Во рамките на младинската група 2, победа забележаа младиците на Вардар, кои на Кале ја победија екипата на Радовиш. Ова е прва сезонска победа за вардарци и тоа на стартот од пролетниот дел. Резултатот на овој дуел гласеше 26:24. Натпреварот започна со по еден гол на двете страни, за екипата на Радовиш да постигне три гола во серија и во ... Read More »
Младински лиги
Победи за момците на Ангели Вардар и Бисинов во мечевите од Јуниор лигата кај генер.2006/07
Денес во Срц “Кале“ во Скопје се одиграа првите дуели од новото. 7.коло во ракометната вардарова Јуниор лига. Кај момците родени 2006 и 2007 година се одиграа два дуела во продолжение извештаи од нив. Во првиот дуел во еден интересен натпревар тимот на РК Ангели Вардар го совлада тимот РК Урдаревски Вардар во натпревар на двете скопски екипи. Ангели ... Read More »
Викендов во Скопје и Кавадарци ќе се одигра 7.коло во Вардар јуниор лигата (распоред)
Викендов на програмата е 7.коло од ракометната Вардар Јуниор лигата. Истото ќе се игра во Кавадарци и во Скопје. Викендов, 10 и 11 март, ќе се играат натпреварите во категориите 2002/03 машки, 2004/05 машки и женски и 2006/07 машки и женски, како и мечевите во мини ракомет за децата родени 2008 и помали, кои играат во мешани тимови. Во Кавадарци дуелите ... Read More »
Термини на одигрување натпревари за младинските екипи на РК Вардар
Нови натпревари во рамките на првенството на младинските ракометни екипи, ќе гледаме претстојниов викенд. Своето прво пролетно коло ќе го одиграат пионерите на Вардар Јуниор, кои се предводени од Зоран Петковски. Оваа нова генерација на Вардар, момчиња родени 2004/05 година ја сочинуваат играчи кои нстапуваат за ракометните школи во Јуниор лигата. Во есенскиот дел, екипата имаше три победи и два ... Read More »
Младинците со победа в Ѓорче ја стартуваа пролетната “етапа“, Крстевски прв стрелец со 9 гола
Овој викенд стартуваше и пролетниот дел од сезоната 2017/18 за младинците на ракометниот клуб Вардар. Тие првото пролетно коло го одиграа против тимот на РК Македонија Ѓорче Петров. На гостински терен, нашите момчиња дојдоа до убедлива победа со резултат 35 – 26 (22 – 9). Одлично го отворија првиот дел избраниците на тренерското дуо Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски кои го ... Read More »
(Фотогалерија) Пионерите на РК Вардар високо го совладаа РК Аеродром
Избраниците на Андријана Будимир, пионерите на ракометниот клуб Вардар немаа поголеми проблеми да стигнат до нова победа во рамките на групата 1. Tие беа подобри во дуелот кој се играше во салата “Кале“ со помладиот состав на РК Аеродром 1, кој го совладаа со резултат 33:6. Read More »
Осма последователна победа за пионерите на РК Вардар, кои беа подобри од помладите аеродромци
Пионерите на ракометниот клуб Вардар немаа поголеми проблеми да стигнат до нова победа во рамките на групата 1. Избраниците на Андријана Будимир беа подобри во дуелот кој се играше во салата “Кале“ со помладиот состав на РК Аеродром 1, кој го совладаа со резултат 33:6. Вардар во 11 минува стигна до двоцифрена предност, кога погоди Бојан Чакалиќ, за предност на ... Read More »
Комплетни резултати и табели кај момците во ракометната Јуниор Лига по 6.коло
Минатиот викенд на 24 и 25 февруари, момчињата во СЦ Кале ги одиграа натпреварите од шестото коло од Вардар Јуниор лигата. На распоредот беа мечеви во категориите 2002/03, 2004/05 и 2006/07, како и натпреварите во мини ракомет за најмладите учесници родени 2008 година и помлади. Кај генерацијата 2006/07 во машка категорија победници на одиграните мечеви од шестото коло беа тимовите ... Read More »
Претстојниов викенд активни со настапи ќе бидат младинските екипи на РК Вардар
Претстојниов викенд, активни ќе бидат младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Стартува пролетниот дел од сезоната за младинците на Вардар, кои се натпреваруваат во групата 1 и се наоѓаат на лидерската позиција. Избраниците на Чивлачки и Грчевски, во недела гостуваат на екипата на Македонија Ѓ.П, натпревар кој е закажан да започне од 18:00 часот, во “СУГС Кочо Рацин“. Вардар го ... Read More »
Јани Лазов: “Јуниор“ лигата ни помага да се изградиме како личности и да се стекнеме со потребното искуство на теренот
Повеќе од 23 ракометни школи низ цела Македонија и оваа сезона се натпреваруваат во “Јуниор“ лигата и се борат за највисок пласман на крајот од сезоната. Исто така ја имаат шансата да се докажуваат и да ги надоградувааат своите знаења преку континуираните натпревари во оваа лига. Дел од овој проект е и ракометната школа Карпош од Куманово за која настапува ... Read More »