Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Фотогалерии (page 142)

Фотогалерии

(Фотогалерија) ФК Вардар на пенали го исфрли од купот Шкупи во кадетска конкуренција

a25

На теренот до салата  ”Јане Сандански” кадетите на фудбалскиот клуб Вардар го одиграа реванш дуелот во купот на Македонија со Шкупи. Од првиот меч имавме минимална негатива 2-1,а вчерашниот реванш заврши исто така  2-1. Затоа мечот се решаваше на пенали во нив ние победивме 4-3 и отидовме понатака во следната 1/4 финална фаза од најмасовното натпреварување. Read More »

(Фотогалерија) ФК Вардар генерерација 2008 го “потопи“ Смилковци

d15

Екипата предводена од Павел Неделковски најмладите вардарци кои се натпреваруваат во лига-системот на ФФМ екипата на  ФК Вардар генер. “2008“ силите ги одмери со скопската екипа на Смилковци во рамките на новото коло од Детската фудбалска лига. На теренот на ФК Работнички во Градски парк црвено-црните надежи  славеа убедлива победа против тимот на Смилковци со резултат 10:0. Read More »

(Фотогалерија) ФК Вардар генер.2007 вчера одигра два дуели во детската лига

8

Вчера на терените на ФК Работнички во Градски парк екипата на ФК Вардар генерација 2007 предводена од Зоран Петковски  одигра два натпревари во рамките на Детската лига. Најпрвин, Вардар (1) силите ги одмери против тимот на Албарса. Нашите момчиња победија убедливо со резултат 6:0. Потоа настапија и Вардар (2) кој беа поразени од Викторија со 5:4. Read More »

(Фотогалерија) Младинците на РК Вардар јуниор тргнаа триумфално во сезоната

z15

Вчера официјално започна новата сезона  за младинците на РК Вардар Јуниор, оваа сезоната нив ќе ги води  Пепи Манасков. Тие во првото коло  се сретнавме со младинците на  Делчево-Вардар, во истиот дуел ја забележавме деби победа сезонава со резултат 26-17. Read More »

(Фотогалерија) Вардар се сретна со ФТЦ Будимпешта во Л.Ш и одигра реми 27-27

18

Вчера црвено-црниот женски колектив ја стартуваше овогодинешната одисеја во европската елита. нашиот Вардар одигра “инфаркт“ меч со ФТЦ Будимпешта во ЕХФ Л.Ш . Истиот заврши реми 27-27 , иако на половремето избраничките на Индира Кастратовиќ однесоа предност. Read More »

(Фотогалерија) Третта победа за кадетките на Вардар СЦЈС, совладана убедливо екипата на Преспа

vardarfans-9

Кадетките на Вардар СЦЈС стигнаа до нова победа, вкупно третта за нив во кадетската лига. Избраничките на Анжела Платон немаа поголеми проблеми во дуелот со екипата на Преспа од Ресен, забележувајќи убедлива победа од 40:17. Од самиот старт ја презедовме доминацијата и имавме контрола на играта. Анастасија Нелоска постигна 11 голови. Погледнете ја нашата фотогалерија од оваа победа за нашите ... Read More »

(Фотогалерија) ЖРК Вардар СЦЈС победнички во дуелот со Прилеп

vardarfans-7

Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС забележа нова победа во супер лигата, откако на домашен терен беше подобра од екипата на Прилеп. Гостинскиот тим немаше ниедно водство, целиот меч помина во доминација на младите Вардарки, кои на крај остварија убедлив триумф (32:24). Најефикасна ракометарка во нашиот состав беше Марија Прленда со 8 погодоци. Погледнете ја нашата фотогалерија од овој натпревар. Read More »

(Фотогалерија) Избраниците на Будимир пионерите на Вардар подобри од Шкупи нагости

naslov

Избраниците на Андријана Будимир пионерите на ракометниот клуб Вардар вчера  стигнаа до втората последователна победа во лигата, откако  беа подобри од екипата на Шкупи на гостински терен. Тие покажаа карактер , борбеност и решителност за победа. На полувреме водеа минимално 9-10, а на крајот победија со 18-24, во продолжение погледнете фотографии од дуелот. Фото: Анастасија Андрееска за Вардар фанс Read More »

(Фотогалерија) РК Вардар-2 до врв ја наполни мрежата Партизан

11

Вчера екипата на РК Вардар-2 беше домаќин на екипата на РК Партизан од Гевгелија. Млади момци предводени од вардаровата легенда Зоран Петковски-Зенга дојдоа до вториот триумф во второто коло од Првата лига. Тие на дуелот кој се играше во спортско рекреативниот центар “Кале“ однесоа победа со триесет гола разлика, триумфирајќи над гевгеличани со 44-14. Read More »

(Фотогалерија) Продолжува моќната игра за генерација “2004′ во детската лига

vardarfans-9

Генерацијата “2004′ која го брани трофејот од минатата сезона, продолжува со сигурните игри во детската лига. Во треттото коло, тие за противници ги имаа екипите на Смилковци и Њу Старс, кои ги победија на убедлив начин. Така го задржавме стопроцентниот ефект после одигрување на ова коло. Погледнете ја фотогалеријата од овие натпревари на Вардар.   Read More »