Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги (page 147)

Младински лиги

Пионерската и двете младински екипи на РК Вардар дел од турнири во Загреб и Сараево

Младинската екипа на РК Вардар под водство на тренерите Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски ќе учествуваат на седмото издание на меѓународниот ракометен турнир “Дубрава 2016“, во периодот од 1-4 септември. На истов турнир со својата генерација пионери ќе настапува и Вардар, предводени од Андријана Будимир. Младинците на РК Вардар Јуниор предводени од Пепи Манасков ќе бидат дел од силниот меѓународен ... Read More »

Кристијан Димитријески: “Јуниор лигата“ ја сметам за најдобар проект на РК Вардар, бидејќи преку неа станавме играчи кои размислуваат за професионален ракомет

“Јуниор лигата“ ја сметам за најдобар проект до сега на Вардар, затоа што преку неа станавме играчи кои размислуваме за професионален ракомет, изјави Кристијан Димитријески за нашиот сајт. Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ... Read More »

(ФОТО) РК Вардар 2 на подготовки во Маврово

Екипата на РК Вардар 2 од четвртокот се наоѓа во Маврово, каде го одработува вториот дел од подготовките за новата натпреварувачка сезона. Таму ќе останат до 26-ти август по што се враќаат во Скопје, каде ќе продолжат со тренинзи. Екипата во новата сезона ја сочинуват играчи од младинските категории на РК Вардар, кои ќе собираат искуство со натпреварите во првата ... Read More »

Матео Јанчев: “Јуниор“ лигата ми овозможи да ги истакнам своите квалитети и да ја достигнам посакуваната цел

vardarfans mateo jancev

Откако на чело на ракометните црвено-црни клубови дојде рускиот сопственик, господинот Сергеј Самсоненко многу работи тргнаа во позитивна насока. Покрај тоа што добивме спортски центар “Јане Сандански“ каде сите потреби се задоволени на првотимците станавме единствен клуб кој има сала на располагање само на младите категории, а тоа е С.р.ц “Кале“. Сепак тоа ни одалеку не беше се клубот реши ... Read More »

Падна и Украина, Македонските кадети продолжуваат со добри игри на ЕХФ Шампионатот

vardarfans pobeda za kadetskata reprezentacija

Трета победа од исто толку одиграни натпревари за Македонската кадетска репрезентација на ЕХФ Шампионатот, кој се одржува во Бугарија. Избраниците на Илија Темелковски во една неизвесна завршница успеаа да забележат нов триумф против Украина, кој ги зцврсти на првото место во групната фаза. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 28:27. Почетокот на натпреварот им припадна на нашите репрезентативци кои по ... Read More »

Нов триумф за кадетската ракометна репрезентација на ЕХФ Шампионатот

vardarfans pobeda za kadetskata selekcija

Втора победа за кадетската ракометна репрезентација на ЕХФ Шампионатот кој се одржува во Бугарија. Нашата селекција по воведната победа против Кипар, во рамките на второто коло од групната фаза беше поуспешна и од Ерменија. Конечниот резултат од 49:13 говори за одразот на силите на теренот и квалитетот на двете репрезентации. Слично како и на претходниот дуел, така и на овој ... Read More »

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тече првиот дел од подготовките за РК Вардар 2

vardarfans-28

Екипата на Вардар 2 веќе неколку дена тренира во спортскиот рекреативен центар Кале, подготвувајќи се за новата натпреварувачка сезона. Вториот дел од подготовките ќе бидат во Маврово, каде тимот ќе се задржи осум дена. Оваа сезона Вардар 2 го сочинуваат ракометари од младинските категории на Вардар и неколку играчи кои и во изминатава сезона беа дел од истиов тим. Ние ... Read More »

Кадетската репрезентација стартуваше со убедлива победа на ЕХФ Шампионатот

vardarfans pobeda za kadetskata reprezentacija

Со убедлива победа над Кипар, машката кадетска ракометна репрезентација ги започна настапите на ЕХФ Шампионатот. После победата и нерешениот резултат на контролните мечеви против Бугарија, избраниците на Илија Темелковски ги впишаа првите бодови и во ова натпреварување. Пред стартот на мечот, Македонија беше голем фаворит во дуелот со Кипар и според резултатот целосно ја оправдавме таа улога. Добрата одбрана во ... Read More »

Нерешен резултат за машката кадетска репрезентација, на вториот контролен натпревар со Бугарија

13906891_895575900546581_5670346486798449163_n

После првата победа на контролниот натпревар против селекцијата на Бугарија, нашата машка кадетска репрезентација одигра со нерешен резултат на вториот контролен дуел со истава селекција. Конечниот резултат на оваа средба гласеше 25:25. Голем дел од овој дуел беше израмнет, иако Македонија беше репрезентацијата која беше почесто во водство. На полувреме противникот имаше предност од 11:10. По 10 минути игра во ... Read More »

Филип Дамчески: Целата екипа и колективно ќе ја покажеме нашата моќ и заедно ќе дојдеме до посакуваниот успех

vardarfans damceski

Екипата која минатата сезона изненади најпријатно во првата ракометна лига, РК Вардар 2 и оваа сезона има силни амбиции со надеж дека ќе оди скалило погоре од она вицешампионско место во истата. Во новата сезона екипата ќе биде предводена од искусниот Зоран Петковски а ќе ја сочинуваат играчи од младинските категории на најголемиот клуб во Македонија. Екипата веќе тренира во ... Read More »