Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 662)

РК Вардар

(ВИДЕО) Тимур Дибиров е “волшебник„ на ракометната игра

vardarfans-dibirov

Тимур Дибиров е вистински волшебник на ракометната игра. Руското крило ја одигра својата четврта сезона во црвено-црниот дрес, која е најуспешна и најтрофејна во неговата играчка кариера. Дибиров има активен договор со Вардар, кој трае до 2020 година. Три години по ред беше најдобар стрелец на Вардарци во лигата на шампионите, додека во сезоната во која освоија Европска титула, беше ... Read More »

РК Вардар Јуниор е најмладиот состав во новата сезона во супер лигата

vardarfans-vardar-junior

РК Вардар Јуниор во новата натпреварувачка сезона ќе биде најмладата екипа, која ќе се натпреварува во најсилната супер лига. Составот кој ќе го предводи искусниот Стојан Петрушевски ќе го сочинуваат ракометари од 16-21 година, кои ќе се обидат да парираат на поискусните и поголеми екипи во лигата. Во новата сезона, ќе гледаме поинаков Вардар Јуниор, кој е доста подмладен од ... Read More »

Познати сите противници на РК Вардар, на светското клупско првенство, “Супер Глоуб“ во Доха

vardarfans-rk-vardar

Од 25-28-ми август, Доха ќе биде домаќин на неофицијалното светско клупско пренство “Супер Глоуб„, на кое ќе настапи и актуелниот Европски шампион, екипата на РК Вардар. Светската ракометна федерација го објави конечниот список на сите учесници, кои ќе се борат за трофејот од ова натпреварување. Своето учесто го откажаа шампионот на Азија и Африка, а на нивно место ќе настапат, ... Read More »

Одбраната на Европската титула, РК Вардар ќе ја започне на гостински терен против Висла Плок

vardar-visla-21-03-2015-1323-660x330

Новата сезона во ракометната лига на шампиони за Европскиот шампион, екипата на РК Вардар ќе стартува на гостински терен во дуел со екипата на Висла Плок. Со овој противник ќе ја започнеме и завршиме најсилната група А. Веќе е одреден распоредот на одигрување натпревари за црвено-црните и патот по кој ќе чекорат избраниците на Раул Гонзалес, во првата фаза од ... Read More »

Кокшаров ќе продолжи да ја извршува функцијата на спортски директор во РК Вардар

vardarfans-koksarov

И покрај селекторското место во репрезентацијата на Русија, Едуард Кокшаров ќе продолжи да работи како спортски директор на ракометниот клуб Вардар. Од вчера, Едуард е назначен за нов селектор на машката репрезентација, откако откази доби Дмитри Торгованов, кој не успеа да ја однесе Русија на Европското првенство, кое следната година ќе се одигра во Хрватска. -Нема пречка за да продолжам ... Read More »

Познат распоредот за СЕХА лигата на Вардар, прв меч е македонското дерби со Металург

vardarfans seha

Нашиот РК Вардар, кој е трикратен шампион  во регионалната СЕХА Газпром лига, во  новата сезона во 1.коло повторно ќе игра градско дерби против Металург. Денес на официјалната страница, СЕХА лигата го објави распоредот на натпреварите за новата сезона што според планот треба да почне на крајот на август, со редовно коло на 29 или 30 август. Вардар во периодот од ... Read More »

Самсоненко ќе биде генерален менаџер на руската машка репрезентација и потпретседател на Руската федерација

samsonenko-vardar-vardarfans

Руската ракометна федерација реши во иднина сопственикот на двата ракометни клуба и фудбалскиот колектив Вардар, г-н Сергеј Самсоненко да биде генерален менаџер на руската машка репрезентација. Покрај ова тој добива уште една позвучна фунција, рускиот конзул во земјава и сопственик на Вардар ќе биде  потпретседател на Руската ракометна федерација. Едуард Кокшаров, актуелниот спортски директор во Вардар ќе ја преземе функцијата ... Read More »

Спортскиот директор на РК Вардар, Едуард Кокшаров ќе биде нов селектор на машката Руска репрезентација

vardarfans-koksarov

Спортскиот директор на ракометниот клуб Вардар, Едуард Кокшаров ќе биде нов селектор на машката руска репрезентација. После неуспехот во квалификациите и необезбедениот пласман на ЕП во Хрватска, федерацијата на Русија реши да ја прекине соработката со Торгованов и довербата да му ја даде токму на Кокшаров. Инаку Кокшаров има долга играчка кариера, настапувајќи за екипите на Краснодар, Целје со која ... Read More »

Европските шампиони продолжуваат да уживаат на Јадранското море

vardarfans-naslovna

Ракометарите на Вардар продолжуваат да одмараат на Јадранското море и да ги полнат батериите за новата натпреварувачка сезона. Најголем дел од играчите на Европскиот шампион се наоѓаат на заеднички одмор во Сплит, организиран од сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко. Read More »

Вардар против Рајн-Некар, го отвара турнирот во Гумерсбах, што ќе биде и прв контролен меч за црвено-црните во новата сезона

vardarfans-rk-vardar

Европскиот ракометен шампион, екипата на РК Вардар моментално се наоѓа на заслужен одмор, по напорната сезона која ја имаа, во која освоија дури четири трофеи. Подготовките за новата сезона ќе започнат на 27-ми јули и тоа во С.Ц. Јане Сандански, каде црвено-црните ќе тренираат неколкуд дена, по што ќе заминат на подготовки во Крањска Гора. Првиот натпревар кој треба да ... Read More »