Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 368)

РК Вардар

Дебитантот во ЛШ, Дејан Милосављев во конкуренција за најдобар голман

vardar-pik-seged-chetvrt-finale-lsh-25-04-2019-201101

ЕХФ ги објави играчите кои ќе конкурираат за најдобри на своите позиции, односно кои ќе се најдат во идеалниот тим на Лигата на Шампионите, кој ќе биде објавен пред почетокот на завршниот турнир во Келн. На позицијата најдобар голман во изборот на стручните лица во ЕХФ, заслужено се најде и дебитантот во најголемото натпреварување, Дејан Милосављев, кој е вистинско откритие ... Read More »

Рутинска победа за Вардар Јуниор во дуелот со ГРК Борец

53790479_2110584888988346_1758843868545024000_n

Екипата на Вардар Јуниор успеа да слави на натпревар од 6.коло во плеј-аут фазата во Супер лигата, откако во малата сала на С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на ГРК Борец. Избраниците на Петрушевски тргнаа фуриозно на овој дуел, на кој ги постигнаа првите четири голови, откако противничката мрежа ја погодија Карапалевски, Ѓорѓиев, Атанасовски и Јанковски, додека на првиот гол ... Read More »

Вардар Јуниор го потврдува опстанокот на дуелот со “фенерџијата“ Борец

f191-660x3301-660x330-660x330

Тимот на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, младиот сениорски колектив Вардар Јуниор одигра на ниво кога беше најпотребно во првенството, односно во плеј-аут сегментот.  Со серијата добри игри се одлепивме на дури осум бода над тимот на РК Прилеп 2010 кој остана на 5.позиција  на табелата, место кое носи во баражот за опстанок. Останува до крајот само да ја валоризираме ... Read More »

Арена Спорт 5 со директен пренос од дуелот Пик Сегед-Вардар

58619795_10158010672540348_4838129665073741824_n

Со предност од осум голови (31:23), Вардар ќе го започне реваншот од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите против екипата на Пик Сегед. Црвено-црните имаат можност трета година по ред да се пласираат на завршниот турнир во Келн. Дуелот кој во недела стартува од 19:00 часот ќе можете да го проследите со директен пренос на Арена Спорт 5. Read More »

Шпанска правда во недела

Norway - Croatia

Оскар Раули Лопез и Анхел Рамирез Сабросо од Шпанија се делегирани да го судат реванш дуелот од 1/4 финалето во Унгарија, на кој ќе играат ПИК Сегед и нашиот Вардар. Се надеваме на фер и коректно судење од оваа судиска двојка. Дуелот во Унгарија се игра во недела со почеток од 19.00 часот. Вардар има солидна предност од осум голови, ... Read More »

Кристопанс игра во одлична форма, до крајот на сезоната го „брка“ врвот на листата на најдобри стрелци во ЛШ

vardarfans-kristopans

Летонскиот „џин“ во редовите на Вардар, Даинис Кристопанс игра одлична сезона во дресот на Вардар. Кристопанс на крајот од сезоната може да заврши во ТОП-5 најдобри стрелци во Лигата на Шампионите, со оглед дека црвено-црните се блиску до пласман на завршниот турнир во Келн, што ќе носат нови два дополнителни мечеви за Вардар. Инаку Кристопанс има моментално 75 постигнати голови, ... Read More »

Калман: Ништо не е загубено, има уште 60 минути кои со нетрпение ги очекуваме

56420964_2661911433835723_6095462198308503552_n

И покрај високиот пораз на првиот натпревар одигран во Скопје, од редовите на Пик Сегед се уште веруваат дека можат да направат подвиг и да ја надокнат негативата од осум голови. Еден од најискусните играчи во тимот, левото крило, Јонас Калман, смета дека ништо не е загубено и дека со помош од навивачите, Пик Сегед може да стигне на Ф4 ... Read More »

Вардар со нов демант за ЕХФ кои велат: На Пик Сегед ќе му биде потребна „магија“ ако сака да се пласира во Келн

vardar-pik-seged-chetvrt-finale-lsh-25-04-2019-201561

Вардарци по кој знае кој пат оваа сезона ги демантираат стручните лица задолжени за анализа во ЕХФ, дека немаат тим кој оваа сезона може повторно да се искачи на врвот на Европа. Пред одигрување на 1/4 финалните дуели, од ЕХФ излегоа со ранкинг, според кој Вардар немаше шанси да се најде на завршниот турнир во Келн, односно на таа 4.позиција ... Read More »

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА СПАС НА ВАРДАР

rkv

Од денеска и официјално започнува акцијата за спас на ракометниот клуб Вардар. Според информациите до кои дојде ,,Вардар Фанс” , а се потврдени од ,,Иницијатива за спас на РК Вардар” , се приклучуват и донираат голем број на Јавни личности и навивачи ширум светот. За сите новости можете да се информирате на нивната Фејсбук страна ТУКА. Read More »

Гласајте за Кристопанс и Карачиќ, во изборот за најдобар играч на првите 1/4 мечеви во ЛШ

vardarfans-glasanje

Вардарци одиграа блескава партија во дуелот со Пик Сегед и со предност од осум голови ќе го започнат реваншот во Унгарија, за пласман на завршниот турнир во Келн. Добрата игра беше препознаена и од страна на ЕХФ која смести двајца играчи на Вардар во најдобриот тим од првите 1/4 финални мечеви во ЛШ. Тоа се всушност и најефикасните ракометари на ... Read More »