Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка (page 22)

Одбојка

Вардар влезе во тесна трка за второто место откако одигра лесно против Лирија

odbojka-vardar

Вардар влезе во тесна трка за второто место откако одигра лесно против Лирија и победи на гостински терен со резултат 0-3 (19-25, 14-25, 18-25). Победа од 3-0 на првото гостување во вториот дел од сезоната против екипата на Лирија во Тетово. Продолжуваме со силното темпо и следниот викенд на домашен терен го пречекуваме лидерот на табелата ОК Џио Струмица – велат ... Read More »

Одбојкарите на Вардар лесно против Весна Пробиштип

52576387_10213885437310348_8350250991404187648_n

Успешно отворање на летниот дел од натпреварувачката сезона 2018/19. Во првото коло остварена победа на домашен терен со резултат од 3-1 против екипата на ОК Весна Пробиштип. Вардар – Весна Пробиштип 3-1 (25-27, 25-21, 25-11, 25-19) Со оваа победа, тимот на Вардар останува на третата позиција на табелата зад лидерот Џио Струмица и Универзитет во Тетово. Read More »

Ѓоко Јосифов за супер Вардар!

b-cv-mitteldeutschland-311016

ЃОКО ЈОСИФОВ ВО ВАРДАР! Џинот на Македонската одбојкарска репрезентација значително го засилува нашиот состав. Заедно со повратникот Ристо Клопчески ќе формираат силна блокерска двојка на средината од мрежата. Составот е дополнително појачан со екс-репрезентативецот Влатко Трајчевски, кој ќе придонесе за стабилноста во редот на примачите. Најава за супер-интересен втор дел од сезоната и отворена покана за сите љубители на одбојката ... Read More »

Одбојкарите на Вардар со триумф ја отворија сезоната

odbojka

Одбојкарите на Вардар ја започнаа сезоната со триумф. Изминатиов викенд на домашен терен, во Градски парк, нашите одбојкари ја победија екипата на ОК Шутова со резултат 3-2 и со тоа означија победнички старт на новата сезона. Во новата сезона ОК Вардар влегува со значително подмладен тим од минатата сезона кога во тимот ги имавме искусните Ангеловски, Клопчевски и тн. Read More »

Одбојкарскиот клуб Вардар е најуспешниот клуб од С.Д Вардар за време на Југославија

istorija-odbojka-vardarfans

Одбојкарскиот клуб Вардар е најуспешниот клуб од нашето спортско друштво за време на Југославија. Постојан учесник на првата Југословенска лига од 1967 година се до распадот на Југославија (со исклучок на сезоната 1967/1968). Шампион на Југославија во сезоната 1975/76, освојувач на купот во сезоната 1979/80, како и освојувач на четвртото место во одбојкарската лига на шампиони во сезоната 1976/77. Одбојкарскиот клуб Вардар во почетокот на 60-тите години почнува со селекција ... Read More »

ФОТО: Пионерките на Вардар шампиони на Македонија

33029742_928754480660640_713803064716296192_n

Пионерките на ОК Вардар овој викенд со двете победи на Ф4 го освоија првото место во Македонија и го подигнаа пехарот. Младите одбојкарки на Вардар во полуфиналето го добија тимот на ОК Пелистер со максимален резултат од 2-0. Во финалето Вардарки ја покажаа својата моќ, па така со максимални овој пат 3-0 го победија и тимот на ОК Јанта Волеј. ... Read More »

Одбојкарското финале низ ТВ пренос

odbojka-vardar

Вистинските љубители на одбојката кои нема да бидат во можност денеска да дојдат во сала, ќе можат дуелот да го проследат низ малите екрани преку директен ТВ пренос. Вардар во финалната серија има предност од 1-0 стекната на гостински терен во Струмица. Се надеваме на уште една голема победа на Вардарци. 20.25 (СОБРАН) дом.одбојка (М), плеј-оф фин: ВАРДАР-СТРУМИЦА – (ком: ... Read More »

Одбојка: Вардар поведе со 1-0 во финалната серија, победа в гости кај ОК Струмица

odbojka-vardar-vardarfans

Одбојкарскиот клуб  Вардар победнички влезе во  финалната серија од плеј-офот. Вардарци во првиот дуел со максимални 3-0 во сетови беа подобри од актуелниот првак Струмица. Овој меч го играве в гости, по што поведовме со 1-0, во плеј-офот се игра  до три победи. Во вториот натпревар црвено-црните ќе ја пречекаат Струмица на домашен терен, дуелот се игра утре,  петок, со почеток во 20030 ... Read More »

ОК Вардар ита кон титулата

odbojka-vardar

Одбојкарите на Вардар се пласираа во големото финале и ќе атакуваат на титулата. Противник на Вардарци во финалето ќе биде фаворизираната Струмица. Претходно, во полуфиналето, Вардарци доминанто ја исфрлија екипата на ОК Весна Пробиштип со победи и на домашен и на гостински терен. На гости Вардар стигна до победа во трилер завршница и тај-брејк со резултат 3-2. Среќно Вардарци во финалето! ... Read More »

Вардар гази, следуваат натпреварите против Весна Пробиштип

okvardar-odbojka

Одбојкарите на Вардар со победа го заокружија регуларниот дел од сезоната, сега пред Вардарци стојат главните искушенија на фајнал-фор двомечот со ОК Весна Пробиштип кој започнува утре. Завршен е регуларниот дел со победата од 3-0 над Студент од Штип и продолжување на серијата без пораз во вториот дел од сезоната. Во среда во 14ч во Сала Работнички Градски Парк го започнуваме и фајнал-фор двомечот ... Read More »