела
Далибор Ѓорѓевски од Куманово ќе биде главен арбитар на дуелот помеѓу нашиот ФК Вардар и тимот на штипска Брегалница. Овој натпревар ќе се одигра од 13 часот во недела. Помошници на главниот судија ќе бидат Петар Новачев и Горан Манасиев, двајцата од Велес. Read More »
Ренова е противник во 10 коло, на Вардаровите фудбалски генерации
Во недела ќе се одигра 10 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Следен предизвик за Вардаровите екипи, е тимот на Ренова. Помладите пионери и пионери гостуваат во Боговиње, додека кадетите и младинци се домаќини на теренот на локомотива. -Помладите пионери се наоѓаат во одлична победничка серија, која се очекува да продолжи и во недела. Избраниците на Сашо Јанев веќе ... Read More »
Попов – Не се плашиме од никого!
Нашиот искусен играч Горан Попов во интервју за нашиот официјален сајт www.fkvardar.mk говори за новиот протвник, во 1/4 финалната рунда, екипата на Шкендија. Попов според својата изјава, е пресреќен што ни падна токму Шкендија во 1/4 финалето. Целото интервју што ви го пренесуваме Попов го даде за нашата официјална веб – страна www.fkvardar.mk „За мене е полесно ова да се реши ... Read More »
Во недела со Брегалница од 13 часот
Целото коло од ПМФЛ, се поместува половина час порано. Сите натпревари до крајот на оваа календарска година ќе се одиграат во најраниот термин, од 13 часот напладне. Во недела нашиот тим го пречекува стариот должник од порано, екипата на штипска Брегалница. На оваа средба очекуваме да продолжи победничката серија на нашите момци. Read More »
Тројца вардарци добија повик од Милевски
Селекторот до 21 година Бобан Милевски го соопшти списокот на повикани играчи за дуелот од квалификациите против Франција, кој на 15.11.2015 ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток во 13 часот. Ова е многу важен меч за нашата млада фудбалска репрезентација, која на последниот гостински натпревар излезе како победник против С. Ирска. Од таборот на нашиот шампион се ... Read More »