Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 374)

РК Вардар

Дописниците на ЕХФ го предложија Дибиров за ЛШ Ол-стар тимот

vardarfans-dibirov

После тренерите и новинарите кои се дописниците на ЕХФ ги дадоа своите гласови за најдобрите ракометари во групната фаза од   ЕХФ Лигата на шампионите. Помеѓу имињата кој се најдоа на списокот има место и за еден ракометар на црвено-црните. Во најдобрата, ол-стар седморка место има за “летачкиот“ русин, Тимур Дибиров според  мислењето на дописниците.  Тие дадоа предлог кои играчи ги предложуваат ... Read More »

Кадетите на Македонија завршија на 4.место на турнирот во Бугојно

57352924_1137646203074374_7263535067635384320_n

Четврто место за кадетската ракометна репрезентација, која изминатиов период беше дел од силен меѓународен турнир во Бугојно. Во конкуренција на силни европски репрезентации, на крајот Македонија го освои 4.место што дава надеж дека има квалитет за големи остварувања во оваа селекција. Во борбата за 3.место бевме минимално поразени од селекцијата на Германија, иако во голем дел од мечот избраниците на ... Read More »

Вардар ќе игра на Ф4 турнирот во Купот и ќе го брани трофејот

mak-rakomet-vardar-struga-11

Екипата на Вардар ќе игра на завршниот турнир во купот на Македонија, откако во решавачкиот меч успеавме да ја победиме екипата на Струга. И на овој дуел настапивме со играчи од младинскиот состав, додека од првиот состав на теренот беа руските репрезентативци Кисељев, Калараш, Шишкарев, како и голманот Милосављев, а тука беа и поискусните Недановски, Поповски и Војводиќ. Вардар по ... Read More »

Вардар против Струга, за пласман на завршниот турнир во купот

57564633_10157992217020348_79509581339820032_n

Денес со почеток од 18:00 часот, вардарци ќе го одиграат и последниот решавачки натпревар за пласман на завршниот турнир во купот на Македонија. Црвено-црните ќе гостуваат на екипата на Струга. Вардар вчера лесно и рутински со комбиниран состав го победи тимот на РК Прилеп (45:21). Во двете полувремиња настапивме со различни состави, во првиот дел играа играчите од првиот состав, ... Read More »

Дибиров: Во Вардар поминав многу убави моменти, со солзи ќе ја напуштам Македонија

vardarfans-dibirov

Заминувањето на сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко силно одекна не само во Македонија, туку и пошироко низ светот. Сите беа изненадени од одлуката на господинот Самсоненко кој преку соопштение ја извести јавноста дека од следната сезона нема да биде во можност да продолжи со финансирање на ракометниот клуб Вардар. Еден од играчите кој дојде во клубот уште од ерата на ... Read More »

(Фотогалерија) Прилеп лесен „залак“ за вардарци

9

Екипата на РК Вардар очекувано високо го совлада тимот на Прилеп, во рамките на 1/4 финалната група од Купот на Македонија, меч на кој црвено-црните славеа со резултат 45:21. Денес не очекува гостување кај екипата на Струга, со триумф ќе се избориме за учество на завршниот турнир во купот. Погледнете фотографии од мечот со Прилеп. Read More »

Кадетите поразени од Словенија, вардаровиот голман Андреј Петковски имаше блескаво издание во второто полувреме

kadeti

Македонската кадетска ракометна репрезентација не успеа да се пласира во финалето на турнирот „Ракометот е мојата иднина. Избраниците на Брестовац во полуфиналето беа поразени минимално од селекцијата на Словенија (26:25). Словенците имаа предност во најголем дел од мечот, истата не беше повеќе од два гола, во првите 20 минути од натпреварот. Сепак во последните десет минути од првото полувреме, Словенија ... Read More »

Јуниор Лига: Победи за РК Филип и РК Ангели во машкиот дел кај генер.2006/07

a2

Во текот на вчерашниот ден беа одиграни нови натпревари во рамките на ракометната „Јуниор Лига“. Кај генерацијата 2006/07 на програмата беа два натпревари, на кои победи забележаа екипите на РК Филип и РК Ангели. Екипата на РК Филип од Прилеп го доби дуелот против екипата на Карпош од Куманово. Во најголем дел од дуелот прилепани беа во предност, додека Карпош, ... Read More »

Јуниор лига: Момците на РК Карпош и РК Филип со победи во генер.2004/05

y1-2

Ново коло во Јуниор лигата денес се одигра во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Во генерација родени 2004 и 2005 кај момците се одиграа две средби на кои победи остварија екипите на РК Филип Вардар и РК Карпош Вардар. Во првата средба во генер.2004-05, тимот  на РК Филип Вардар од Прилеп беше подобар од скопскиот тим, РК Ангели Вардар. РК ... Read More »

(ФОТО) Најмладите вардарци во Јуниор лигата генер.2010 со свои дуели

9-2

Денес во малата сала при СЦ “Јане Сандански„ во Скопје се играше ново коло во  Јуниор Лига. Најмладите учесници во лигата, дечињата родени 2010 година и помали имаа свои дуели. Тие играа мини-ракомет, 4+1 во мешани тимови, во продолжение неколку фотографии од нивните дуели.           Read More »