Денес со почеток од 13:30 часот, РК Вардар гостува кај екипата на Прилеп, на натпревар од групата А во ракометната Супер Лига. После две одиграни кола, Вардар има максимален број на освоени бодови, додека Прилеп е без бодови. Стрим од натпреварот можете да погледнете на линкот, ТУКА. Read More »
Прв Тим
Прилеп е следен противник на РК Вардар
Во сабота, екипата на РК Вардар гостува кај Прилеп, на натпревар од 3.коло во ракометната Супер Лига. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Р.Р.Ричко со почеток од 13:30 часот. Судии на натпреварот ќе бидат Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола, додека делегат ќе биде Владимир Саздовски од Скопје. После две одиграни кола во групата А, Вардар има максимални ... Read More »
РК Вардар го надигра Бутел, за втора сезонска победа
Ракометарите на Вардар ја забележаа и втората победа во рамките на Супер Лига. Попладнево во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните со високи 30:21 ја надиграа екипата на Бутел. Гостинската екипа имаше само една предност, при резултат 2:3, по што следеше серија од четири последователни голови за избраниците на Недановски. Од тој момент, Вардар постојано беше во позитива и имаше контрола на ... Read More »
(СТРИМ) РК Вардар – РК Бутел
Денес со почеток од 16:30 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на тимот на Бутел, на натпревар од 2.коло во групата А од Супер Лигата. Вардар е фаворит и атакува на вториот триумф сезонава во првенството. Стрим од овој натпревар можете да проследите на линкот, ТУКА. Read More »
РК Вардар утре е домаќин на РК Бутел, на натпревар од 2.коло во Супер Лигата
Утре, со натпреварот меѓу екипите на Вардар и Бутел ќе се комплетира 2.коло во рамките на групата А во ракометната Супер Лига. Поради настапот на Вардар во Супер Купот, натпреварот со Бутел ќе се одигра во текот на утрешниот ден. Вардар е домаќин во С.Ц. Јане Сандански, дуелот е закажан да започне од 16:30 часот. Судиската двојка доаѓа од Битола, ... Read More »
Во драматична завршница, Вардар загуби минимално од Еурофарм Пелистер
Во драматична завршница, екипата на Еурофарм Пелистер успеа да слави со резултат 23:22 и да стане освојувач на ракометниот Супер Куп. Гледавме рамноправно прво полувреме, во кое и двете екипи во еден момент имаа предност од два гола разлика, сепак на полувреме се замина со нерешен резултат 12:12.После игра гол за гол, Вардар беше екипата која прва успеа да поведе ... Read More »
(СТРИМ) РК Вардар – РК Еурофарм Пелистер
Вечерва со почеток од 20:00 часот ќе се одигра ракометниот Супер Куп, меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Вардар е најтрофеен клуб во ова натпреварување со три титули, додека Еурофарм Пелистер има една. Стрим од натпреварот кој ќе се одигра во Охрид, можете да проследите на линкот, ТУКА. Read More »
Недановски: Вардар има свои квалитети, знаеме што не очекува против Еурофарм Пелистер
Вечерва со почеток од 20:00 часот во спортската сала “Билјанини Извори“ во Охрид, ќе се одигра ракометниот Супер Куп, во кој ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Вардар е актуелен освојувач на првенството и Купот, додека Еурофарм Пелистер играше во финалето на Купот. Ова е петто издание на ова натпреварување, во кое Вардар доминира со три трофеи, ... Read More »
Ракометниот Супер Куп со директен пренос на МТВ-3
Утре на програмата е ракометниот Супер Куп, во кој ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Билјани Извори“ со почеток од 20:00 часот. Директен пренос од натпреварот ќе можете да проследите на МТВ-3. Read More »
Начевски и Николов ќе им судат на Вардар и Еурофарм Пелистер
Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, се делегирани за Супер Куп натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одигра во недела во С.Ц. „Билјани Извори“ во Охрид со почеток од 20:00 часот. Делегати на истиот ќе бидат Драган Начевски и Камер Металари. Read More »