Веќе два дена кадетско-младинската екипа на РК Вардар 1961 ги одработува своите зимски подготовки по паузата која беше на сила претходно. Момците на Пепи Манасков, започнаа со работа во среда, 19.јануари. Тренинзите се одржуваат во СЦ „Форца“ во Скопје каде момците се подготвуваат за настапите во кадетската и младинската лига оваа пролет. Се работи одлично, екипата со полн елан ги ... Read More »
РК Вардар
Хрватска загуби од Црна Гора, Анте Гаџа стрелец на два гола
Ракометната репрезентација на Црна Гора продолжува со изненадувањата на ЕП. Денес црнагорците со победа ја отворија втората групна фаза откако беа подобри и од репрезентацијата на Хрватска. Црна Гора доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот може да се каже дека и повеќе од заслужено успеа да стигне до победа. Избраниците на Хорват имаа само едно единствено водство ... Read More »
Анте Гаџа и Патрик Валчак се единствените вардарови ракометари кои продолжуваат со настапи на ЕП
Само двајца ракометари од Вардар ги продолжуваат настапите на Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка. Тоа се Анте Гаџа и Патрик Валчак. Пет ракометари кои беа дел од Македонија ги завршија настапите, откако нашата репрезентација не успеа да ја помине групната фаза, исто како и Дарко Ѓукиќ кој со Србија предвреме завршија со ЕП. Денес Хрватска за ... Read More »
Познати противниците на РК Вардар во групната фаза од СЕХА-лигата
Во новата натпреварувачка сезона во СЕХА-лигата ќе се натпреваруваат вкупно десет екипи, а познати се групите во кои се поделени екипите. Системот на натпреварување е ист како и минатата сезона, носители во двете групи се екипите на Веспрем и Брест Мешков кои обезбедуваат директен пласман во 1/4 финалето. Вардар е во групата Б, заедно со екипите на Мотор Запорожје, Нексе ... Read More »
Патрик Валчак во составот на Полска за натпреварот со Германија
Анте Гаџа и Патрик Валчак ќе бидат единствените вардарови ракометари, кои ќе продолжат да се натпреваруваат на ЕП. Вчера Хрватска го потврди својот пласман во следната фаза со убедливата победа против репрезентацијата на Украина. Денес игра и Полска која без разлика на исходот од натпреварот со Германија, ќе оди понатаму. Полска и Германија денес со почеток од 18:00 часот ќе ... Read More »
Анте Гаџа ги продолжува настапите на ЕП, Ѓукиќ и Србија испаднаа во групата
Анте Гаџа ќе биде ракометарот на Вардар кој ќе продолжи со својата репрезентација да се натпреварува во следната фаза од Европското првенство. После воведниот пораз против Франција, во следните две кола, избраниците на Хорват успеаа да ги победат репрезентациите на Србија и Украина и како второпласирани да го продолжат претстојот на ЕП. Хрватска немаше големи проблеми околу обезбедувањето на победа ... Read More »
Македонија со три порази ги заврши настапите на ЕП
Македонија со три порази ги заврши натпреварите во групната фаза на ЕП кое се игра во Унарија и Словачка. Данска се покажа како „пресилна“ за избраниците на Кирил Лазаров, кои на крајот мораа да се помират со висок пораз. Иако добро го започнавме натпреварот со предност од 4:0 после 7 минути игра, сепак, Данците не дозволија натпреварот да оди во ... Read More »
Среќен роденден Стефан Крстевски
Денес свој роденден прославува младиот ракометар на Вардар, Стефан Крстевски. Се работи за играч кој потекнува од школата на Ресен, а дел од Вардар е од 2014 година. Ги има поминато сите младински екипи на Вардар, а сезонава е дел од првиот тим. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СТЕФАН !! Read More »
Македонија загуби и од Ц. Гора, Хрватска го доби дербито со Србија
Македонија го претрпе и вториот пораз на ЕП и на тој начин ги загуби шансите за пласман во следната фаза од ова натпреварување. Иако беше фаворит во пресрет на натпреварот, сепак Македонија загуби од репрезентацијата на Црна Гора. Противникот подобро го отвори натпреварот кога поведе со 0:4, имаа и позитива од пет гола, но како одминуваше првото полувреме, избраниците на ... Read More »
Познат составот за дуелот со Ц.Гора, Гаџа и Ѓукиќ еден против друг
Денес со почеток од 18:00 часот нашата ракометна репрезентација го игра вториот натпревар на ЕП. Противник ќе ни биде репрезентацијата на Црна Гора. Селекторот Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари кои ќе излезат на теренот на овој втор натпревар. За разлика од првиот натпревар единствена разлика е што во составот ќе биде голманот Митревски, додека познато е дека Кирил ... Read More »