Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка (page 16)

Одбојка

ОК Вардар го скрши отпорот на Шкендија

vardar-odbojka-13-1024x597-1-640x373

Одбојкарскиот клуб „Вардар“ експресно се врати на победнички патеки во македонскиот шампионат откако триумфираше на пресметката со OK Шкендија со 3-1 во сетови. Нашите одбојкари уште од самиот почеток влегоа во посакуваниот ритам, добивајќи го првиот сет со 8 разлика, односно со резултат 25-17 во наша корист. Тетовци изненадија во вториот сет што Шкендија го доби со 23-25, за потоа ... Read More »

„Вардарки“ со перфектен скор во Првата лига, нова 6.победа по ред

vardarki-odbojka2-640x393

Одбојкарките на Вардар продолжуваат со беспрекорните изданија во домашниот шампионат откако денеска во рамките од шестата рунда ја забележаа и својата шеста победа. „Црвено-црните“ во Скопје го пречекаа тимот на УГД Штип, триумфирајќи со максимални 3-0 и останувајќи без загубен сет оваа сезона. „Вардарки“ почнаа импресивно, триумфирајќи во првиот сет со преубедливи 25-9. Гостинките од Штип дадоа посериозен отпор во ... Read More »

ОК Вардар поразен во дербито од Џио Струмица

ok-vardar-1080x640

Одбојкарите на Џио Струмица го добија големото дерби во домашното одбојкарско првенство. Струмичани славеа на гостувањето во Скопје против големиот ривал Вардар со 3:1 во сетови. Ова е седма последователна победа за Џио Струмица оваа сезона, со која го потврдија кандидатскиот статус за нова шампионска титула. Момците на Кире Ричлиев во првите два сета одиграа концентрирано и правеа малку грешки. ... Read More »

Одбојка: Вардар утре патува за Словенија

lirija-vardar-odbojka12-640x398

Завчерашната победа на ОК Вардар во Пробиштип беше успешна најава пред претстојниот предизвик во европските купови. Вардарци  веќе утре,  недела патуваат за Словенија, каде на 17 и 18 ноември ќе ги играат двете средби од Челинџ купот против екипата на Калцит Камник .Доколку го минат словенечкиот тим тогаш во осминафиналето ќе играат против екипата на Алијанц Пауарволеј од Милано. Read More »

ОК Вардар со лесен и убедлив триумф во Пробиштип

lirija-vardar-odbojka12-640x398

Одбојкарите на Вардар продолжија со добри игри во домашното првенство, бележејќи уште една убедлива победа, овојпат на гостувањето против Пробиштип со 0-3 во сетови. Избраниците на тренерот Трајковски немаа проблеми да ја претворат фаворитската улога во убедлив триумф, доминираа на теренот и не дозволија ниту еден од трите сета да биде доверен во прашање. „Црвено-црните“ од самиот старт наметнаа темпо ... Read More »

Одбојка: „Вардарки“ со лекција за Тетовски универзитет

tet-vardar5-640x357

ЖОК Вардар продолжува со беспрекорни изданија во новата сезона од женскиот одбојкарски шампионат, откако нашиот тим славеше со максимални 3-0 на денешната пресметка со Тетовски универзитет. „Црвено-црните“ настапија значително ослабени, денешниот дуел го пропуштија Ана Павловска и Ковачевиќ, како и странските засилувања на тимот, но оние кои добија шанса максимално ја оправдаа довербата на стручниот штаб, стигнувајќи до убедлив триумф. ... Read More »

OK Вардар супериорен против Лирија

lirija-vardar1-640x369

Одбојкарите на Вардар прокнижија нови бодови на прволигашката табела откако денеска рутински славеа на дуелот против Лирија со резултат 3-0 во сетови. Фаворитската улога беше оправдана без мака, „црвено-црните“ доминираа од почеток до крај, не оставајќи им на гостите ниту ронка надеж за освојување на барем еден сет на оваа средба. Почетокот мина во целосна контрола на „вардарци“, кои го ... Read More »

Одбојка: „Вардарци“ триумфално низ Дебар

debar-vardar-1-640x288

Одбојкарите на Вардар освоија нови бодови во Првата лига откако лесно и убедливо славеа на гостувањето против Дебар со максимални 0-3 во сетови. „Црвено-црните“ не дозволија опуштање во своите редови, па со максимално сериозен пристап стигнаа до заслужена убедлива победа. Доминацијата почна уште во првиот сет, во кој Вардар наметна силно темпо од самиот почеток и триумфираше со 15-25. Особено импресивно ... Read More »

ОК Вардар прифати нов термин за натпреварите со Камник

odbojka-vardar-640x480

Двомечот од првото коло од Челинџ-купот на ЦЕВ меѓу Калцит Камник од Словенија и Вардар ќе биде одигран на 17 и на 19 ноември, откако управата на „црвено-црните“ ги прифати новите ривали предложени од ривалот. Иако постоеше опција за пласман во следната рунда да биде обезбеден на „зелена маса“, нашиот клуб сака битките да ги води на терен, па без ... Read More »

Одбојка: „Вардарки“ импресивни на стартот на сезоната

vardarki1-640x480

Одбојкарките на Вардар во голем стил ја стартуваа новата сезона, триумфирајќи со 0-3 во градската пресметка против Јанта Волеј, на мечот што го игравме на гостински терен во салата во Кисела Вода. Првите средби на нашиот тим беа одложени поради коронавирусот, „црвено-црните“ ниту денеска не беа комплетни, но тоа не им пречеше да одиграат перфектен меч и заслужено да стигнат ... Read More »