Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 651)

РК Вардар

Гонзалес и Кањелас: Наша цел е повторно да играме на Ф4 и затоа треба да победуваме на секој натпревар

vardarfans-pres

Утре со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански екипата на РК Вардар е домаќин на Горење, во рамките на второто коло од СЕХА-лигата. Ова ќе биде прв меч за црвено-црните пре домашната публика во новата сезона. Клубот денес одржи прес-конференција на која ги сподели очекувањата за утрешниот натпревар, а неа пред медиумите се обрати тренерот Раул Гонзалес кој ... Read More »

Во продажба билетите за утрешниот натпревар против Горење, по цена од само 50 денари

vardarfans-bileti

Во вторник Вардар го игра првиот натпревар на домашен терен во рамките на СЕХА-лигата, каде за противник го има тимот на Горење од Словенија. Со триумф започна новата сезона во ова натпреварување за црвено-црните, кои во саботата во С.Ц. Борис Трајковски го победија градскиот ривал, тимот на Металург и тоа многу убедливо (23:32) и на тој начин ја започнаа одбраната ... Read More »

Европскиот шампион ја има најдобрата одбрана во лигата на шампионите

vardarfans-najdobra-odbrana

Продолжуваат комплиментите за Европскиот шампион и во пресрет на новата сезона во лигата на шампионите. Пред нејзиниот почеток ЕХФ направи избор на екипите кои ја имаат најдобрата одбрана во најголемото ракометно натпреварување. Врвот и во овој сегмент му припаѓа на Вардар, кој беше еден од најзначајните фактори за освојување на Европската титула. Стручните лица во ЕХФ дадоа објаснување зошто црвено-црните ... Read More »

Стојан Петрушевски: Вардар секогаш има големи амбиции, без разлика на младоста на составот

vardarfans-remi-na-junior-660x330

Најмладиот состав кој оваа сезона ќе се натпреварува во супер лигата, екипата на РК Вардар Јуниор продолжува да се подготвува за новата сезона, која треба да стартува за десеттина дена, со натпреварот против екипата на Охрид. Ибраниците на Стојан Петрушевски беа на десет дневни подготовки во Маврово, со цел подобро да се подготват за предизвиците кои ги очекува во новата ... Read More »

(ВИДЕО) Најинтересните моменти од победата на Вардар против Металург

vardarfans-video

Вардар со победа ја стартуваше обраната на титулата во СЕХА-лигата. Металург се покажа како недостоен противник за актуелниот освојувач на ова натпреварување, кој на крај мораше да се помири со висок пораз (23:32). Погледнете ги најинтересните моменти од триумфот против Металург. Read More »

Кристопанс со два гола се претстави пред скопската публика

kristopans-rkvardar

Летонскиот интернационалец Даинис Кристопанс со два гола дебитираше пред скопската публика. Летонскиот џин и нов десен бек на Вардар може да се забележи дека сеуште не е комплетно адаптиран во новиот систем и играта на Вардар. Кристопанс минатата сезона во дресот на Мешков Брест во Лигата на шампионите постигна вкупно 76 погодоци, а во СЕХА Газпром лигата 77 – овие податоци даваат надеж дека десниот ... Read More »

Стоилов: Ние сме шампиони на Европа и Сеха лигата и така треба да се однесуваме на секој натпревар

rkv-stole

Со победа започна новата сезона во СЕХА-лигата за екипата на РК Вардар, која во градското дерби беше подобра од екипата на Металург. Црвено-црните ја оправдаа фаворитската улога и ниту во еден момент не беше доведена во прашање победата на овој воведен натпревар. Конечниот резултат гласеше 23:32, а избраниците на Гонзалес и по првото полувреме имаа солидна предност од 11:16. Во ... Read More »

Гонзалез: Нашата одбрана од 6-0 и на овој натпревар добро функционираше

t5g

Вардар на убедлив начин ја отвори новата сезона во СЕХА лигата, совладувајќи ја екипата на Металург во градското дерби. Од самиот почеток на мечот црвено-црните го превземаа водството кое само го зголемваа до крајот на натпреварот. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез на прес-конференцијата по мечот изјави: “Овој меч беше доста тежок, морам да кажам дека секогаш првите натпревари се тешки. Нашата ... Read More »

СЕХА: Дибиров е играч на мечот Металург-Вардар (ВИДЕО)

t7

Вчера нашиот РК Вардар ја почна со победа во градското дерби против  Металург од  32-23 (16-11) новата сезона во регионалната лига. Со оваа победа вардарци тргнаа триумфално и покажаа кој е шампион покрај на регионалното натпреварување и на стариот континент. Во нашите редови прв стрелец беше русинот Тимур Дибиров, тој погоди ефектно дури пет пати тоа од само шест обида. ... Read More »

Милиќ: Имавме добар пристап на овој меч, не се опуштивме во ниту една секунда

vardarfans-milic

Првиот голман на Вардар на вчерашниот натпревар против Металург, Страхиња Милиќ по натпреварот изјави дека неговиот тим во ниту еден момент не се опуштил што бил еден од клучните фактори за убедливата победа. “Имавме добар пристап на овој меч, не се опуштивме во ниту една секунда. Формата се разбира дека не ни е на ниво на која што сакаме, но ќе ... Read More »