Младинската ракометна репрезентација вечерва ги стартува натпреварите на ЕХФ Шампионатот, кој до 29-ти јули ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски. Прв противник ни е селекцијата на Велика Британија. Селекторот Брестова го објави списокот на 16 ракометари, на кои ќе смета за вечерашниот дуел кој започнува од 20:00 часот. Во истиот се најдоа и четворица ракометари од редовите на Вардар. ... Read More »
Младински лиги
Успешна контрола пред стартот на ЕХФ Шампионатот за младинската ракометна селекција, која ги доби двата дуели против Ц.Гора
Младинската репрезентација на Македонија изминатиов период се наоѓаше на подготовки во Маврово, во пресрет на ЕХФ Шампионатот, кој во периодот од 20-29-ти јули ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски. Избраниците на Данило Брестовац изминатиов период го искористија за одигрување на контролни натпревари, со соодветната селекција на Црна Гора. Двата натпревари се одиграа во Маврото и завршија во корист на ... Read More »
Познат составот за пионерите на РК Вардар, во натпреварувачката сезона 2018/19
Генерацијата на РК Вардар родени 2004/05 година или пионерите во новата сезона ќе се натпреваруваат во пионерската лига. Тренерски тандем на оваа генерација останува Зоран Петковски- Зенга како главен и Никола Бисинов, како негов помошен тренер. Екипата речиси е иста од минатата сезона, надополнета со две нови имиња. Тоа се Никола Анакиевски од Делчево и Виктор Трифуновски од ГРК Гостивар. Познат ... Read More »
Седум играчи од РК Вардар, се наоѓаат на подготовки во Маврово со младинската репрезентација
Младинската ракометна репрезентација се наоѓа на подготовки во Маврово, каде се подготвува за претстојниот ЕХФ Шампионат, кој во периодот од 20-29-ти јули ќе се одигра во СКопје, во С.Ц Борис Трајковски. Предвидено е во Маврово да се одиграат два контролни натпревари со соодветната селекција на Црна Гора. На овие подоготвки, селекторот Данило Брестовац може да смета на 24 ракометари, од ... Read More »
Играчи од РК Вардар повикани за подготовките на младинската машка селекција, за ЕХФ Шампионатот кој ќе се одигра во Скопје
Младинската машка ракометна репрезентација денес го има првиот собир, со што ќе означи старт на подготовките за ЕХФ Шампионатот, кој во периодот од 20-29 јули ќе се одигра во Скопје. Селекторот на оваа селекција, Данило Брестовац на овие подготовки повика 24 ракометари, меѓу кои има и играчи и од ракометниот клуб Вардар. Тоа се Андреј Петковски, Марко Кизиќ, Дејан Кукуловски, ... Read More »
Нова потврда за квалитетната работа на РК Илинден Вардар, пет играчи регрутирани за младите тимови на РК Вардар
Повторно РК Илинден Вардар доби потврда за својата квалитетна работа со младите ракометни надежи. Оваа регионална школа која е во склоп на Академијата на РК Вардар и оваа сезона ќе даде голем број играчи во црвено-црниот тим. Школата фунционира во скопската населба Илинден, истата ја раководат и работат со членовите брачниот пар Јаневи, Дарко и Александра. Од шампионската генерација родени 2004 ... Read More »
Кадетите на РК Вардар освоија трето место, во дебитантската сезона на кадетската лига
Генерацијата на РК Вардар родени “2002“ година кои ја освоија пионерската лига, паралелно се натпреваруваа и во повозрасната категорија, екипи составени од играчи родени “2000“ година, односно во кадетската лига. Избраниците на Андријана Будимир направија голем успех со пласманот на завршниот турнир и освојување на бронзениот медал, во конкуренција на 18 екипи, кои земаа учество, поделени во три групи. Во ... Read More »
Преглед на сезоната за младинците на РК Вардар, кои станаа вицешампиони на Македонија
Младинците на РК Вардар станаа вицешампиони на Македонија за оваа натпреварувачка сезона. Избраниците на Чивлачки и Грчевски на завршниот турнир кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда во големото финале беа поразени од екипата на Металург 2. Во регуларниот дел на сезона, црвено-црните беа дел од групата 1, во која го освоија првото место. Одигравме 13 натпревари, на ... Read More »
Одлична шампионска сезона за пионерите на РК Вардар под водство на Будимир, кои имаа стопроцентен ефект во лигата
Пиопнерите на ракометниот клуб Вардар имаа одлична сезона, во која успеаа да станат шампиони на Македонија. Избраниците на Андријана Будимир доминираа и успеаа да ја завршат сезоната со стопроцентен ефект. Одиграа вкупно 14 натпревари на кои забележаа исто толку победи. Во конкуренција на 25 екипи, црвено-црните на крајот заслужено се најдоа на врвот. Во регуларниот дел од сезоната беа дел ... Read More »
Вардарецот, Мартин Карапалевски најефикасен играч во поразот на кадетската репрезентација, на контролен меч против Ј.Кореја
Кадетската ракометна репрезентација се наоѓа на турнир во Унгарија, каде одигра контролен натпревар со селекцијата на Јужна Кореја. Овој дуел го загубивме со резултат 27:32. Во најголем дел од дуелот, противникот имаше предност, која на полувреме беше изразена со седум голови разлика (16:9). Најефикасен на овој меч беше играчот на Вардар, Мартин Карапалевски кој постигна шест голови. Од играчите на ... Read More »