Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 652)

РК Вардар

(Фотогалерија) Никој како тебе друг… Вардар стартуваше со победа над Металург во СЕХА

t10

Вчера во С.Ц. “Борис Трајковски“ во Скопје новата сезона во СЕХА лигата  ја почна со победа во градското дерби со Металург, нашиот Вардар. Тимот на црвено-црните триумфираше со резултат  32-23 (16-11) продолжувајќи ја традицијата на победи во воведните натпревари од сезоната во регионалната лига против Металург. Read More »

Вардар и оваа сезона е неколку класи подобар од тимот на Металург

21291523_1572828842774368_1520675505_n

Вардар лесно се справи со скопскиот ривал Металург и ја запиша првата победа во овогодинешната СЕХА Газпром лига. Европскиот шампион во ниту еден момент од натпреварот немаше проблеми против тимот од Автокоманда, Вардарци овој натпревар го добија со резултат 23-32 (11-16). Вардар и Металург отворија изедначено, по првите 5 минути резултатот гласеше 2-2, по петата минута Вардар додаде во нова ... Read More »

Вардар ја започнува новата сезона и одбраната на трофеите, Металург пр противник во СЕХА-лигата

vardarfans-rk-vardar

Актуелниот освојвач на СЕХА и лигата на шпампионите, како и владател на уште два трофеи од минатата сезона, екипата на РК Вардар денес ја стартува новата сезона во рамките на СЕХА натпреварувањето. Со почеток од 17:45 часот црвено-црните во рамките на првото коло гостуваат на Металург, натпревар кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански. Двете екипи добро се познаваат ... Read More »

Денешниот натпревар со директен пренос на МРТ-1

vardarfans-prenos

Ждрепката сакаше уште во првото коло во СЕХА – лигата да се сретнат двата македонски преставници, тимовите на Вардар и Металург. На денешниот натпревар во воведното коло домаќин ќе биде тимот на РК Металург. Овој натпревар ќе се одигра попладнево во СЦ. Борис Трајковски со почеток во 17 часот и 45 минути. Сите оние кои нема да бидат во сала, ... Read More »

Гонзалес: СЕХА е силна и без Веспрем, ќе биде тешко да се одбрани тронот

press-raul-sto

Натпреварувачка ракометна сезона за Вардар официјално започнува  денес со првиот меч од СЕХА Газпром лигата. Во првото официјално возбудување  ние  гостуваме кај тимот на РК  Металург во СЦ „Борис Трајковски”. Дуелот е закажан за денес, сабота со почеток во 17,45 часот. Раул Гонзалес, тренерот на Вардар за почетокот на сезоната вели: Нема да биде лесно. Новата сезона ќе биде и потешка ... Read More »

Седмерец од Охрид нова ракометна школа која ќе се натпреварува во “Јуниор“ лигата

vardarfans-sedmerec-ohrid

Седмерец од Охрид е новата ракометна школа која во новата сезона ќе биде дел од “Јуниор“ лигата и од Академијата на Вардар. Тие се првата школа која доаѓа од Охрид и се приклучува на големиот проект на ракометниот клуб Вардар, кој ќе започне да функционира и постои во својата трета година. Охриѓани препознаа сериозен проект и можност каде нивните деца ... Read More »

Штербик и Милиќ во ТОП-10 најдобри голмански парови, во лигата на шампиони

vardarfans-sterbik-milic

Се ближи почетокот на новата натпреварувачка сезона во лигата на шампионите, а ЕХФ направи избор на најдобрите десет голмански парови за новата сезона во најголемото натпреварување. На оваа листа се најде и голманскиот тандем на Европскиот шампион, а тоа се Арпад Штербик и Страхиња Милиќ, кои го заземаат високото петто место на најдобри голмани. Ова ќе биде четврта сезона за ... Read More »

Вардар има можност за петти трофеј, за прв пат ќе се игра супер куп во ракомет

vardarfans-rk-vardar

Екипата на РК Вардар сепак ќе има можност за петти трофеј откако ракометната федерација одлучи пред почетокот на секоја сезона да се игра супер куп. Така Вардар како шампион на Македонија но и освојувач на купот, во супер купот ќе игра против екипата на Еурофарм Работник која беше финалист во националниот куп, каде беа поразени токму од црвено-црните. Супер купот ... Read More »

РК Вардар е 9-ти најголем бренд во ракометниот свет

21105475_10156123931270348_8368180673293221430_n

Европскиот шампион Вардар е деветтиот најголем бренд во ракометниот свет, објави „Result SPORT“, која го истражувала влијанието на брендот преку социјалните мрежи. Црвено-црните кои сензационално станаа европски шампиони во Келн во јуни годинава, се најдоа во „топ десет“ брендови, а први на листата се двете жртви на вардарци на патот кон европскиот трон – Барселона и Пари Сен Жермен… sport1.mk Read More »

Билети за Металург-Вардар се по цена од 100 денари

vardarfans-rk-vardar

 СЕХА Лига почнува денес, на програмата се   три натпревари. Мечот   помеѓу Металург и Вардар ќе се одигра в0 сабота, поради настапот на вардарци на Супер Глоуб во Доха-Катар. Дуелот  се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а веќе од денес  од 12 часот во продажба ќе се пуштат влезниците за овој натпревар. Тие се по цена од 150 денари за М блоковите ... Read More »